Јас го имам од година се вози и исто само пофални зборови и уште се вози со Shield. И да добра цена ние мислам 130/140 го земавме ако добро памтам.
Дали се препорачува бустер за 4 год? Дали е практичен за таа возраст. Сега засега со ситуацијата најдолгато возење ни е мах 10 мин. Битно ми е да е само безбеден и врзан позади. Дали бустерите се добри или сепак се за поголеми деца
Доколку детето не заспива при возење и има висина може да го користите. Практични се и не зафаќаат толку место како седиштето. Моето е 3,5 год и ја седнувам во бустер на кратки релации каде што не заспива. Кога патувавме на подолги релации користев седиште 0-18кг и уште го користам. Исто така можеш да погледнеш од седиштата 9-36кг мислам дека беа имаат навалување и можеш да го извадиш потпирачот и да ти остане само долниот дел т.е бустер.
Не знам.. Уште ни е рано 3+ сме,ама во план сме да купиме кога ќе дојде време.А поима немам какво,ни на што да внимавам..дали е добро до 25 кг.или 36кг?Дали мора изофикс за сите седишта или не мора.? Не сум се занимавала со оваа проблематика,па ништо не ми е јасно Еве ти како многу добро запознаена да ми објасниш .Фала ти однапред
До 25 е сосем доволно, тоа доаѓа некаде 5 години, после тоа ако нема доволна висина, само бустер, ако има, ништо. Не, не мора да е изофикс, ако е наместено како што си треба и вака и така е безбедно. Сега изофикс е понов и побрз начин на фиксирање, ама не секоја кола има изофикс и тоа е битно Позиции мора да има, затоа и не сум за оние седишта 9-36 што се фиксни, зошто барем до година ипол мора д аима мало навалување главчето да не им паѓа. Се друго зависи од тебе што ќе избереш, пошто таа категорија имаш седишта од 5000 денари до 30 000
Сеуште немаат висина на таа возраст. Земете комбинирано седиште каде наслонот ќе може да го тргнете и да остане бустерот. Ние почнавме на 6 год да ја возиме во бустер зашто наслонот ѝ беше веќе мал, но појасот од колата ѝ одеше преку врат па ѝ го местам под мишка што не е препорачливо за безбесност, но немам избор. Сега е 7 год и сеуште појасот не ѝ оди преку гради, а не е од ниските деца.
За да немате таков проблем, бустерот треба да е со каивче отпозади преку кое се регулира каишот од колата. Ние имаме вакво:
@FlowerPower ние купивме бустер од кај 4 години за кратки релации и за во втората кола само за низ град и сфативме дека е мало детето на 4 години за бустер. И со бустер појасот пак му е кај вратот а и детето си ги вади рацете од каишите и ги става преку што никако не е безбедно. Бустерот е сепак за деца од 6+ како што си пишува на него. @An-na нашиот бустер е со каивче и затезач за појас и пак е проблематично за помало дете. Сепак седиште за дете е најбезбедно. Не за џабе постојат детски седишта.
Нормално дека седиште е најдобро. Јас зборував за поголеми дечиња, над 5 години минимум, како што впрочем е и законска регулатива. Јас ќерка ми на неполни 6 ја ставив во бустер и со помош на каивчето го регулирам каишот од колата и супер и е, особено за кратки релации. Ако одиме летово на одмор, мислам дека со седиштето ќе одиме. Покомотно е.
Каивчево има дел каде што се протнува каишот од кола и преку него се регулира каишот т.е каивчево си го местиш да биде високо до вратот на детето и автоматски каишот од колата таму поминува и убаво лежи. Како објаснив Ваљда ме сфати. Еве ти подобра слика за да видиш поубаво:
Ај да прашам, бебе е 7м се вози во кола во транспортер свртен наназад. Антоније ми кажа дека откако че прооди се врти према напред, не ми текна тогаш да го прашам зошто е тоа така? По интернет читам дека према напред можат да бидат во седиште од 6м до 12м во зависност од тоа кога ќе го пораснат транспортерот, некаде па пишува не пред 2 години, на друго место па пишува до 4 години што ми изгледа многу. Дали некоја од вас знае поточно како е правилно? Гледам по инстаграм доста што веќе од 9м практично ги возат према напред, што и пишува на нет кога ќе ја достигнат висината и тежината според производител, а моево седиште е пример за од 9кг, но не е 0+ месеци.... како вие правите?
Порано од 9кг се вртеше напред, така беа правени седиштата. Сега "најновите" се дури до 4 години наназад да е свртено... Во принцип, главчето и вратчето им се најзаштитени додека се свртени назад, затоа е така. Ако е над 75цм , колку што му треба за да е голем за транспортерот, слободно сврти го нанапред. Исто и за седиштата што се од 0+ тие имаат најлегната позиција, која кај нас луѓево мислат дека треба да ја користат и на годинка, а не треба, не е бзебедно да е толку легнато нанапред завртено, исто како за возрасен, не е безбедно да се лежи во кола, да треба да е поднавалено да не му паѓа главчето, ама не скроз легнато чим е напред завртено. (Ова чисто како инфо)
Тоа мене не ми беше јасно што има врска да се чека да прооди Инаку он е 70цм претпоставуцам за 2месеци ќе го надрасне и на 9-10мес би го ставиле во седиште према напред. Такво немам од 0+ затоа и ортопедов рече штом не било 0+ за секое друго се чека да прооди. А реално откако ќе го надрасне транспортерот, што ќе користиш друго додека прооди ...ми падна чудно Фала ти во секој случај ќе чекам килажа и висина секако
Кога ке прооди мускулите се развиени и зацврснати доволно за да седи свртен нанапред. Висина и тежина не се репер за развој. Синко на 7 месеци бил 75 цм. Во седиште почнав да го ставам на 10 м кога имаше 81 цм. Тогаш одеше по мебел ама на 11 прооди.