Пред се што бараш дали со изофикс или без, позиции за спиење колку да има, 0+ или 9+ кг бараш. Мене ми по безббедно со изофикс одколку со каиш да се прицврстува како повеќето траспортери. Јас имам од Локо Кроко Armadillo се вика седиштето пред 6 месеци го земав бевме до Грција на одмор дете не виде мака искрено супер пројдовме. Цената е различна ради наслони, матерјали, со или без изофикс, ротација и нормално брендот го плаќаш. Кратко ќе ти го опишам моето седиште. Има изофикс Се ротира 360 степени Обратно свртено е со 4 позиции за навалување 0+ до 36кг е Има додатоци што се вадат Не поти и ако се исфлека се чисти со влажна марамица што нема потреба да триеш Има повеќе позиции за глава дали беа 5 или повеќе не знам Е сега ќе ти ја кажам мааната на седиштето. Се ротира 360 но мора да биде прицврстено позади кај гепекот за шипчето и стегнато при што ако го возиш бебе нанапред и сакаш да го легнеш во 4та позиција(нај навалена за спиење) мора да го попушташ каишот од позади кај гепекот за да го изротираш. Кукла имаше ставено од нејзиното седиште Макси Кози од Бебе Хоум 30 000 мислам дека беше на самото седиште има додатна пластика што е прицврстена и не мора да се замараш со каишот бидејќи без проблем ротира 360, а воедно е и безбеден. Е сега зависи колкав буџет имаш за да купиш седиште. Еве ти пример од тоа седиште https://bebehome.mk/product/maxi-cosi-аксис-фикс-плус-аутентиц-блек/ Еве ти го моето https://www.lococroco.com/седиште-кikka-boo-armadillo
Фала ти на деталниот одговор... Значи ми треба без изофикс бидејќи во нашата кола нема можност за изофикс барем така ми кажаа, дека треба да има две дупки во кои влегуваат шипките а кај мене нема... прво барав со ротација после сфатив дека не ми треба...ми треба да се навалува седиштето бидејќи често патуваме па да може комотно да спие... искрено незнам дали ми треба 0+ или 9+, сеедно ми е, детето е 9 месеци веќе има 9 кила па така може да седи и во едното и во другото
Барај тогаш седиште со каиши што се прицврстува. Штом патувате често ќе ти треба 360 да ти се врти и со 4 позиции т. е. позициите за спиење нај навалено би било во обратна насока. Додека да прооди се вози во обратна насока на движење. Тие со изофикс се поскапи 6000 денари па нагоре., бидејќи тебе не ти треба такво ќе поминеш поефтино. https://www.lococroco.com/седиште-kikka-boo-vintage И ова би ти завршило работа.
Грешка си. Децата треба да се свртени со лицето наназад додека не проодат стабилно. Или барем да се движат фатени за мебел, ова е моја одлука ама не е потврдено од ортопед. Синко на 6 м имаше 9 кг што не значи дека е спремен за седење нанапред. Тоа 9 кг е барем толку кг да има на возраст кога е спремно детето за седење. И јас барав да се навалува за спиење затоа што титан на макси кози кое го меркав има две положби и таа поспуштена не е доволно спуштена за спиење.
Не е дека патувањето е толку често ама пример 3 саати до скопје еднаш на два месеци и назад уште 3 саати е сепак пат, па сакам да биде комотно...ми покажаа во продавница едно на чико, се беше супер ама позицијата која се навалуваше беше ништо, можеби 10 сантиментри, затоа барам некое што се навалува повеќе...Фала ти А на тие без ротација не може да се вози свртено обратно? јас така и планирам да го возам се дури може, не ни мислев да го возам нанапред...затоа и прашувам што ми треба зошто очигледно не сум доволно информирана,а не реков дека ќе го возам нанапред
Обично седиштата што се над 9 кг се свртени напред. Тие од 0+ имаат можност да се вртат и назад и напред. Е сега убаво е да се вози свртено наназад се додека е можно (јас моето го возев така до 15 месеци па потоа го свртев, а веќе беше добро прооден што е битно заради контрола на вратни мускули). Е сег разликата во цена е и во материјали и во изработка на седишта и слично. Брендовите што ги има на запад се повеќе тестирани. Пример на Adac.de имаш за многу седишта тестови. Проблемот е што локалниве брендови не се тестираат (голем дел од овие овде што се продаваат како Лорели и сличните Бугарски марки). Јас сум секогаш да купам седиште што е тестирано од Адак и има добри оценки. Сег во моемтнво мојов се вози во Joie Traver Shield што има многу добри оценки на Adac (исти како оние на Макси Кози а е прилично поефтино). Е сега на пример во истиот ценовен ранг има и седишта на Chicco ама ниту едно нема добри оценки на Adac.. Мене купувањето седиште ми беше наука. Сакав да го одберам она што е најбезбедно. И сеуште си го возам детето во седиште на скоро 6 години. И ќе го возам додека го собира затоа што безбедноста ми е битна.
