1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Посебно седиште во автомобилот за деца

Дискусија во 'Дете' започната од wolf4e, 5 септември 2010.

  1. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.577
    Допаѓања:
    6.138
    Пол:
    Женски
    Морам да го поставам најглупавото прашање на светот,ама како ги навалувате седиштата кога детето е свртено напред да гледа ? Кога ќе заспие и паѓа главчето.
     
  2. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.768
    Допаѓања:
    18.263
    Пол:
    Женски
    Зависи какво седиште имаш, за која возраст и дали има позиции за навалување.
     
  3. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.577
    Допаѓања:
    6.138
    Пол:
    Женски
    Го имам ова седиште.

    Од 9 до 36кг е.
     

    Прикачени фајлови:

  4. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.768
    Допаѓања:
    18.263
    Пол:
    Женски
    Фиксно е ова, не е до тебе, такво е седиштето.
    Колкаво е детето?
    Знам дека овие седишта се од 9до36 ама јас дете под година/година ипол не препорачувам во вакво седиште.
    Пробај со оние перничињата за врат,од напред ставај го
     
  5. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.577
    Допаѓања:
    6.138
    Пол:
    Женски
    2 и пол години е .
    А зошто не чини ?
     
  6. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.768
    Допаѓања:
    18.263
    Пол:
    Женски
    Не дека не чини, туку нели се препорачува од 9 кг, а реално дете од 9 кила е некаде6-9 месеци и воопшто не е стабилно за во вакво седиште, ова е бустер седиште нема некоја база како помалите.
    За твојава возраст е идеално.
    Реално дете под година/година ипол не може така цврсто да седи,како што треба за во ова седиште.
     
    На Anomis11 и Dikinzi им се допаѓа ова.
  7. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.577
    Допаѓања:
    6.138
    Пол:
    Женски
    Фала на објаснување, оти јас баш и не се разбирам.
    А планирав да го купам сега и за второто дете, она ќе прави 1 година за 3 недели. И има 9 кила и нешто. Ама ќе почекам уште некој месец изгледа.
    Јас дека бев задоволна од него, само што не знаев како со него кога спие, а гледам дека може да се навали.
     
    На jarec6 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.641
    Допаѓања:
    18.245
    Пол:
    Женски
    Овие седишта се такви, лесно се вади и става детето ама не се за долг пат. Ние купивме ново за синко, баш од таа причина.
    Гледав по страните држач за глава,

    Screenshot_20210110-212757_Chrome.jpg
     
  9. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.577
    Допаѓања:
    6.138
    Пол:
    Женски
    На долг пат не сме размислувале да одиме, а и ако одиме тоа ќе биде само еднаш годишно можеби до Грчка ако даде Господ :D Најдолга дестинација оваа година ни беше Дојран, саат и пол оти бавно возевме. Иначе колата ја палиме тука во Велес само, најмногу вожња ни е 20 мин. Не знам за колку големи дестинации мислите сега ?
     
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.641
    Допаѓања:
    18.245
    Пол:
    Женски
    Повеќе од 3 часа. За во Охрид темпиравме да спие во кола. Натаму око не склопи, си се дереше цел пат. :D
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Во правец на возење најрано смее да седи откако ќе прооди убаво, со цел мускулатурата да може да го издржи теретот на нагло кочење или не дај Боже удар. Новите (веќе на така нови уствари) преппраки се за наназад седење - кон задното стакло од автомобилот- се до 3та година на детето, ние сме далеку од тие стандарди а сообраќајот кај нас знаеме каков е. Не брзај за менување на седиште иако можеби ти се чини му е тесно, ортопедот Антоније многу убаво го има објаснето тоа, дека каде е безбедност во прашање, таму нема удобност.
    Збунувачки се и ознаките како 9кг, тоа не значи дека само со исполнета килажа смее да седи во вакво седиште, туку да оди и да има мин 9кг, за толку мало дете јас би ти препорачала 0-36 седиште во кое наназад ќе гледа додека не ја надрасне границата, а после ќе биде спремно за напред
     
    На Dikinzi и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.641
    Допаѓања:
    18.245
    Пол:
    Женски
    @Autumn_ да, некое дете ке има 9 кг на 6 7 месеци, некое на 1 година.
     
  13. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Да, гледам дека од 9 месеци ги седнуваат во 9+ седишта, некако ми се чини не е сфатена целта на седиштето и се гледа на него како на било кој реквизит за бебе
     
    На Coco31 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  14. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.012
    Допаѓања:
    5.529
    Предложете седиште з 3,5год дете од 3 група со исофикс. Ама убаво големо, крупно ми е детево.
     
  15. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Имам едно вакво од овој тип, открив дека се навалува само со буткање, пробај кај тебе дали е истиот принцип. Извлечи го бустерот понапред, да не е залепен до наслонот, и бутни го грбниот дел.

    За малото ако сеуште му е точен транспортерот, не го мењај. Ако не му излегува главчето над горниот раб од транспортерот, тогаш Ок е. Кога ќе зимаш ново земи помало од ова, долниот дел да не е бустер.
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Дечки дали бебињата ги ставате во скафендер па во седиште? Јас земав чико универс од 9-36 кг ама не знам дали правам погрешно нешто, бидејки не ми го собира детето т.е тесни му се каишите и не можам да го закопчам со скафандерче. инаку 9 кг е! Е сега совет ми треба.Дали е до скафандерот или некако не удпевам до крај да ги извлечам каишите?
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.340
    Допаѓања:
    105.394
    Пол:
    Женски

    Јас кога ја ставав во седише уште помала кога беше ја ставав по тенка јакничка. И кај мене е тоа проблем со каишевите, не знам да ги наместам а да бидам искрена не сум се посебно заинтересирала сега (поради локдаунот кај нас немаме одено никаде може 4-5 месеци со кола)
    Сега е 16+ инаку, мене ми е страв да не и е топло па затоа потенко ја облекувам :)
     
    На Dikinzi и Fifi84 им се допаѓа ова.
  18. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.641
    Допаѓања:
    18.245
    Пол:
    Женски
    Дете во седиште се става по блуза, не во јакна, може лесно да излета, ако е шушкава посебно е опасна.
    Само оние меки скафандери, како мече се океј, како дебела блуза се.
     
    На babydust и Fifi84 им се допаѓа ова.
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.842
    Допаѓања:
    30.701
    Пол:
    Женски
    Ние го имаме Joie Traver Shield (го користиме без shield зашто кога купувавме Joie Traver го немаше на лагер го имаше само ова - единствена разлика е што ова нашетво е регистирано од 9+ кила, а само Traver e od 15+ кила). Го купивме на 4 години на детето зашто имавме 0-18 кила. Наврати се неколку страни наназад имам пишано искуство. Нашето е баш позитивно. Комотно е седиштето и може многу да се дига нагоре, а и ако заспие малку се навалува да му биде поудобно. И кога ќе порасне останува како бустер со изофикс што мене ми е супер варијанта. Во истиот ценовен ранг има и Maxi Cosi rodiFix или нешто слично.
    Нашето го има во Енци Менци, а MaxiCosi во Bebehome.
     
    На eli.karameli му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MinnaAnne

    MinnaAnne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    5+++ сме, сакам да купам седиште дека транспортерот и е тесен веќе. Дали да барам седишта од категорија 0-36? Некое да ми препорачате?
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.