Ја собира ама тесничко и е се нервира нејке да седи, со јакниче кога ќе ја ставам особено..Затоа сакам седиште да земам и да ја навикнувам полека сама да си ја возам..имаш предлог?
Прво, со јакна во транспортер не се иде! Пред се не е безбедно, а после дека ќе се свари бебе. Ако се нервира што седи, верувај ќе се нервира и во седиште! Поголемата не сакаше да сњди во транспортер. На 4 месеци ја префрлив во седиште, иста приказна. До ден денес прави проблем а има 3 и кусур. Имам јас макси кози асикс седиште. Види го
А како се иде кога е ладно во кола? За кратка релација од 15тина мин ни јас не ја соблакам јакната во кола, не се вари бебе сигурно...Зш не е безбедно?
И за кратки релации ќе ја загреваш колата пред да одите некаде. Од безбедносна гледна точка не се става бебе со јакна или скафандер во транспортер, не се закопчува убаво, а башка што на бебето му е неудобно. Ако сакате седиште од 0-36, гледајте да биде со менување на позиции на наслонот, за да може да спие во него. А имај на ум дека до 9 месеци, можеби и година и седиштето ќе треба да биде свртено и прицврстено така што бебето ќе гледа назад, како и во транспортерот.
Оваа тема е една од најважните на формуов кога станува збор за деца и бебиња. Избор на седиште, правилно инсталирање и сместување на бебето не е мода и не е желба, туку апсолутна неопходност. Возраста и килограмите на детето одат комплементарно за избор или за за надградување на седиште, ако седиштето а тоа е и трансппртерот, се тестирани за 13кг на пример, нема никаква потреба да се менуваат со поголеми ако дететето ја нема достигнато максималната килажа, иако тоа може да е веќе годинка. Седење со лицето кон задното стакло треба да е што подолго, во ппразвиените земји веќе е задолжително до 3 или повеќе години возраст. Кај нас гледам дека на 9 месеци повеќето се седнати во седиште и гледаат нанапред, накај возачот, иако кај нас препораките се детето да е стабилно проодено пред да се сврти нанапред. Ознаката 9+ не значи дека со 9 месеци може детето да седи нанапред, туку да има 9+ килограми, а да е стабилно проодено. @MinnaAnne освен ова погоре што го напишав, седење со јакна значително го намалува заштитниот ефект на седиштето, кашите се ставаат над блуза, стегнати толку да не можеш да ги фатиш со два прста на пинцетно фаќање. Ќебе одозгора врз каишите ако сметаш дека му е ладно на бебето. Тесно треба да му е, за да е гушнато во него што не дозволува лесно да излета при удар, нешто што е многу можно ако седи со јакна - да излета од неа. Грешки сум правела и јас, ама информирање на оваа тема е исто важно како информирање на тема безбедно спиење и хранење на бебе.
@MinnaAnne јас возев бебе од два месеци па нагоре во седиште 0+. Ние тогаш имавме MaxiCosi Milofix што мислам дека веќе не се произведува. Има понови пандани на истото. Само што и кога ќе го возиш во седиште ќе треба па соблечено да биде бебето и обавезно свртено наназад колку што е можно подолго. Седиштата 0+ се всушност супер за вакво подого возење на деетто свртено назад. Мојот траснпортерто ич не го сакаше, а седиштето го сакаше зашто седиштето заради базата имаше повисока поставеност во кола па можеше да гледа низ прозор и се возеше подолго без бунење. Во транспортерот беше ниско поставен баш на само седиште од кола и повеќе се бунеше.
Имам земено ќебенце за бебето, за во транспортерот, за вадење од болница. Што значи, според ова што читам овде, треба да биде само лесно облечено, ниту јакничка, само лесно да си биде облечено и завиткано во ќебенцето?
Баш така, транспортерот има слоеви пластика и ткаенина кои делуваат како јакна, одозгора врз каишите ќебенце за надвор, во загреана кола нема потреба ни од ќебе ни од капа - ова педијатар на излегување од болница ми потенцираше
Облечено во зависност од сезоната и не завиткано во ќебенцето туку покриено со ќебенцето. Го местиш бебето во транспортер/седиште 0+, го врзуваш со каишите и потоа го покриваш со ќебето. Ако сакаш можеш да му го подвиткаш ќебето ама не мора да го виткаш.
Да, да, знам, фала во секој случај. Јас секако набавив неколку специјални ќебенца за во транспортер, подебели и потенки, така да се надевам дека ќе ми вршат работа. Еве вакви
Сакаме да купиме седиште, до сега се возеше во транспортер. Цени за седишта се од 3000 до 40000 денари. Што треба да барам во едно седиште за да биде безбедно? Кои карактеристики да ги гледам? Се изнадававме еден куп пари за некои работи, а можеше многу поефтино да поминеме. За седиште не би штедела ама не знам што да гледам. https://www.encimenci.com.mk/sedishte-verso-0-36kg-isosafe-ember-joie-c1721caemb000 Ова е на попуст и изгледа добро, но не знам зашто пишува да се вози детето во обратен правец до 4години.
Јас во мојата кола немам изофикс, па земав обично само со каиш што се врзува. Го купив на Kikka Boo O’Right, од 0-25кг и планирам да го користам до кај 3год, после да си го ставам седиштето од 9-36 што го имам. Многу битен момент е колата. Колку место би имала позади, и од тоа зависи колкаво седиште можеш да ставиш. Мојата е помала кола и некои седишта со позиции воопшто нема ни да ми ги собере. Искрено мене седишта над 10илјади ми се скапи, пре тие пари останатите би ги ставила на штедна книшка или сл.
Нас ни се зезна пак седиштето, не сака да се заклучaт каишевите, веке ми го пукна филмот , па најверојатно ќе сме во потрага по др. Кажете ми мислење за овие две , доколку некоја ги има
Joie TraverShield. Нас ќе ни завршеше работа и само JoieTraver ама во моментото го немаше па го земавме ова (плус и беше на попуст). Има и мало благо спуштање на седиштето (иако продавачката не знаеше дека има). Слично на ова кога гледавме беше MaxiCosi RodiXP Fix. На детето повеќе му се допадна Joie (повеќе се подига наслонот и му се виде импресивно веројатно). Мене ме купи тоа што на крај останува како бустер со изофикс врзување (целиот заден дел се вади, останува само седиштето). На ADAC двете имаа супер оценки.
Има изофикс, така? Ова е така? https://topolino.mk/product/sedishte-traver-shield-9-36kg-isosafe-joie/