Е вакво објаснување ми требаше..не ни знаев дека седиштата од 9кг се обично свртени нанапред…Мислење на место, сигурна сум дека ќе им помогне на многу членки кои ги имаат истите прашања како јас
Подобро ли е да се земе "растечко" седиште, пример до 12 год или да се земе до помала возраст, па после друго? Дали седиштата со изофикс и општо без изофикс се лесно преносливи и лесно се монтираат од еден во друг автомобил? На што треба да се внимава најмногу кога се купува седиште? Гледав на страната на ADAC, според тоа што ми е потребно, ми го предлагаат Cybex Sirona SX2 i-Size, тоа е некаде до 4 годишна возраст. Доста висока оценка има на тестовите, го има ли некој седиштево да сподели лично искуство? Куп прашања, знам, ама многу се мислам да не згрешам околу изборот на седиште
Ние го имаме Cybex Sirona Z i-size и сум задоволна. Исто има висока оцена на ADAC, недостаток е што посебно се купува базата, но цената пак доаѓа како другите Cybex седишта. Ако земаш изофикс седиште и сакаш да го менуваш во повеќе автомобили, треба самите автомобили да имаат изофикс инаку нема да можеш да го монтираш.
При купување внимавав на безбедност и на тоа како мислам да го користам седиштето. Ние имавме на почеток 0-18 кила кое го користевме до 4 години. Имаше посебен додаток за новороденче и неколку нивоа на спуштање дури и кога е свртено нанапред и супер беше за дете да спие при подолг пат. Сега имаме 9-36 кила кое на крај останува како Изофикс бустер. Детево преферира да се вози во седиште наспроти бустер зашто е постегнат кај главата (уште малку ќе има 6 години) Двете се со трета точка на поврзување позади или појас, не како ова што си го ставила со нога. Изофикс е побезбедно од обично седиште зашто нема грешки во местење. Само колата мора да има Изофикс (новите секако имаат, дури и едната што ни е од 2007 има). Лесно се преносливи од кола во кола. Тие до 12 години не знам какви се.
@Tiny Love @JoyJoy ви благодарам многу на одговорите, сега ми е многу појасно Мислев дека Изофикс има секое возило Утрово проверивме и едниот автомобил нема. Постојат ли седишта (исто седиште) што би се прицврстувале и со и без Изофикс? Или би требало да се купат две седишта во овој случај?
Обично тие што се изофикс само во кола што има изофикс може да се монтираат. Има некои што се обично седиште на кое може да се докупи Изофикс база, ама не би знаела кои се тие. Никогаш не сум ги гледала опциите без Изофикс. Во суштина ако немате Изофикс купете седиште без Изофикс врзување (малку покомплицирано се местат во кола зашто со појасот од колата се прицврстуваат ама ништо страшно). Другата опција е дека детето ќе се вози само во една кола а шоферите по потреба ќе се менуваат од кола во кола.
Dali nekoja go ima recaro sedisteto vo enci menci go imaat? Maz mi go bendisal na glava mi se kacuva a jas ic ne sum gledala sedista jer transporterot mi e do 87cm i se.mislam rano mi e.
Кое Рекаро? Монца ли? Не е лошо за над година и пол (братучетка ми имаат такво). На Adac има оценка 2 и е во зелена зона. Слична оценка на Adac има Joie Traver Shield (1.9) од таа категорија а е прилично поефтино https://topolino.mk/product/sedishte-traver-shield-9-36kg-isosafe-joie/. Ние го имаме Joie и детево го обожава (само никогаш не сме го користеле напред додатокот зашто го купивме над 3 години на детето). Ние го купивме од Енци Менци ама сега таму го нема.