Првото дефинитивно. Ги нема оние појаси кај рамениците, не е ограничувачко, покомотно е за седење баш поради тоа и многу ни се погоди. Големава никогаш не беше фан на врзување во седиште баш поради тие појаси, сега вака само си седнува, појасот од колата преку неа и чао. Ако виде на сликата, има од страните кај главата место да се протне самиот појас за да не го “сече” детето кај рамениците. Најтопла препорака од мене
ако и земам ново на големата, бебе ќе се вози во нејзиното. Тоа е до 104см висина. После ќе добие ново Ова се врти и према назад и таман е за бебе Плус се навалува Продадено
Нас првото ни беше прв избор за купување. За поголемо дете е супер височко и комотно. До 10 години е одобрено. Второто ти е за помало дете. Тоа на Joie син ми повеќе го бендиса а мене ме купи тоа што останува на крај изофијс бустер.
Мајки како ги спуштате седиштата кога гледаат напред? Има 4 нивоа знам 4тото дека мора во обратен правец да е ама малава заспива после 5минути и и паѓа главата. Изофикс е на лорели нашево. 0-36кг.
Види на упатството од седиштето. Нашето имаше рачка за спуштање. Макси Кози беше. Си имаше упатство за тоа како се спушта. Јас го спуштав откако ќе заспие.
Do togas go vozevte vo transporter? Moevo nekako skoro da go nadrasnuva transporterot 70cm e, ima 5ipol meseci. Mislev da i zemam sediste 0-18
Ние го префрливме на два месеци во седиште 0-18 месеци. Многу му беше поудобно и повеќе сакаше да се вози во кола отклку кога беше во траснпорте зашто седиштето е повисоко па гледаше повеќе отколку од транспортерот.
Koe sediste go zemavte? Pa od glavceto do vrvot ima uste nekoi 4-5 cm , samo sto vo ramenicite kako da i e tesno, nekako e zgrcena cela. Inace transporterot e od kolickata cbx onida
Имавме MaxiCosi Milofix. Ама пред едно 5 години беше купено. Не знам дали уште го има, ама сигурно има понапредни модели сега.
Според ортопед, додека е главата внатре, таман е транспортерот. Може така ти изгледа, не значи дека на бебе му е тесно.
дали некој го користел ова седиште или знае дали е ок во однос на материјал и удобност? https://www.encimenci.com.mk/sedishte-gro-up-123-jet-black-9-36kg-chicco-795835100
Бидејќи од транспортерот што го имам не сум задоволна и бебе е веќе 6 месеци се рњшив да земам седиште. Го бендисав ова на киндеркрафт 0-36кг. Дали некоја има искуство со истито?
За удобност не знам, вака ок личи, ама материјалите на Чико им се крш, многу потат. Рачунај дека без навлака во лето ќе биде невозможно. Да спомнам и дека никогаш не возам без клима, ама стварно е лоша синтетика
фала на одговорот, да, материјалот да не поти ми е доста битно, да не имаш некоја препорака за седиште со подобар материјал за слична цена?
Кога ги свртевте седиштата да гледаат напред? Скоро 8 е но веќе се исправа на мебел и прави некое чекорче сеуште не планирам но да чекам баш да прооди асално или што почне да се пушта? Збеснува веќе во кола па да знам
Колку подолго се вози свртено назад толку подобро. Инаку треба убаво да прооди за да го свртите напред седиштето. Ние го свртевме некаде на 16/17 месеци. Прооде на 11.
Во потрага сум за седиште кое може да се ротира за 360 степени. Дали некоја од вас користи такво и ако може да сподели искуство.