По долго шетање барање ние вчера оставививме капар за ова седиште за бебувче. Мислам дека е ок, пошто не планираме транспортер да зимаме, станот ни е мал а има така премногу гаџети за бебиња па мора да ликвидираме некој работи.
Ти ова озбилно?! Споредуваш ние кога сме биле деца и сега? Па ние кога бевме деца, немаше секој кола. А сега минимум по две коли на семејство му доаѓа. Сега кој стигна стана возач, ретко кој вози внимателно, сите брзаат некаде. Нормално дека детето задолжително ќе го ставам во седиште, па кој што сака нека вели. Безбедноста е на прво место!
најозбилно, имам и седиште и транспортер! али дека и во денешно време може и без тоа и тоа, може, еден куп примери знам
Со здравје да си го користите и ние имаме исто само розево , од Чиполино имаме и седиште и количка и сме презадоволни
Седиштево е од 0+ ?? Мене ми личи како да е за над година. Во секој случај се надевам дека знаеш дека до година дена на детето, мораш да го возиш во обратна насока свртено, односно со грбот на кај возачот, и дека ова конкретно седиште може така да се постави во колата. Јас имам и транспортер и седиште за големата, и мислам дека не треба да се штедат пари за такви работи. Транспортерот максимално искористен, и иако имаме мал стан нас ептен ни се најде и за дома и за возење во кола.
Не станува збор за пари воопшто ама од што сум разговарала со мајки тоа е нешто што е најмалце употребувано. Ме ставаш сеа на мисла за транспортер, ми понудија 3 пријателки да ми го дадат на користење а не сакав да го земам од проста причина што јас би требало да се породам почетокот на септември, ке го вадам пред зграда и до педијатар па после ке залади кај ке одиме...стварно не знам дали да земам а за седиштето пишува (Suitable for children weighing up to 18 kg, groups 0+ and I (approx. age 0+ months to 4 years). Значи мора и може да се стај обратно супер пошто никој не ми имаше кажано. тнх
Попрактично да ти биде на почеток е да биде во транспортер ,бидејќи малото ако уште од старт го ставиш во седиште кога ке одиш на гости (па и на педијатар да е само ,како во раце ке го носиш,полесно е во транспортер)треба да го вадиш па или во транспортер или во количка да го ставиш,само вади стави ке ти биде мачно. Јас во транспортер го ставав до 6 месеци се дури не почна сам да се крева и подисправува,сега поубаво му е во седиште има две положби една седечка и друга лежечка кога му се спие. Така да види и ти олесни си ја работата и ако ти понудиле транспортер веднаш да си прифатиш види како ќе биде со него па после здравје ќе си купиш и седиште .
Абе може не викам не, на пример живееш во село со една улица и пешки си се шетате нема да ти треба седиште за во кола па и без количка можеш да поминеш. Мислам без се се може ама ако веќе своето дете го вклучуваш во сообраќај осигурај се да ги минимизираш шансите за негова повреда.
Јас сум за седиште да се набави поради безбедност и чиста совест.Иако недајбоже се деси не е пресудно седиштето ..Пред извесно време возев во мојата кола пријатели со нивното 2год детенце .Мислам дека животот ми се скрати за 1год возејки ги кратка релација.Детево сакаше да стои позади измеѓу 2те предни седишта .Јас несакав да бидам лош но морав да го спречам тоа ...Никако да седне нормално или да го придржат во скут мрда како црвци да има ..Никогаш не би дозволил свое дете да го направи тоа.Од малецко ке биде научено на ред и дека има посебно седиште за него додека е потребно макар и 1 цела плата да биде потрошена за тоа.Разбирам дека е дете и сака да биде се по негово но неможам да ги разберам родителите што не се одговорни и прифаќаат ризик за можна несреќа на своето најмило .Кај нас сеуште се гледа на луксуз на таквите работи,тоа е мн штета а дококу дојде до нешто несакано не се бира начин и средства кој се ке биде обвинет и колку тогаш ке се потроши .
