Бебе се вози обратно. И се додека може се вози обратно (минимум додека убаво прооди заради контрола на мускули). Дете се вози во працец на возење.
Здраво, некој искуство со седиштево или предлог? Бебе е 3++ па сакам да земам седиште, докај 6000 илјади денари. Благодарам
вакво си добивме на поклон, предобро. од маневрирање до лесна инсталација и материјал. https://bebehome.mk/product/maxi-cosi-stone-authentic-graphite гледам го нема на залиха, ние го зедовме пред месец дена отприлика, само по едно имаа донесено во салонот во сити мол и аеродром дека најнов модел на макси кози. претпоставувам очекуваат нова пратка.
ни ние немавме кујзнае колкав буџет, дали третина од ова и едно што ми фати око беше на чико gro-up 123 од енци менци (околу 7000). е сега, на форумов не се задоволни од материјалот. бев во продавница да го видам и таму ми покажаа седиште joie со многу подобар материјал (околу 15000) што може да се користи од 0. ич не ми текнува што модел беше, ама бевме спремни да зголемиме буџет дека ептен ни се допадна. како и за количка, најдобро е во живо да се рагледа, па уште ако и ви се погоди некој продажен асистент што супер објаснува. за полесно да изберете.
Го има ли некој седиштево на FOPPAPEDRETTI? Пишете мислење и ако сте во виделе во живо, за жал пак на невидено морам да купувам.
Мислам дека падна одлуката за седиште, уште зелено светло од некоја мајка што го употребува(ла) Maxi cosi titan pro
Дали е пријатен материјалот или го поти? Негде поназад прочитав и такво мислење, па тоа ме кочи, оти ќе патуваме подолго почесто. Ги означувам и @Minnie-e @kukla21 @MacenceEna, низ темава видов дека имате макси кози, секое мислење ми е добредојдено.
Мислам дека нема седиште што не поти. Некое повеќе некое помалку. Со клима ке е таман. Сепак тоа е пластика, стиропор или нешто слично и платно. Поентата е да штити и мислам дека не може да биде се идеално. Јас го гледав титан ама ме одврати тоа што се спушта ептен малку за спиење. На око нема разлика од позиција за седење до таа за спиење. Мене ми требаше седиште што се спушта за спиење целосно како за бебе, затоа се одлучив за друго.
Го заборавивте моето замарање на темава? Е па ви се вратив Антоније нè премислуваше да не земаме 9-36, туку на пример 9-18 или 9-25. Не сум видела, има ли воопшто кај нас вакво нешто?
Ние имаме maxi cosi pearl. Се спушта и за спиење. Од 9 кила до 18 кила. Двете поголеми се водеа во него. И бебе сега ќе се вози во него. За потење незнам баш. Моите не се потече во него. Ептен ако биле заспани и на подолг пат.. Ние сме задоволни од седиштето. Едино што треба е да смениме е прекривка, пошто бојата е розева
И јас го имам Титан ама обичното,не Про,задоволна сум .Ова pro имаше нешто полоши оценки од ADAC во однос на безбедност,па затоа се одлучив за обичното,со цена беа тука негде. Материјалот е солиден,на претопло нормално ке испоти,ама секако се става дете во тек подизладена кола. Иначе постојат наменски фротир навлаки за во лето,специјални за седиштава.