Мамички ај ве молам мислење за седиштево https://www.encimenci.com.mk/sedish...ix-cherry-0-do-36-kg-foppapedretti-9700418802
Има ама горе доле скоро иста цена се. Ако веќе земаш седиште земи си од 0-36 за утре здравје боже уште едно бебе кога ќе имаш ќе си имаш седиште и ќе си е вози во него. А за поголемото ќе си позајмиш само за седење или половно некое ќе купиш.
Ти сакаш да ми заштедиш пари гледам Веќе купив седиште 9-36, конечно, со месеци не можев да се решам, па се отарасив од мислење за ова Транспортерот е голем (0-13 kg), со база е и уште малиов се вози во него свртен обратно, само мене ме фаќаше паника што седиште не сум купила. Гледав од Макси Кози, не се сеќавам дали беше до 18 или до 25 килограми, но немаше изофикс и не сакав со база да земам пак. Дајбоже да имам уште едно дете, тамам ќе се изнавози и тоа во транспортерот додека дојде време за седиште, камо да имам можнст пак да купувам седишта
Мене па траспортерот дека со каиш се прицврстуваше ми делуваше на многу не стабилно и затоа земав од 0-36 и дека има 3 позиции за легнување. Тие од 9кг мислам дека се фиксни и нема положби за менување.
Ова седиште што го зедов има 5 позиции, не е фиксно. Ортопедов ме советуваше да не е толкав распонот, да не земам на пример 9-36, туку 9-18 или 9-25 ако најдам. Кога го прашав да земам 0-25, ми рече не се зема 0+ за проодено дете.
Кое го зема Оли? Во план сум да земам и го чекав прегледот кај Антоније ама еве добив инфо од тебе какво препорачува.
Зависи од седиштето какво е на саото седиште пишува или до кога го собира наназад да се вози зошто е така најбезбедно
@Peperutka-bt, @Brpbrp најдолго што може да се вози свртено назад. Препораките по ново се до мимум година дена да се вози свртено назад, најдобро додека убаво не прооди (Во САД до две години н априомер мора назад свртено да биде https://www.verywellfamily.com/how-long-rear-facing-car-seat-293731) . Ова има врска со безбедностан на бебето/детето и можноста за стабилно држење на вратот. На шест месеци дбебето е премало да се вози свртено напред бап заради слабата контрола на мускулите на вратот. Јас лично го возев свртен наназад до 15 месеци (прооде убаво на 12), потоа му го свртев седиштето да гледа напред.
Јас големата керкичка ја возев во транспортер до 6 месеци завртена наназад, а после тоа во седиште завртена нанапред. Малечката ми е сега 5 месеци, уште во транспортер ја возиме назад свртена, кај и да е ке ја префрлам во седиштето а главата веке си ја држи убаво
Мамички предложете убаво и безбедно седиште 9-36 или 9-25, ама да има вртење 360 степени, да може да се легнува и буџет до 9000 ден…постои такво или многу барам
Ротирачките седишта се 0+. Такво бара. Само мислам сите се над 9000 ако се добри и тестирани за безбедност.
Ајде малку подолг пост, малку повеќе се замарам за тематикава можеби отколку што треба ама не сакам да купам небезбедно седиште... Значи прашање до искусните мамички, дали поголема цена = поголема безбедност? Бидејќи гледам седишта има од 3000 денари, има од 30 000 денари а на пример разлика многу во смисла на наслони, позиции и друго нема...сигурно материјалот на тоа од 3000 не може да биде ист со тој од 30 илјади ама освен такви работи на што се должи разликата во цена...дали тоа од 3000 е небезбедно? Знам дека постои страна за проверка на безбедноста ама јас пример не можев да се снајдам, конкретно барав за едно седиште од марка Лорели, не ми даваше никакви резултати... Ајде пример, да ми дадете препораки за седиште без изофикс, да има поголем наслон односно да се навалува повеќе, бидејќи гледав пример едно од чико премногу малку се навалуваше а ми треба за возење на поголеми релации, не сакам да ми спие детето во стоечка состојба, да има добри оценки за безбедност, а да не е поскапо пример од 9000 ден...Во моево ценето градче имаме само две продавници за бебешки работи, па во едната чекам да добијат за да можам да видам во живо ама би сакала да видам и нешто онлајн...пример гледам едни седишта од Локо кроко има од 5-7 илјади дали пример некоја има искуство, дали се добри... Извинете со замарањево ама знам дека долго време се користи и сакам да купам убаво а пред се безбедно седиште