Штом имаш од каде да земеш транпортер, зимај и не се мисли. Баш како кажа leo-n-tina, до ваму до таму ќе ти треба. На почетокот додека имаше малото грчеви само во него се смируваше. Не знам кои мајки ти викале дека е најнепотребано, еве лично на мене и на моите другарки, колешки, сестра ми, золва ми, ни се најдоа транспортерите многу. Ама ако гледаш и така секој гаџет за бебеињата се користи по околу 6 месеци, ама пак си ја врши фунцијата до максимум. Пр. релаксатор од 4-9 месеци, столче за јадење 6-15 месеци, дубак 8-12месеци, јампер 8-10 месеци, проодувалка 7-10 месеци, оградица 6-12 месеци. Седиштево е гломазно да ти седи во кола свртено наназат, и не знам колку би било сигурно така да го возите.
Супер, значи да си го земам транспортерот. Што убаво имаш опишано за кој месец што ти треба хахах ке ни се најде на сите убавиов одговор А за седиштето хахах имам дадено капар пошто ми беше страв да не го снема бидејки со количката го имав искомбинирано во истите нијанси и сеа ако го употребувам од 5,6 месеци кај ке ми стој се зезнав малце изгледа...
Твоево седиште после 10 месеци ќе го биде. Бидејќи НАЈрано тогаш можеш да го свртиш бебето со лицето напред во кола. До тогаш се вози во обратна насока, бидејќи не може убаво и стабилно да ја држи главата, на најмало кочење моше да се случи чудо. Нели кога кочиш главата ти оди нанапред, ама ние имаме сила да ја задржиме, ама бебињата уште ја немаат таа сила, и се препорачува обратно да се вози. Моето има 7 месеци и уште ја возиме обратно свртена, во транспортер. Големата во седиште такво како што си ставила, од 0+ ја ставивме на годинка. Знаеш и тие се малку гломазни кај бебенце ќе го ставиш во тоа. Јас имам вакво и тој внатрешниот дел е многу мек, ама сепак не е удобен за мало бебе. Ако погледнеш во описот и на моето пишува од 0+, ама дефинитивно не е за од 0+, туку за над 10 месеци, минимум. Јас да ти кажам, бидејќи и сум возач и знам колку лудо и неодговорно возат сите, безбедноста на децата ми е најважна, и сакам да те посоветувам и тебе - најдобронамерно!! http://www.encimenci.com.mk/proizvod.asp?id=792187000&kat=4&sn2=28
vo amerika ako nemas takvo sediste nema bebeto da ti go dadat se dodeka ne stavis inaku ima i od chicco kolicka so transporter treba da e okolu 300 e
Задолжително! Јас малата од бебе до 12-13 месеци ја возев во транспортер (се погоди големината така) со тоа што помала свртена обратно од правецот на движење, а од 12 месеци ја свртев кон правецот на движење. Затоа што си е од бебе ставена така, прифаќа без проблем. Сега се вози во седиште за нејзина возраст, прво за неа е побезбедно така, второ и поудобно е, па замислете да седите на топлово со дете во раце во кола?! Ќе го збудалите сиротото. Да не зборувам дека веднаш се опушта кога ќе ја сместам, мислам дека може за 5 минути да заспие од што и е удобно. Јас ја ставам во седиштето и за низ град, и за кусо возење и за на одмор одење. Нема исклучок. И кога така ќе се поставите и детето го прифаќа тоа. А седиштава за во кола некој ги направил за да се зголеми безбедноста на детето во автомобил, не за пари да му земе само некому. По светов се задолжителни, а кај нас мора сијаличка резервна да имаш , ама не мора бебе/дете да обезбедиш кога го возиш.
да треба детето да си има свое седиште многу е посигурно,ама искрено да ви кажам ние воопшто не го користевме бидејки не отпатувавме со детето на подалечна дестинација а и најверојатно менталитетот ни е таков па немаме уште створено навика за тоа
Јас уште сум 5ти месец трудна и веќе имам седиште и транспортер. Без седиште никако. Не можам да ги раберам родителите што им дозволуваат на децата да стојат за време на возењето. Или пак тие што ги држат на предно седиште Спојлер (некои дури и од страна на шоферот) Зошто бе? Толку ли и е тешко на мајката (или таткото) да седне на задно седиште? Не сакаат да бидат пола метар плус (ако и толку) од партнерот или што? Или не приметиле какви лудаци возат низ град?!!!!
Transporterot ne e samo za dolgi relacii,transporterot treba da se koristi konstanto,chim vlaga dete vo kola se znae kaj treba da sedi,toa e za negova bezbednost,a ne samo za ekstremni sluchai da se koristi(koga se odi samo na odmor)