Неуспешно кај нас со Cybex-ов. Уште не седнат убаво си ја викна да плаче, така што со с'клетчиви дечиња прво пробајте обавезно како ќе прифати. Сега пак сме во потрага
По долго разгледување се решовме за ова седиште, +0-36кг е, со каиш се врзува и има наслон. Е сеа, имаме мала кола па едвај чекам да стигне да провериме дали ќе го бере
Барај седиште што има интегрирани појаси во него. За безбедност на мали деца подобри ти се седиштата до 18 кила зашто се правени за мали деца. Тие што се до 36 сите се со послаби оценки зашто кај мали деца не се баш безбедни. Пример Joie Traver Shield има пониски оценки од Joie Traver,а во принцип е истото седиште само што едното го има перничето напред и е и за помалу деца (демек 9 кила па нагоре), а другото нема перниче и е за на 15 кила или така некако (и има подобри оценки зашто поголемите деца имаат подобра контрола на глава). Така што јас не би бегала од Макси Кози, ама би одела со седиште до 18 кила прво. Знам дека така ќе ви треба ново некаде на 4-4,5 години. Ние имавме прво Макси Кози МилоФикс (сега веќе го нема) и на 4,5 преминавме на Joie Traver Shield (ама никогаш не го користевме перничето зашто веќе беше голем). Инаку мојов никако не сакаше перниче кога пробувавме да го седнеме во седиште со перниче во изнајмена кола во Германија, а внука ми никако не го сакаше перничето на Recaro Monza. Ретко кое дете ги сака тие перничињата (многу ограничуваат движења особено на рацете).
Да секако е подобро две седишта соодветни на возраст и тежина, отколку едно. Но, од се' што разгледав досега ништо не ме убеди скроз. Дури и Reaborder-ите на Britax Römer и Maxi Cosi си имаат свои маани. А од она што моментално се нуди од Макси Кози 9-18 Priori, Tobi, Pearl smart и Axiss се со големи недостатоци во поглед сигурност. Не можам никако да се одлучам. А ова беше ептен грев кога го седнавме заграден со тој делот напред, само главата му се гледаше на бебуш и жални очиња, па кога писна да плаче... За квалитет и безбедност немам збор, детето станува едно со каросеријата, убаво заштитено од сите страни. Ама моево едни патики на нозе не трпи, а не пак така да ти седи неколку часа
Ако добро гледам Pearl (Maxi-Cosi Pearl One i-Size + FamilyFix One i-Size (adac.de)) и Axiss (Maxi-Cosi Axissfix (Isofix) (with Bébé Confort Axissfix) (new i-Size child seat) (adac.de)) се со добри оценки. За Макси Кози на Adac секогаш има забелешка дке аврзувањето на дететео е комплицирано, ама откако ќе се навикнеш ич не е комплицирано. Тешко е да се бира.
Ние имаме вакво од CAM. Има дел што е за затегање на појасот за да се прилагоди појасот подобро на висината на детето. Ние го користиме само за кратки релации зашто детето е сеуште мало за постојано да е со бустер (5 и пол години). За подолги релации користиме изофикс седиште за до 36 кила.
Да споделам позитивно искуство со Сајбекс. Го земавме за ќерка ми кога имаше околу 1 година, сега има скоро 5 и сеуште го користиме. Уште кога го земавме супер го прифати делот напред, и служеше како потпирач за рацете и си играше на него со играчки. Сега скоро го извадивме и е врзана само со каишот. Како што кажа Дуника, материјалот е супер и лесно се вади за перење.
Мислење за ова седиште од поискусни мајки ,еве ќе ја тагнам @jarec6 ..мислам таа знае многу повеќе за седиштата
Не можам да се редактирам... Седиштево ми се допадна но ме збуни предупредувањето за безбедност... Ако некој знае што значи да ме просветли ?
Јас го имам Cybex Pallas S-fix. Ние уште го користиме перничето напред. Мали го сака си ги потпира рацете и главата понекад. Кај нас се покажа одлично. Прашањето ми е, дали рачката за менување позиции од скроз седечка до полулегната лесно ти се менува? Некогаш успевам да сменам, некогаш не, некогаш ептен сила треба да употребам. Гледав и видеа и никако да укапирам што е финтата. Како е кај тебе? @dunika те тагнувам и тебе дека го имаш.
Како што знам, нашево седиште има опција само малку да се навали или ние не знаеме да го наместиме Не сме ја користеле таа опција искрено, фиксирано е седиштето на една позиција и така го користиме веќе 4 год, ќерка ми не се пожалила до сега.
@The Unicorn јас немам сила да го спуштам,секогаш го гњавам маж ми,тој некако лесно успева.. На празно седиште можам,ама кога седи таа нема шанси. Ми се чини нема финта,само фатот е ваљда
Zdravo majki Sakam da zemam sediste za malata pa mi treba sovet od vas.. ima 14 meseci i 14kg... se mislam pomegu ovie na cybex: https://krs.mk/proizvod/aura-fix-comfy-grey/ https://krs.mk/proizvod/pallas-b-fix-vulcano-black/ Dali se komotni za mojata bucka,kolku se bezbedni i dali se navaluvaat za spienje (prodavackata vo krs neznaese da objasni bas)? Gledam ima i za 15kg ama se od 3god dal da i zemam takvo so ogled na kilaza i visoka e? Dali 360 rotirackite se mnogu polesni za stavanje dete poskapi se pa se mislam... Fala odnapred
Што мислите за ова седиште https://www.libertabebecentar.mk/relaksatori/sedishta-za-vo-kola/mamalove-angel-9-36kg-blue ? Му се ближи прв роденден на синко па ми испратија линк од ова седиште дали ми се допаѓа за поклон? Читајќи низ темава гледам дека препорачувате некои поскапи седишта. Joie Traver го нема на залиха во Тополино (прочитав тука позитивни искуства). Во некој ценовен ранг до кај 6000ден некоја препорака да не имате? Благодарам однапред!