1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Посебно седиште во автомобилот за деца

Дискусија во 'Дете' започната од wolf4e, 5 септември 2010.

  1. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.189
    Допаѓања:
    10.810
    Пол:
    Женски
    Заборавате еден момент. Јас најчесто сама сум во кола со малата. Јас возам, она во седиште. Колкава и да е релацијата нема облечи соблечи на пола пат. Ниту можам да се симнам во кола пред искачање да ја греам 10 минути. Сосе јакна си ја местам.
    И да сум со маж ми, јас се возам напред, не назад со бебето. На пола возење од седиште не ја вадам.
     
    На emkaemka, happygirl, Chantal и 4 други им се допаѓа ова.
  2. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    А, дали го прочита упатството кое иде со само седиште или ете на гугле да читнеш колку не безбедно е бебе/дете во седиште со јакна/скафандер? Многу по не безбедно од да се држи во раце/во скут при возење.
    И зашто на пола пат облечи/соблечи? Тоа се прави пред тргање и кога застануваш на одредена дестинација. Влагаш чим си само со дете и загреваш кола ( дете или во скут или на седиште дур загрее кола 5мин работа ) го соблакаш ставаш во седиште и тргаш. Застануваш, се префрлаш позади го вадиш од седиште и му облакаш јакна и излагате. Зар и ти со јакна си во кола загреана на пр. 25степени? Ја нит би можела да возам со јакна на 25степени нит сувозач да бидам.
    А, кога сме со сопруг заедно во кола секогаш позади седам до дете. Никогаш напред од причина да му правам друштво на дете, си муабетиме и збориме ( види зграда, семафор, пешачки, дрво, ѕвезди итн ), па ако го фати неговиот момент да сака да стане од седиште тука сум да го смирам итн. И недај Боже да дојде до судар/удар тука сум до него. Скоро не плеснаа од позади па му задржав глава и го смирував. Замисли напред да седев.
    Секогаш сум позади со него кога сме со сопругот заедно.
    Затоа е убаво да се прочита само упатство или на јутуб/гугле да се види која е опасноста кога се во јакна/скафандер. Не само што може да излета иако е врзано во седиштето, туку и од притисок на гради од удар со каишите ( сепак јакната дава лажна безбедност и не можеш убаво да прицврстиш со каиш и да имаш 3/4 прста луфта ) и опасност од гушење. Подетално има видеа и слики на јутуб, гугле и упатство за седиште.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Во моето упатство немаше назнака да се вози без јакна?!
    Каишите ми се доволно долги и јас со јакна да се врзам.
    И јас често сама ја возам и не знам како би греела кола. Едина опција е да ја седнам на седиште и грејачот да и го пуштам, па така соблечена да седи.

    А и не гледам како ќе излета детето ако е со јакна, а убаво е врзано со каишите?! Дајте некое видео.
     
    На lovely girl M, ocicka2014, emkaemka и 5 други им се допаѓа ова.
  4. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.507
    Допаѓања:
    144.212
    Од кај што маки тргаме за да го облечам, па да правам соблечи облечи за дестинации 2 мин, нема никаква смисла. А со кола до градинка не ни е ни толку. Повеќе време би го облекувала и соблекувала од колку што се вози.

    Впрочем го собира и со јакна и врзан. Не гледам некој проблем тука.

    За долги дестинации, т.е некаде за на пат се разбира не се вози у јакна, го раскомотувам.

    Ама за низ град не. Сите дестинациии не ни се подолго од 5мин.
     
    На mariz, Coco31, emkaemka и 4 други им се допаѓа ова.
  5. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    https://www.yumama.com/dete/1-3-god...i-zimska-jakna-moze-da-ugrozi-decji-zivo.html

    https://mondo.rs/Magazin/Porodica-i-roditeljstvo/a1051120/deca-zimske-jakne-auto-sedista.html

    https://www.krstarica.com/zivot/dec...u-u-auto-sediste-u-zimskoj-jakni-evo-i-zasto/

    Да не ги редам има премногу видеа и статистики зашто деца во јакна не смејат во седиште да се возат.
    Значи не смее дете во јакна во седиште. Му се загрозува животот.
    Многу по не комплицирано и по безбедно е да се најде алтернатива како што погоре во постовите пишав со облакање/соблакање отколку да се деси недај Боже некоја будала да закочи пред вас или да ве лупне од позади или странично ( сепак колку и да возите вие безбедно друг не вози ).
     
