Не се гледа дали штрчат нозете од транспортерот, туку главата, кога она ќе почне да штрчи се става дете у седиште. На мојов нозете му штрчеа може од 5м, а у него седеше до 10м. Инаку висок дечко имам. Јас со се слика отидов кај Ортопедот да види дали сме за седиште И сега му штрчат нозете од седиштето, ехехеее и тоа многу
Па и седиштето ми е свртено наназад, исто како транспортерот се легнува, така да среќа не сум направила голема грешка.
@emkaemka Ако е седиштето со 0+ опција тогаш свртено наназад и легнато е исто како транспортер. Транспортерот е всушност седиште за кола за мало бебе (група 0 и 1, односно до 9 или 15 кила). Јас бебе возев во седиште 0+ од негови 2 месеци па натаму. Транспортерот ниту бебе го сакаше ниту мене ми беше лесен за користење. Седиштето ни е 0+ со изофикс па е многу побезбедна опција од траспортер кој се врзува со каиши (а не се ипслати да се купи само траспортер со изофикс база). Е сега јас исто имам проблем како @LiliBoz. Седиштето ни е 0+ ама до 18 кила или некаде околу 4 години. За тежина ќе му биде добро и подолго, ама главата веќе му е при крај со висина. Ќе треба да купувам ново седиште од тие што се 9+ а не знам дали сакам да дадам многу пари пак за изофикс. Имаме бустер ама некако мал е за бустер за подолги релации (го користиме сега за сега како помошно седиште во втората кола за до градинка и назад понекогаш).
Знам, си кажа и членката, затоа и не продолжив да пишувам, не направила никаква грешка туку џабе пари давала за транспортер
Ние го имаме. Зависи колкави сте, според моја проценка ова седиште е за деца над 2 години. Како што ти пиша @irena.1 се навалува една позиција, доволно за да не му паѓа главата при спиење. Инаку, многу е убаво и се покажа квалитетно, лесно се пере...
Па транспортерот беше гратис со количката, и мислев долго ќе го користам, ама многу маваше со петите на работ, ми се виде мало, па викам ајде време е за седиште. Бидејќи седиштата беа 0+ и 9+, а малата беше 7 кила, земав од 0+. А и многу лесно заспива во кола, посоодветно ми беше да биде легнато, кога знам дека ќе задреме и ќе и падне главчето. И јас кога тргнав да купувам ја читав темата, пошо нели појма немаме со првиве деца, ама изгледа добро не сум дочитала. Пак ќе речам среќа не сум згрешила многу. Јас имам 2 сообраќајки позади мене сега возрасна, и една кога сум била неполни 2 години. Среќа што само со скршена рака и нога сум поминала. Безбедноста во кола ми е многу битна. Беља се прави за дел од секунда, а и најчесто сама сум во кола со малата. Ако треба нека се дупне од плачење, сакам да си е убаво врзана и обезбедена.
Се е многу индивидуално. Јас имам седиште за до 25кг, ќерка ми има 15кг, ама појасите не ја закопчуваат сега зимски период со јакна пуштени се скрос до крај и пак ја подгрбуваат. Затоа сметам подобро купи од старт до 36кг,ем покомотно ем подолго се користи
Истото тргнав да го пишам, башка што не е удобно, туку и од безбедносни причини не се препорачува да се вози детето со зимска јакна во седиште.
Не е, ама нема колата греење. Здравје после нова година во нова кола и по кратки ракави ќе ја возам. И мене ми е ужас да ја закопчам сосе јакна.
Да, за брзо се загрева колата и му соблакам јакна и го ставам во седиште. Ако сме дома дур го средувам сопругот ја пали колата и дур влеземе во кола е загреана доволна тт за да е без јакна. Ако сме излезени влагаме во кола со јакни, за кратко се загрева и му соблакам јакна ( во меѓу време е седнат кај мене во скут или на седиште во кола ) , го ставам во негово седиште и тргаме. Ако го оставам со јакна има да е жива вода испотен. Ова за подолги релации. А, за во градинка ( со кола за 5мин е таму ) со јакна е во седиште и не пуштам парно. Сепак не е -10степени сеуште. Парно во кола ретко да сме пуштиле периодов.
Софи, ние не збориме тука за долги релации или за сегашната тепература. Воопшто. Мене колата ми е на -1 на паркинг. Не е фрижидер кога ќе се влезе во неа, заштитена е од надворешна температура, ама сепак не е за гола да е. Ај и во кола така-така, ама надвор после кога ќе треба да излезе? Каде ќе ја облекувам? Дур ја облечам? Јас на седиште воопшто не ја седнувам (иако би ми била полесна опција да ја загреам), значи не е опција. На паркинг на отворено кога е? Сепак колата е ладна, а колку брзо да се загрева колата 5 мин ладно ќе е.
Мене и за кратки релации како до маркет или градинка и глупо ми е облечи соблечи да правиме, а и колата не се загрева толку брзо. За подолго да без јакна го возам секако. Инаку без каиши ни е седиштето со додаток напред кој се врзува со каишот од колата па немам проблем да не го собираат кашите.
Добро, јас не размислив од тој аспект, кај нас колата е во двор, на 2 метра од врата ни е паркирана и затоа не ни е проблем, мм ја пали 10тина мин претходно и го изнесувам без јакна и го седнувам во седиште. Онаму каде е покомплицирана ситуацијата верувам дека е терсене да правиш облечи-соблечи... Како и да е, ова е инфо што сум прочитала од експерти, дека поради волуменот на јакната не лежат добро каишите и дека при удар детето може да излета иако е врзано. Пред да прочитам никогаш немаше да ми текне на таа работа, затоа и споделив за оние што немаат прочитано.
И кога сме биле во таква ситуација сепак со јакна во седиште не го ставам од безбедносни причини. На самите упатства за седиштето си е потенцирано без јакна да е дете. Како и да е ја еве 3та зима така функционирам. Дур се загрее кола он ми е во скут и кола во место работи. Во меѓу време дур се затопли и постигне нормална тт го занимавам. Соблакам јакна и го ставам во седиште. Кога стигаме на одредена дестинација му облакам јакна ( 1мин работа ) и излагаме од кола. Кога бил помал и во скафандер исто така функциониравме само што го легнував на задно седиште и облакав скафандер. Сега со јакна последниве 2г ми е полесно. Еве и кај моите кога сме кола е на паркинг, а ние на 6ти сорат во зграда. Сопруг влага пали кола, а во меѓу време ние 5мин надвор ќе потрчаме и влагаме, му соблакам јакна и во седиште. Невозможно ми е во седиште врзан со каиши и во јакна. Ем ќе се препоти што е каде каде по лошо после надвор ќе го пресече ( ако во јакна се вози во седиште ) , ем ќе му е некомотно во јакна и сепак не безбедно. Сепак ете може има дечиња кој не се скледџии па нема да се препотат во јакна да се возат. Кога веќе би го возела во седиште со јакна, тогаш парно воопшто не би уклучила во кола. @Lolipop23 зашто терсене облечи соблечи. Па и ние возрасни како? Соблакаш и облакаш јакна 1мин работа. Така и на децава. Му соблакаш па облакаш јакна. По лесно здравје отколку да го препотиш во јакна во кола со парно и да е не безбеден при судар ( недај Боже ) . Малку по комплицирано е кога соблакаш и облакаш скафандер. Ама сум го легнувала на седиште како бебе и пак за 1мин е облечен/соблечен.