Дали некој го има Chicoo UNICO FIX JET 0-36КГ И како сте задоволни. Моментално е намалено на 11.243 ден во enci menci Дали сметате дека вреди да се купи овој модел
Видете го во живо. Ние го гледавме да го купиме, ама во живо мн неубаво ми се виде и земавме друго за слична цена.
@FreeMind извини вака што те тагнувам но би сакала да те прашам како си задоволна од седиштето, сакам и јас да го земам за малиот? Дали е добро за спиење бидејќи ќе патуваме на подолги релации па сакам да му е комотно. Фала ти
Одлично е седиштето. Се мести на три нивоа меѓу другото и за спиење. Меко и удобно за долги релации. Уште да ти сака малиот да седи и се ќе биде супер
Ние после премислување дали да го оставиме само со бустер или не, откако тестиравме бустер неколку пати купивме ново седиште. Детето има сега 4 и пол. При купување гледавме да има добри оценки на ADAC седиштето. Ќе се чудите како некои скапи седишта имаат лоши оценки односно се небезбедни, а некои поефтини се супер безбедни според нивните тестови. Секако сите имаат сертификат за безбедност што се таму тестирани, ама тестираат само проверени брендови (овие кинеските што кај нас се продаваат како Бугарски не се тесирани). Мене ми е некако мнгоу побезбедно да чувам дете во седиште што е можно подолго зашто со седиштето е баш убаво врзано, ако заспие има како и каде да стави глава и слично. Така што според мене тие прописи за деца до 10/12 години во посебно седиште се со право измислени. Другари имаат дете од 5 години според македонскиот ни менталитет прогласија дека не му требало седиште многу е висок (повисок е до кај 5 цм од моето) и кога го гледам како го гуши појасот жал ми е. Плус мајка му го одврзува и легнува на седиште да спие ако му се спие. Мене од тоа коса ми се крева ама секој со свој памет.
Дали некој има искуство со Coccolle седиштето Nova? Го гледам моделов 0-36 од Либерта бебе и ми се допаѓа како изгледа, а и на попуст е моментално. Ако имате друг предлог за седиште со ротација 360, ве молам споделете
https://www.lococroco.com/седиште-loco-croco-nero Ние ова го имаме. 0-36, со исофикс, 360 степени. Задоволни сме до сега (месец ипол сме). Неколку гледав со овие карактеристики таа цена од прилика и ова најмногу ми се допадна.
Дали некој го има ова седиште? Или совет од кое сте задоволни. Од кога почнавте да ги седнувате во седиште.
Убаво изгледа,удобно за седење. Најдобро да го видите во живо,уште подобро да го ставите бебето во него. Ние го имаме Pilot cangaroo,ни го купија пред да се роди, ама не сум нешто многу задоволна,некако ми се спушта надоле детево додека се вози. Нашето е од 0 до 36,после 6,7м почнавме да го ставаме.
Пробај со детето види како ќе биде Ние кога одевме накај Струга му го вадевме за да му биде поудобно за спиење,со него му клапнуваше главата надоле.
Поодамна е постов, ама сега читам. Кое седиште го имате за 4.5 год? Ние имавме од 0-18кг (фактички 3 год) ама му омале па се мислам за бустер.
Му го купивме Joie Traver. Го земавме тоа што е од 9 кила па нагоре зашто тоа од 15 кила нагоре не беше на промоција,а а ова беше. Се мислевме помеѓу тоа и MaxiCosi Rodifix, ама на детето повеќе му се допадна Joie. Двете имаа исти оценки за безбедност на ADAC. Ние имаме и бустер ама мал е за бустер. На бустерот му паѓа главата кога спие, и лесно може да си ги извади рацете од појасот па изведува глупости. Исто така и појасто знае да му отиде баш кај вратот што не ми се чини безбедно ич. Бустерот го користиме за кратки релации (пример до градинка или до кај баба и дедо) во втората кола. Инаку самото дете бара да се вози во седиштето а не во бустерот зашто веројатно му е покомотно и се осеќа посигурен.