    На lovely girl M и slobodka им се допаѓа ова.
  6. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    Дај Боже да не дојде до некоја ситуација судар па тогаш може ќе се практикува и на релација од 2мин возење облечи/соблечи. Изглеј некој видеа зашто не е безбедно па после ќе ви е јасно колку е не безбедно со јакна во седиште да се вози. Па крај краја и да е на 2км градинката знаете дека и куче да претрча да го идрите е подеднакво силен удар како кола со кола во вожња од 30/40км на час.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Исто и јас :) не можам да ја облечам, не па облечи, соблечи да правам :lol:

    За долги релации секако друг е муабетот, брзината на возење и сл.

    @sofi2107 видов. За низ град ми е тоталка безвезе. За на отворено секако сме без јакна сите во кола.
     
    На mariz, Spidy, duffi и 2 други им се допаѓа ова.
  8. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    Кукла и ја го делев твоево мислење се дур не ги видов видеата. И на релација од 5-7км низ град сепак е без јакна. Ја внимавам да, ама со оглед на шофериве нис СК и коли низ градскиве улици сепак не си на чисто и на мала релација да те акне некоја будала од страна, позади па и да ти закочи нагло пред тебе зашто некоја будала претрчува булевар или куче претрчува. Сведоци сме низ градскиве улици на вакви ситуации секој ден. И на удар со 30брзина на час се дешава вакво нешто на дете. Ете самото видео е на удар со 30км на час што се дешава, а не па со 60-70км на час. Недај Боже. Секакви будали возат низ градов и секојдневно има собраќајки.
     
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Точно е дека секакви не има.
    Ама не знам јас сама кога сум како да и правам соблечи, обчечи. Кога да загревам кола, кога да возам.. Јас за мене дур не се загрее колата си пуштам греач. Е сега јас со згреан газ :rofl:, а детето распиштолено. По мене се водам. Чим мене ми е ладно и нејзе и е.
     
    На sofi2107, duffi, Sexybaby86 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    За низ град и на кратки релации секако ја возам со јакна. Ја собира во седиштето, каишите се доволно долги, па немам проблем со тоа. И јас сум со јакна за навака натака, не се соблекувам и облекувам нонстоп, нити па ми е топло за без јакна.
    Друго е на пат кога се оди, тогаш сите сме без јакни.

    Идеално би било секогаш да имаме време да загрееме кола, ама да не се лажеме, случајот е дека 99% од времето немаме.
     
    На Coco31, emkaemka, Spidy и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.189
    Допаѓања:
    10.810
    Пол:
    Женски
    Каишите ги местев според неа во тренерка, и сега преку јакната се мачам, ама не ги разлабавувам, така ја врзувам. Маж ми вчера ми коментираше зошто е толку стегната. Лабави каиши е исто и како неврзана, ако не е и полошо заради лажна сигурност.
    Ова дека не смеело со јакна да се вози од безбедносни причини првпат слушам. Упатството го прочитав, не се сеќавам на вакво нешто, баш ќе проверам. Во право си дека побезбедно е без јакна и убаво стегнато, тоа од чиста логика ми е. Ама кога качувам дете во кола 2-3 пати на ден сама, за релации од максимум 15 минути, ни на крај памет не ми е да ја чекам колата да загрее. Побрзо ќе стасам до дестинацијата отколку што ќе загрее колата.
    А за да ја запалам и загреам колата, треба детето негде да го ставам. Значи да ја врзам во нејзиното седиште, јас не знам како би седела на возачко седиште со воланот и детето. Не можам да ја соблечам претходно пошо е ладно. Па да загреам, па да изгасам колата, па нејзе да ја соблечам, пак да ја врзам, и да тргнеме. Може дека имам постара кола, па некако ова ми личи дека пола саат ќе одземе.
    А мислам дека веројатноста е огромна во тоа облечи соблечи повеќе пати на ден е огромна да настине. Па друга беља. Добра си е вака. Стегната до даска, нема кај да мрда, за кратко стасуваме и готово.
     
