Од бебесупермакет, го немам земено сакам да го видам на лице место прво какво е не ми се дава толку мн паари на не видено. Ова е такво со изпфикс и се навалува и друго имаат 1000ка поевтино.
И колата треба да има изофикс. Не секоја кола има. Инаку дете напред седење од 12 години нагоре. По закон ова. @CrazyGirl15
Јас имам на Chippolino 4 in 1, и сум презадоволна. Искрено кога купував не бев ништо упатена. Го земав бидејќи ми се беше бендисало на изглед, шарено е детско. И тогаш продавачката ми кажа дека тој модел 4 вп 1 има буквално се што може да има детско седиште и го земав и супер се погоди. Го возам бебе сама уште од почеток. На еднп копче се спушта во полулежечка положба за кога ќе спие, дури и во возење можам да го спуштам. На почеток го возев завртен на назад, кога почна самостојно да седи и цврсто да држи врат, некаде на 9 месеци ортопед ми рече можам да го завртам напред. Има повеќе додатоци седиштето, кога беше бебе имаше еден сунѓер и бебе беше ептен цврсто. После го тргнавме и е беше послободен да врти глава. После година тргнавме уште еден дел. Си има упатство што и како до која возраст се користи. Битно дека гп користам од 0 месеци. Коа ќе се спушти е како транспортер положбата. Инаку совет за тие што во плакаат во седите, има на али експрес еден куп ефтини играчки пто се лепат на прпзор, се закачуваат нарпед на седиште....па земете такви за занимација коа ќе ги возите сами. Исто имав нарачано од ибеј и играчка огледало. Коа бебе беше завртено на назад да гледа, тоа го закачив на седише за да можам да го гледам во лице Еве вака
Од кога ги седнавте дечињата во бустер? Не сака да седи веќе во седиште. Нема начин да ја ставиш. А позади, врзана за каиши си седи без проблем. Е сега каишот и доаѓа малку кај главата и некако не се осеќам безбедно така. Ретко се возиме, па ај некако поминуваше ова, ама не е безбедно и не сака да се учи така. Се знае дека треба да седи во седиште. Или можеби подобра опција е некое од седиштата од 15кг+?
15+ мислам дека се само бустерите. Можеш да видиш има едни седишта во една положба се само за седење и им се вади потпирачот и останува само долниот дел за седење (бустерите). Јас мојата ја возам со бустер и едниот дел од каишот и оди отпозади бидејќи како што викаш и оди над рамото ( во висина на вратот) а другиот дел околу половината и ја закопчувам. Но во него се вози поретко и јас седам со неа отпозади.
Има и седишта 15+, не многу, ама има. Јас си мислам ако ја качам на бустер, таман ќе и дојде каишот. Колку е висока твојата, чисто за споредба - може филм си правам дека со бустер ќе е подобро.
Околу 96цм ја измерив. За седење е ок ама за спиење и паѓа главата. Инаку колку една педа е висок бустерот. За ваков модел на седиште предложив ги пишува дека се 9-36
Најдобро ти е да отидеш и да разгледаш, ако имаш можност земи ја и девојката па нека седне, да го проба и ќе видиш во што ќе сака да седи тоа ќе купиш
Со иста мака сум и јас, неќе веќе во седиште. Ја пробав на бустер појасот ја сече кај вратот, значи ниска е уште, а е 97цм. Сакав сама да купам седиште ама најубво е да проба да ја седнам, да не биде мало па џабе пари. Ако земеш бустер тешко ќе биде и за спиење на подолг пат. Јас сум повеќе за седиште од 15-36кг.
Битно е кога ќе седи во бустер појасот да поминува преку градите, не да биде на вратот. За тоа мислам дека треба да биде над 100см висина. Знам дека за да се вози самостојно врзано само со појасот од колата, треба да биде над 120 см високо. Ако е појасот на вратот е прилично незгодно и небезбедно. Мојов бустер користеше некаде од 5 години. А веќе одамна не користиме бустер, се врзува со појас.
Не смее да ѝ доаѓа каишот на врат, мора преку гради. Прописите низ светов за бустер се над 120 висина, а за самостојно седење со каиш над 135 см. Значи рачунај за бустер најмалце 5 год отприлика И јас бев иста ситуација лани, се мислев сто пати што да правам, беше 5 годишна и видов дека каишот преку врат и одеше. Не сакав да ризикувам, земав седиште 15-36 барем потпора за глава има од страничен удар, па се вади задниот дел и останува бустер. Не сум пробала оваа година да видам дали е веќе спремна за бустер, ама и вака не се буни
Седиште ми е посигурна опција и мене. Фина заштита од сите страни. Со лажење некако седнува. Ај па може и фаза и е. Каишот не и е преку врат ни сега. Го користам средниот и некако и доаѓа мааааллу над рамото. Затоа си реков може со бустер таман ќе и дојде.