Па еве темава е полна со информации. Можеш од раѓање да го возиш во транспортер (а има и специјални седишта 0+), заклучно до наполнета една година, свртено наназад, да гледа кон задно стакло. После една година може во седиште но од соодветна категорија, според килажа. Тогаш веќе може да се сврти во правецот на возењето. А тоа дали ќе седи родител до него, зависи од вас, тука нема правила
Смее да се вози во транспортер де додека не му излегува главчето. Ноџињата може да висат,главата не смее. Најдобро е седиштето да е со изофикс за убаво да се прицврсти во возилото,но прво да проверат дали имаат опција изофикс во возилото. Седиштето се мести позади совозачко седиште.
Сакам да те прашам за мислење за седиштево од Chicco, дали е практично, дали се навалува наслонот доволно за да дремне при возење? Некако неможам да проценам од сајт гледајќи, а ми се допаѓа што се подесува по ширина....
Јас го имам на Chicoo Yuniverse од 9 до 36 кг, и сум задоволна. Се подесува наслонот на две висини, на малата и е таман едната висина за спиење. Од другата висина слободно си разгледува.
Не се мести за спиење.. А ширина, висина да. Ама задоволна сум, не е мрднато, перено (лесно се вади цела навлака), супер е.
Дали знаете дали има опција да се купи само базата за изофикс? Седиштето што го имам нема изофикс зошто кога го купивме колата немаше таква опција. Сега оваа има, па дали има шанси некако да се прилагоди, или траскам глупости?
Не сум стручна, ама мислам нема таква опција. Базата е фиксна на седиштето и не гледам како би се поврзале едно со друго. Не ми се познати овие брендови. Вака на око, првото би го зела Ако си ги видела какви се, така бирај. Веројатно си им ја проверила безбедноста.
Јас пред 3 години купив вакво седиште што се навалува скроз, да знаеш само дека ептен се наоѓа за по пат оти дете кога ќе заспие не му виси надоле главчето. Е сега тоа седиште две години го користев и купив ново оти веќе не ми го собира малиот , ама кога видов сум одбрала седиште со помала килажа. Сега новото е до 36кг и е подобро. Купи го најефтиното мој совет само да е за до поголема возраст. Преквалитетни се, моето е околу 9000 купено и не мрдна до сега.
Ги немам видено сеуште на лик како се и мене првото ме бендисува најмногу. Како да проверам безбедност? Јас па мислам штом се во продажба сугурно се безбедни и по стандарди Првото е 9600, Второто е 8600, а третото е 6000. Сите овие се од 0-36кг. Ти какво имаш од каде го зема? Тоа до 36кг.
Ооо не, второво е обично, не е со легнување и е околу 4000 . Прескапи ми беа да ти кажам... Првото мислам од Енци Менци го купивме, имаш таму. Штета го утнав моето, од таму ја купив и хранилката исто е на подесување со спиење горниот дел, се што сум зела е стварно скапо ама е квалитетно. Ѕирни ги и нив. Веќе ако си спремна да дадеш 8000/9000 Енци бар е докажана. Јас се разочарав малце од Локо Кроко, од бебе купувам скоро се за малиов мој, ама нешто во последно време не сум баш задоволна од исходот...
Барај во спецификација на производот дали го има ECE R44/03 или ECE R44/04 стандардот за безбедност. Тоа е Европски стандард за бебедност на детски седишта и гарантира дека тој модел на седиште ги поминал сите тестови за безбедност на стандардот.
Локо Кроко и Енци Менци ти е исто Само во второво има чико, па мислиш кој знае што нудат. Исти газда и се што не е чико исто ти се фаќа @ocicka2014 види што сертификат имаат за безбедност.
@ocicka2014 јас имам седиште на Кангару кое се навалаву во три позиции. Од 0+ до 25кг е. Со сертификат за безбедност е ECE R44 . Тогаш го земавме од Лотус. Гледам често ми излегува на фб низ страни за бебиња. Мислам беше околу 6000. Меко е и убаво изработено. Тогаш тргнавме по Чико, ама жива пластика ми се виде. Како да седи детето на тврдо, не на мекано.