Гледав седиште за во кола во Џамбо околу 1000 ден е. Дали е добар избор или не? И ако можи предлог за друго добро седиште, но не многу скапо.
Подобро земи си некој подобар модел на старо. Има многу огласи на Реклама 5, ќе најдеш гарант нешто, јас сега кога купував 2ро така направив, модел од 7-8000 го купив за 3000. Реално седиштата не се истрошуваат многу, па и по неколку години користење се како нови.
Не баш добар совет, седиштата имаат рок на траење најчесто 6 години од производството, тоа секој производител би требало да го има назначено. Безбедноста на детето во него зависи од дотраеноста на материјалите од кои е направено
Имам читано дека до 10 години е употребливо, секако, ако е користено во кола. Но ако е стоено во некоја остава, тогаш може и подолго, не било изложено на топлина. Исто така мора да се знае дали седиштето "преживеало" и сообраќајна незгода, во тој случај не треба да се користи.
Ако е користено секако било подложно на секакви температури, притисок, маневри со механизмите, барем јас сум ги вадела, преместувала, попушти па затегни каиш на секое седнување на дете, дефинитивно не би ги продавала а и не би купила на старо. 6-10 години е рок, а на одредени производители и помалку од 6 години, иако знам многу дека купуваат па неискористени ги продаваат мене не би ми било пријатно да купам, макар е и марка која ја посакувам а не можам да си ја дозволам
@Annath @Kitten фала женски. Не е крајно ни едно ни друго. Барав само размислување од поискусни мајки. Мислев не скапо дека не е толку битна работа, ама како шо сфатив е битна и тоа како, посебно ако го користи до кај 5 години. Убава вечер
https://amsm.mk/klubmobiliti/upotreba-na-remeni-i-detski-sedishta/ Очигледно кај нас не е законски задолжително.
Чудно, кај нас не пишува дека е задолжително, а би требало да е барем до 3. А ова во другите држави до 12 ми е некако претеризам, па на 12 години цели дечковци и девојки се, а не смеел да седи надвор од детско седиште или напред.
До 5 години, назад. До 2 години напред во обратна насока од движењето со исклучени воздушни перничиња. Казната е 35€. Повели линк https://www.pravdiko.mk/zakonski-pravila-za-postavuvane-detsko-sedishte-vo-avtomobil/ Едит. Ако може некој да ми каже што е бустер би била благодарна.
Ок, па ќе го видиш секако, нема да земеш некое дотраено. Пак е подобро според мене да земеш некој подобар модел на старо со сертификати со се, отколку некое за 1000-3000 денари, кинеска роба, кое не поминало тестови, ни ништо. Секако доколку има човек пари подобро е ново, ама во спротивно според мене вака е подобро.
Јас не би купила седиште на старо. Од седење си фатило лежиште и исто како стари патики да му купиш на дете. Малку се носени ама носени се. И од каде ке знаете колку е употребувано? Ние го употребуваме секој ден, за 5 мин го ставам во седиште, нема сака не сака. Многу е битно да се има седиште. Нам камион ни пресече пат, да не беше во седиште, синко ке летнеше.
Има и за 3000 тестирани седишта со сертификат, сеа веројатно не кузнај колку квалитетни, но барем ја вршат работата. Такви има од бугарскиве Лорели, Чиполино, Кикабу.
За европски пазар со еу стандарди произведените во Кина се сосем ок по мене, и chicco се made in China, a претпоставувам и многу други поскапи брендови, ретко што се произведува во ЕУ. Cybex некористено можеби би купила на старо, ама да сум сигурна дека не е користено