Потполно се согласувам со тебе. И ние имаме со додаток напред , како шанк и е. Посигурно Амин. Или ние се навикнавме . Од 8 мес.ја возам , во седиштето . За потење , не сум забележала конкретно дека е од материјалот , бидејќи ќерка ми се поти , и во раце и на перница ,склетџивка е .
Јас ептен бев загреана за Maxi Cosi Titan Plus, последната верзија од титан. Со бамбусов штоф е изработено и овозможува терморегулација (битно ми е да не се поти во него). Но, оценките за безбедност од adac ме предомислија. Па Joie Verso го гледав, ама пак слаби оценки. @dunika од овие 9-36кг Cybex ов најдобро котира. Гледам неколку модели има, кој поточно е вашиот? И ме интересира дали има засебни појаси или со каишот од автомобилот се врзува детето? И за материјалот, не наоѓам посебна летна навлака... па тоа ме кочи
@WonderGuurl И јас сега во моментов баш Сајбекс ги гледав, ме премислува тој делот напред, некако вака му е претопло, па се плашам да не се поти со додатоков С'клетчија е и плус уште ова нервоза ќе му прави. А Титан Про си споредувала во однос на Титан Плус?
Зборувај ми за с'клетџија, ништо не трпи на себе, и мене тој делот ме двоуми. Ама од друга страна, најдобра амортизација при фронтален удар е перничето... исто странично е убаво заштитено детето кога седи. Про и плус ги споредував исто, плус има уште еден каиш позади горе, за дополнително да се зацврсти, има неколку додатни перничиња за поголема заштита, climaflow тех. за подобра циркулација на воздухот, за да не му е ниту топло ниту ладно во него. Мене ми е исто многу важно да се приспушта да може да спие удобно во него, заради подолги патувања. А гледам Cybex Gold solution s fix, наназад му се навалува главчето кога спие и од сите страни е заштитено. Оди па одлучи се ова потешко се одбира отколку количка, заради безбедносни аспекти
Ќути, со месеци замарам по темиве, не можам и не можам да се одлучам А веќе морам да привршувам со замарањава, извишен е и веќе кај да е нема да може во транспортерот да се вози, а и прооде, па може да го префрлам во седиште. Пиши што ќе одлучиш
@Lady Leona истото седиште го имаме само ние го купивме на 4 години и го користиме без shield. Со shield мали деца има послаб рејтоинг на Adac заради тоа што главчето на бебето не е доволно добро поддржамо од вратот на бебето. За поголеми деца (без shield) има супер безбедносни оценки. Седиштето е топ само не е за бебиња. Тоа што вие сте се навикнале не значи ништо во поглед на безбедност. @WonderGuurl, @Оли ако имате деца склетџии такви додатоци напред може да не ги сакаат. Нит моето дете, нит внука ми ги сакаа тие уметоците. Јас мојот до 4 години го возев во седиште 0-18 кила (со убаво спуштање и можност да се вози назад подолго време). Од 4 години го возам во седипте 9-36 кила.
Нема таква опција , за спиење ! Се извлекува седиштето во 3 позиции , можи да се поднавали но не и хоризонтала
Не "солам" памет ама за сите што се двоумите мене ова седиште ми се виде топ, од 0-25кг , но секој со различни желби и потреби
@WonderGuurl ние го имаме M Fix на Сајбекс,да не те збуни,има и M Fix SL,тоа е без долниот пластичен дел за подесување на позиција. Нашево е со опција за спиење/спуштање,затоа и е поскап моделот. S-Fix e уште понова генерација,разлика е во ширината на седиштето,перформансите се апсолутно исти. Имаш и G-Size најново на Сајбекс,ми се чини со вградени каиши е,иначе другите се прицврстуваат со каишот од кола. Материјалот е многу добар,не поти и се пере во машина. Околу додатокот,ако имате дете кое е с’клетџија,може да прави проблеми. Еве ќерка ми последниов месец урла и кога ја облекувам,а за во седиште е борба,почна да ни го шутира со нозе додатокот,ја нервира,во фаза е кога сака да е флексибилна во движење.а делов некако ко да ја гуши. На почетокот го прифати одлично. Пробав на повеќе начини да ја убедам,не бива.Телефон само не давам,не би уште сега. Јас нарачав и Макси Кози Титан,обичното,има подобри оценки од Про,а и не ми се даваа многу пари. Сајбексот ке го ставам во службената кола на м.м,засега ке сум среќна ако е мирна во новово. Читав само дека недостаток се кратките каиши,друго се одлично. Ке споделам искуство наскоро.
Фала ти за објаснувањето, веќе бев завршила работа, се изначитав вчера па и јас за истото се одлучив @0ли Споредував најразлични, m fix некако најмногу ги исполнува тие карактеристики што ми се битни Ќе видиме како ќе се покаже Инаку и синко го фаќа сафра и почнува да се тегни, па пуштам детски песнички, за сега доволно му е само да ги слуша без да гледа во телефон. Не давам да зјапа. И нормално јас да пејам паралелно Инаку да облекување/соблекување е предизвик, пелена кога му менувам мора да стои, легнување 2 мин што е тоа...!?
И јас имам искуство со штитов на седиштево погоре, не со мое дете туку на старосватицата, беа приморани ново седиште да купуваат зашто малата ни 15 минутни релации неможеше да ги издржи во него, плачеше на цел глас. Дефинитивно не е баш "нај" модел колку и да е безбеден, децата сакаат да им се слободни рацете.
Тогаш отпаѓа Сајбекс, ама си создадов нова дилема, @JoyJoy е крива Дали 0-25 и после бустер или од старт 9-36 Некако си мислам можеби најдобро е максимум да го возам обратно, секако си седи умен во транспортерот и не се буни, не се тегне и не плаче, темпираме спиење и си дремнува, си игра со ноџиња или играчки, ептен ни се лезет патувањата и ми е страв да не го изреметам тоа.
Подобро земи 0-36кг, мислам на тие седишта дека се прави само бустер. Бустер ќе користиш од кај 4-5 години, до тогаш во седиште. Тие што се 9-36 кг не знам дали се навалуваат напред во случај да заспие. Моето е 4г па уште се вози во седиштето 0-25кг.
Бустер е од многу покасно. На 4/5 години сеуште треба седиште. Мојот сега има 5 и пол години и е мал за бустер (иако имаме бустер со затегнувач на каишот). Појасот сепак не го фаќа како што треба (односно се мрда) и детето сеуште зане да се измрда во бустерот. Така што бустер евентуално за од дома до градинка, до кај баба и дедо ако се блиску. За сериозно возење седиште треба. Мојот го преферира седиштето наспрем бустерот за возење зашто се осеќа посигурен, може да навали глава да спие, не може да се протне под појасот и слично.
@JoyJoy од колку го возиш во седиште без предниот дел? Мојот 3+ е уште е со предниот дел и не е проблем ама во август ќе патуваме подолго па си мислам жешко да не му е многу, а мислам после 4 може без тој предниот дел. Инаку нас ни е супер тој предниот дел обично си се потпира и си игра на тоа како масичка му е . Ама да кога беше помал имало периоди кога сме го возеле несигурни дали воопшто е добро врзан на пократки релации.
ова има многу добра оценка. https://www.adac.de/rund-ums-fahrze...dersitztest/details/593/cybex-solution-s-fix/ И слично на него https://www.adac.de/rund-ums-fahrzeug/tests/kindersicherheit/kindersitztest/details/695/cybex-solution-s-i-fix/ го нема тоа напред и има подобра оценка од тоа со напред.