Monkey научида го откопчува седиштето. Се продаваат кај нас додатоци плус што се ставаат да не го откопчува? Имаме седиште Макси Кози Титан
И синко едното го откопчува, мислев до квалитетот на седишето е (подарок и поевтино па купивме ново). Ако не најдеш, кај шнајдер нека ти сошие парче со лепенка. Не е поврзано, ама пробува прозорец да отвори со нога? И врата? Кога ке прооди.
Додека го собира во обратен правец вози го зошто така е најбезбедно. Кога веќе ќе нема да го собира мораш да го свртиш.
Какво кај шнајдерка? Немаат во бебе хом, не знам каде да проверам на др место. Отвара и врата да, ама со чајлд лок не може
Да и а решение, ама он си пробува кога му е досадно. Па од материјал да ти сошие околу делот што се закопчува и да има лепенка широка, тешко ке е да го одлепи.
да ми предложите седиште за во кола што не поти? буџет 9-10к. 0-25/36кг да биде дека имам висока женска што не верувам дека ќе биде проодена дур ја собира транспортерот.
Не знам кое по ред ќе ми биде ова седиште да го купувам ама дефинитивно нигде не можам да најдам некое што се наметнува малку повеќе. Дали имате некое да предложите пак ќе кажам да може повеќе да се спушти за спиење?
Јас го имам од Локо Кроко земено. Ако го возиш во спротивен правец баш е легнато т. е. 4та позиција али ако мислиш за напред да се спушта повеќе сите се исти т. е. полу легнати. https://www.lococroco.com/седиште-кikka-boo-armadillo
Го имаме и ние истото,сега за сега сум задоволна...малата е 6 месеци,ја возиме во обратен правец,удобно и е,што е најважно го сака,си спие во него без проблем.Материјалот ми се допаѓа ептен.а практично ми е тоа што ротира и си ја вртам накај мене.
Да само лошо е што сите имаат плус безбедносен каиш што се закачува од страна на гепекот и да сакаш да го ротираш мора да го откачиш за да го свртиш.
Нашето седиште за во кола го купивме од Чико и многу го поти син ми. И нс кратка релсција за низ град ептен жива вода се прави. И тетра пеленс му ставам ама џабе. Ваше искуство или совет што да правам ? А сите седишта се од ист материјал
Не би требало да е така зошто од позади се стега каишот за да не може да мрда седиштето. Ако е свртено према напред седиштето тогаш е скроз стегнато, а ако сакаш да биде во контра правец мора да се пушти од позади каишот за да го изротираш. Баш прашував во сите продавници за седишта дали има некое што се ротира без да се пипа каишот одговорот беше не, зошто мора да биде прицврстено убаво седиштето
Седиштето што го имам е топ безбедно. Ротира 360. Каишот си стои без да се вади. Закачено е сo изо фикс и не мрда воопшто. Целосно можам да го свртам од една на друга страна без вадење на каишот. Не знам како е поставено кај вас, ама тука е возможно. Каишот си се прилагодува на движењето на седиштето. Затоа се вика 360°. Не знам во кои продавници си прашувала дали има такцо седиште, ама еве моето е такво. Значи има. Макси кози е. Има 2.2 на адак, твоето?