    На mariz, Sexybaby86, Chantal и 2 други им се допаѓа ова.
  12. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.007
    Допаѓања:
    5.523
    Ептен се претерува значи. Носам дете сама на 1км е градинка. Не знам како да стоплам кола да го соблакам па облакам. И јас кога возам до работа со јакна возам сигурно не се соблакам по кошула. За долг пат е друг муабет.
     
    На duffi, emkaemka, Black girl и 4 други им се допаѓа ова.
  13. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    На безбедност секако пазам. Дете во раце еднаш нема седено. Каишите се наместени како што си беа и летово и сега со јакна.
    Ќе го тинтариш облечи соблечи кога си со едно. Ами со две деца не е изводливо. Сама со две мали деца нема шанси да го правиш маневарот што го опиша Софи. Ниту пак имаш место да седиш позади со нив.
    За подугачко патување секако се соблече и како и јас.
     
    На Kitten, duffi, emkaemka и 3 други им се допаѓа ова.
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.070
    Јас исто со јакна за низ град. Кога патуваме нормално не. Ортопедот ми има кажано дека не треба во јакна/скафандер,знам,ама во пракса е друго.
     
    На duffi, Coco31 и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  15. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Исто во јакна за низ град, најдалеку што се возиме е 4км. Еве 6 нека се. Појасите ги подесеувам секогаш кога има потреба, односно зависи како е облечена.
    За подолг пат, соблакам, на предходно загреана кола.
     
    На lovely girl M, duffi, Coco31 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.731
    Допаѓања:
    72.636
    Пол:
    Женски
    За низ град со јакна се, нема шанса зимно време на минуси за некоја кратка релација во град да ги расоблекувам. Колата е во двор и во неа е камен.. и што треба на секое 15мин порано да излезам да ја стоплам? Овој период се во потенка јакничка (шушкавец или како меко кебенце јакна), а во зима на минус кога ни 50км на час не се вози дека е подмрзнато, нема потреба мислам да му соблакаш јакна за релација од 5,10мин. Ако одиме некаде подалеку на патување, зимување, е тогаш излегуваме затоплуваме кола и без јакни ги седнуваме.
     
    На duffi, kukla21, Coco31 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    27.782
    Пол:
    Женски
    И јас за низ град го возам со јакна. Релациите низ град и се ептен кратки. Градинката ни е на 2 минути возење ако има и толку. Баба и дедо се на 5. За други работи одиме пешки.
    Ова со загревање на кола е невозможна мисија. Обично излегуваме на брзање од дома и побитно ми е да испие смути забајле отколку јас да трчам да греам кола. Плус греењето кола значи дека секогаш треба двајца родители да се влечкаат во кола за да биде загреана кога ќе дојде детето да влезе во загреана кола. Со нашето темпо на живот тоа е малку невозможно. Многу често само еден од нас е слободен да носи дете во градинка и да го зема и правиме план кој носи, кој зема.

    За подолги релации секако сите сме без јакни во кола. Тогаш загреваме кола или возиме до прва бензиска и до таму колата се загрева па сите се соблекуваме.
     
    На mariz и duffi им се допаѓа ова.
  18. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    21.740
    Пол:
    Женски
    Тие што имате фиксни седишта за децата, без навалување на наслонот, како спијат децата во нив?
     
  19. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.629
    Допаѓања:
    104.398
    Пол:
    Женски
    Седечки :D
    Моето не е фиксно, ама е 9+ па не се баш навалува, па спие некако во полуседечка :smirk:
     
  20. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    7.314
    И јас сум сама со Антонија најчесто, не ја возам со јакна, ја седнувам и врзувам без јакна и кога е поладничко ја покривам со ќебенце. Стигаме на дестинација одврзувам каиши и облакам јакна и ја вадам од кола. Еднаш ја возев со јакна жива вода ми се направи во главата и вратот и така полошо е, ако дувка ветре одма ќе ја пресече. И ортопедот ми нагласи никако јакна во седиште.

    Туку сега ќе менуваме од транспортер во седиште и се мислам какво да купиме. Антонија е 8кг. Да земам 9-36? Ама потребно ми е некое што се навалува за спиење, бидејќи одма ми заспива во кола. Некој предлог?