Да. Препораките е до 2 години во некои земји до 4 години. Кај мене е голема и се нервира со нозете и морав напред да ја свртам сега е помирна.
Мариз, веќе 5 год мислам дека е таман за бустерот, веќе е голем па сигурно не заспива кога патувате. Јас го зедов за мојата, а е 2г и 13кг. Го користам за кратки ралации и не ми заспива. Си седе, подигната е со него и врзана е со каишот, ми делува стабилно. Најмногу го зедов за да не го преместувам седиштето од едната во другата кола( кога патуваме во таа кола во која што нема седиште), а бустерот ќе го користи кога ќе го надрасне седиштето.
https://www.babyartikel.de/prod/joie-reboarder-kindersitz-verso-slate Вакво. До 36 кг се користи потпората за главата се крева. Плус твојата е слабичка таман ќе и биде и странично.
И моето никогаш не сакаше да се вози во транспортер,па можеби во седиштето ако е свртено напред ќе сака. Иако,генерално не сака да се вози, првин се убива плачејќи и накрај завршува на цицка.
Закачив на предно седиште за таблет торба кабел поврзан и Кокомелон. Во раце играчка/млеко/смоки и издржува саат и половина тоа и е макс до сега. Во недела идеме на пат од 4 саати кој знае како ќе биде.
@Мариаа. бебе од 7 месеци не смее да седи во седиште 9-36 кила зашто нема доволна контрола сеуште на вратни мускули. Мора да седи свртено наназад и во малку подлегната положба. Затоа с епрепорачува барем до 15 месеци да се возат свртени наназад. Ако седиштето има опција да се монтира свртено наназад тогаш може да го возиш според упатството на седиштето. Инаку не. Ќе мора во транспортер или седиште за кола кое е прилагодено за возење наназад. @hello-kitty.90 има седишта за во кола што се 0+ и тие се местат свртени наназад. Ние во такво го возевме детето од 3 месеци па натаму. Сеуште е во истото седиште само што сега седиштето е нанапред свртено и прилагодено за возраста. @FreeMind за 4 саати вожња секако треба да правите пауза еднаш по препораки за возење дете. На моето и му треба инаку повраќа. Така што 2 саати па пауза па уште 2 саати и ќе стигнете.
@JoyJoy пауза секако али како после ќе ја вратам на седиште пискот ќе биде. Ајде ќе се наоружам со цртани и играчки.
Постојат, Макси коси е нашето и се мести на пет позиции. Го купивме околу 16000 ден. Треба да разгледаш има и поевтини и поскапи со повеќе позиции.
Ќе ја залажеш со цртани и играчки. Нема друго. Можеби ќе треба да потрпите и малку плачење. Ние темпиравме да патуваме барем дел од патот кога му е време за спиење па да си заспие инаку маф ни е работа. Сега е поголем па играме игри во кола (од типот на буквата на буквата и такви некои). Ама и навикнат е веќе така што не е проблем. Се осмелуваме дури и да одиме со кола за неколку месеци на пат од 7-8 саати па ќе видиме.
Седиштата за во кола минат тестови за издржливост при удари. За да стасаат со пријава на тоа тестирање треба да имаат мин квалитет. Потоа се тестира седиштето од специјализорани институции како адак. Се мава од сите страни и се добива оценка. https://www.adac.de/rund-ums-fahrzeug/tests/kindersicherheit/kindersitztest/ Ако не го видиш името на производителот на листата тоа седиште нема критериум ни за тестирање. Ако тргаш од безбедност.
Вакво како првото нешто слично има исто во локо кроко на кика бу уште поевтино е од ова (околу 3300 мислам беше) и за нијанса поголемо некако ми се виде.. баш го гледав и јас и ова на интернет ама оди во живо друго е да си видиш.. а баш гледав на енци менци страната има попуст на едно седиште (не знам како се викаше) исто вака се прави и како бустер само плус и се легнува за спиење.. тоа некако највише ми фати око за кога одиме на подолги релации да може комотно да спие И да попустот во енци менци беше до 09ти март..
За седиштава мене ми имаат кажано дека сите кои се во продажба ги имаат поминато безбедносните тестови. Впрочем, мислам дека сите и имаат налепница или етикета за тоа. Мислам дека не смеат да се продаваат ако немаат сертификат. Цената ја одредува марката, материјалот, функциите, ергномичноста итн...
http://www.libertabebecentar.mk/relaksatori/sedishta-za-vo-kola/sedishte-za-kola-flip-primebebe Ние вакво му купивме на синко, и презадоволна сум. Тој уште од старт ужива во возењето, до 1 година се возеше во транспортерот наназад свртен, а сега е како голем дечко Си разгледува и после некое време си заспива без проблем.
Здраво детето е 7 месеци дали смее да се вози в кола со транспортер? Каде можам да најдам совети како и во што треба да седи дете в автомобил? ( седиште од кога до кога, смее ил не в транспортер- до колку месеца и како се мести положба, во/до родител, на што да се внимава при купување седиште, како да е свртено седиштето и слично)? ( не е се разбирам за тие работи , а мајката на детето ич, затоа секој совет е добредојден)