Ќе побарам слика, не знам каде го гледав. Меко е, се става на седиште позади и има прерамки за безбедност. Како навлака доаѓа.
Мене ова чудо не ми е сејфти - безбедно за дете за недај боже бидејќи ги нема оние заштитници околу главата, а и додека да го наместиш на секое седнување бидејќи како што гледам не е фиксно, нерви ќе изгубиш зашто нели мрдаат, пипкаат кај што не треба...
Еве вакво е . А доколу не сакаш само долен дел има седишта на кој што кога ќе е поголем можеш да им го извадиш потпирачот и да седи само на долниот дел. Еве вака нешто
@LiliBoz на бустер можете да прејдете само ако ја има висината за да може убаво да се врзе со каишите од автомобилот.
Мислам дека треба барем 120 см да е висок за да го фаќа. Големиот седи на бустер од 5 години, сега додуша нема потреба од тоа, битно е каишот на градите да му лежи, да не е на вратот.
Мал е и за бустер и тоа со каишите. Иначе тоа со каишите е скроз небезбедно, читав на нет дека не е цврсто и не е одобрено со закон. Или земи седиште друго, на користење или купи, или бустер на крај краева.
Јас го имам ова за големиот. Се навалува една позиција. Кај нас и седиштето од колата е навалено и таман доаѓа. Значи кога ќе заспие да не му паѓа главата. Син ми е 4 и пол години, тежок е 16 кила, што значи уште доста ќе се користи. @LiliBoz јас вакво имам, од 9 до 36 кила, со една опција на прилагодување.
Седиштава нели се сите до 24 или 36 кила? Јас 24 кила сум била во трето одделение, а и малава е послаба, не верувам дека пред школо ќе ги стаса. Јас сменив од транспортер во седиште порано ос препорачаното дека е долга малку, па и штрчеа нозете од транспортерот. А зашто од детско седиште менувате на бустер (или без седиште сосема) на помала возраст? Не знам дали само моето седиште е такво, ама каишите што се од седиштето можам да ги тргнам скроз, и преку седиштето и детето можам со каишот од колата да го врзам. Многу посигурно тоа ми се гледа. Додека ја собира подобро во нејзино седиште него така во колата врзана.