Има седишта што се навалуваат, а се од 9-36кг, само треба да побарате, оти ретко ги држат. Ние зедовме од 0-18кг, до три години би требало да ви служи. Но зависи и од конституцијата на детето. За малово уште тоа го користиме, има полни три, во висина му е мало, па треба веќе да се префрламе на поголемото од 9-36 кг.
И јас барам сега седиште за син ми, има едно што мн ми се допаѓа од Чико е од Енци менци. И продавачките мн ми го пофалија.
Јас имам на Лорели и има 3 нивоа за навалување за спиење а и тоа е од 0-36 кг така да ти препорачувам
Имам сличен како тој со црвено од 0-18кг купен пред две години. задоволна сум, се навалува за спиење и каишките се долги.
Додека да загреам кола, веќе сум стигнала Им соблакам на децата јакни за возење во кола но само ако сме заедно со маж ми. Сама кога сум нема шанси. Едно дете да спастриш, друго, количка да собереш и утовариш, торби/ранци.. А пак кога беше помалава бебе со тоа скафандерот...траги-комедии сме биле. Еден држи бебе под мишки, друг натнува скафандер на нозе. Кузнај колку сме ја измрзнале зимоска, можда затоа малце малце па болна беше. А место за да ја легнам во кола немаше. Среќа сега поголемава е голема, па знае и сама да си соблече јакна додека јас нешто друго работам и ме чека само да ја закопчам.
Можеш да побараш на пазар3. Јас земав за мајка ми од таму, веќе имавме едно седиште за нашата кола, па затоа купив сочувано за 1000 денари од таму. Дури и малово поише тоа седиште го сака, ептен се погоди.
Кога ги префрливте од транспортер во седиште? Нас ортопедот не советуваше да биде во транспортер додека не го израсне, главата да му иде над, после тоа седиште. Ама бебе многу почна да плаче во транспортер, а уживаше пред тоа никогаш не се бунел. Сега се подига скроз само што ќе го ставам се врти лево десно и плаче. Мислам дека му е тесно, како едвај да го собира. Имам на Лорели за од 9кг,бебе веќе има 9кг. Сеуште нема наполнето 7месеци. Рано е, или може веќе во седиште?
И јас негде на 7 месеци ја префрлив во седиште. Меѓутоа седиштето ми е 0+ и ја возев во позиција како транспортер.
Секако дека можеш ако седиштето има прилегната позиција. Свртен со грб накај возачко. Мојата никад не седна во транспортер се мислам дали до толку беше неудобен и тесно и беше буквално вриштеше секој пат. Во седиште со цртани седи.
Дете скоро 5г, 25кг и 120 висина, океј е веќе за во бустер? Колку е тој безбеден? Airbag има позади и на седиштата и на прозорите.
Мало е бебе за да седи во седиште 9+.. Ако имаш можност пробај напред стави го транспортерот со исклучен аирбег, на совозачко, мислам така ќе добие повеќе видик. Јас така најчесто го возев бебе мое, најчесто и сами се возиме, па баш му значеше што ме гледа за да биде мирен. Скоро купував бустер и во Бебехом продавачката ми нудеше еден што е од 3-12г, од 15-35кг. Ништо посебно не беше, обичен, па и евтин, +/-1.000ден беше. Не знам од кога се ставаат во бустер, лично 3г ми е мало и не би ставила, околу мене децата ги ставаат на 6+, блиски со баш високо и крупно детенце исто на 6г го ставија..
Мал е уште Мариз, од она што имам читано барем 140см да има. Ние е време да купуваме второ седиште за ќере. Кажете некое да не е многу скапо 5-6000 денари максимум, од 9кг до 25кг или 9кг до 36кг, ама да има добар наслон за спиење. Син ми има на Грако, супер е, удобно, безбедно, ама наслонот му е многу благ и за спиење главата постојано му паѓа.
https://www.babyartikel.de/marken/j...MI7_rGmcz55wIVEuR3Ch21nwHGEAAYASAAEgLmXfD_BwE Јас од оваа фирма имам и количка и седиште и сум презадоволна. Удобно со три наклони. Чим ќере седи се е океј. Имам и друго за мојата кола али тоа нема наклони за спиење и е потврдо. Се сеќава разлика во квалитет голема.
На бустеров што ни го дадоа (тетка ни го подари, нејзиниот дечко е веќе голем), има вака 15-25, 25-36, Ама за висина не знаев.. Мојов е како 6,7г дете со висина и килажа. Има он вакво, се поседува и ширина и висина.. малата има едно од 0+ до кај 25кг, па мислев тоа да го користиме уште малку (зашто ептен е незгодно, ме нервира, ке до продадам или подарам) и да ја ставам после во ова chicco на синко, а синко во бустерот. Или пак синко во ова да си седи, а на неа да и купам ново исто вака што се поседува и висина и ширина, да го користи до голема Мислам вторава варијанта ми е поубава. Незнам зашто бустерите не ми изгледаат безбедни. Иако еве денес се возеше синко во него и му е таман, ама шубе ми е дека нема од страните ништо...
Сака, сеедно му е си седи и во седиште и во бустерот од скоро. Објаснив горе пред малку да не повторувам се. Ни подарија бустер ама ми е шубе, како да не ми е таму безбеден...