Од 9кг што се седиштата има некои што се набавуваат малку.Ако не се навалува ќе си го возиш во седиштето и ти со него позади ќе седиш во случај да заспие. Моето на 6месеци ја свртив напред со дозвола од ортопед ама и 0+ ми е седиштето кога ќе заспиеше ја спуштев во лежачка позиција.
Ќе го видам ама не е 0+ и не верувам да се спушта. Иако е од 9кг макси кози е спс приори ако некоја мајка го има нека сподели од кога го користи
Погледни на YouTube сигурно има видео, ако има црно како база седиштето сигурно ќе се навалува за некој степен.
Не можам да најдам слика од кога точно, ама во период меѓу 9 и 10 месеци сум почнала да го ставам во седиште.
Јас од 9+ ја возам во седиште 1/2/3 група,модуларно,свртена нанапред. Додатокот што е за преден дел пружа екстра заштита,а самото седиште се спушта во полулежечка позиција ако спие. За ставање/вадење на дете не е баш практично,ако не ѝ е денот го турка додатокот па се препотувам дур ја врзам,а од аспект за заштита е едно од најбезбедните на па пазарот. Ова го имаме
Ги гледав и овие, уште не сме купиле, уште се мислам Не се поти од додатокот, не прави да и' е потопло?
Премногу е рано на 9+ нанапред да се вози свртено. Не е безбедно заради помала контрола на мускулите на вратот. Ова конкретново е 12+ по декларација. Инаку на тестови овие седишта се покажуваат како многу безбедни ама секаде има предупредување дека во пракса децата не го сакаат додатокот па тоа ја намалува безбедноста особено на мали деца. Така што внимавајте ептен на правилно користење на седиштето. Инаку џабе се испитувањата за безбедност. Тие важат само за правилно користење и почитување на се што произодителто предвидел.
Од околу 9+ се по декларација,иначе не би ја ставила во нешто несоодветно за возраста.Треба и висина за ова,над 75цм,оти додатокот ке ја притиска кај вратот. Имавме транспортер на BeSafe и почна ептен да е притисната во него,големо бебе,а тој помал од другите,па затоа побрзав. За користењето си во право,ако не е правилно е залудно,па макар и било најбезбедно. @0ли уште не е стоплено овде,иначе верувам ке ја поти,но ке купам летни фротир навлаки има,иако се лади брзо колата. Седиштето е топ,само немој да го купуваш без да го пробате,многу деца го неќат тој дел,зезнато е малце. Јас бев за Макси Кози Титан или Аксис,маж ми се запна за ова па така излезе’ Внук ми има на Чико,Grow Up е мислам линијата,задоволни се ептен.
На Чико нема шанси да земам, генерално материјалот не ми се допаѓа на нивните. Се мислев меѓу Сајбекс и Макси Кози, но ова со додатоков некако ме премислува, с'клет ќе го фаќа, па најверојатно Макси ќе биде. Инаку, ортопедот ми рече може да го вртам нанапред да седи кога ќе прооди, а го виде транспортерот и рече уште да не го менуваме, голем е.
Јас имам Joie со таков додаток и освен што кога беше помал знаеше да го бутка при ставање (не секогаш) па се мачевме малце, ама сега како поголем научен си е па нема никаков проблем со местењето, ниту пак сум приметила дека го поти летно време. Најголем проблем беше на почеток местењето додека се навика инаку сум презадоволна.
Ние имаме Макси Кози седиште и супер се седиштата. Било кое да земете нема да згрешите. Нашето беше за до 4 години. Сега го сменивме со Joie со таков додаток ама го користеме без додатокот зашто е веќе голем и од тоа сме супер задоволни. Кога беше помал го возевме во седиште со таков додаток напред и преплака добар дел од патот. Внука ми исто не го сакаше додатокот па од помала почнаа да ја возат без додатокот што не е баш безбедно ама немаа друга опција. Битно е да ги провериш на ADAC за безбедност.
Јас мора да земам седиште за поголемата. Веќе и е надраснато, ама многу сум неодлучна. Го мислам она на јоие ама не го сретнав во продавница да го видам. На @JoyJoy и верувам на темава и некако не сум решила инаку макси кози ќе беше без мислење. Бев гледав и Сајбекс ама таа продавачката Крш, не знаеше нишѕо да ми каже. Ве читам, транспортерот се надраснувал на 74, бебе мое ја мина таа граница, ама па не и е мал?! Нозете секако искачаат, ама за главата има место.
https://www.encimenci.com.mk/sedish...go-i-size-jet-black-15-36-kg-chicco-797995100 Го имам ова, одличен квалитет е. Удобно, се мести како расте дете.
Јас сум фан на Maxi Cosi, се’ ни се погоди од нив и стварно се топ квалитет и не потат. За големата го земавме ова и сум супер задоволна, ем безбедно е врзана за него, ем раце слободни. За малата го имаме ова од поголемата, исто е супер и презадоволна сум. Транспортер исто имам на Maxi Cosi (Pebble), многу широк и комотен, го користевме некаде до 10-11 месеци. После ја префрлив во седиште
Па може да си тераш со него ако и' е добар. Мислам дека зависи од транспортерот. Малиов е 77 cm и уште му е супер, а не е најгоре поместен делот за главата, има уште нагоре да се помести. Ортопедот рече слободно до проодување да го возиме во него и после да земеме седиште 9-36. Убав е еве доста долго го користиме, максимум, но материјалот го поти, катастрофа е од тој аспект. И тежок е доста, да се искилавиш празен да го носиш, а не па плус и бебе во него