Полошо е за безбедност според Adac. Не е во зелена туку е жолта зона https://www.adac.de/rund-ums-fahrze...kindersitztest/details/696/recaro-tian-elite/
Zdravo. Dali nekoj go ima sedishtevo da spodeli iskustvo https://topolino.mk/product/sedishte-za-avtomobil-traxrelax-asphalt-chipolino/
Ние уште сме во транспортер, имаме уште фора да го користиме. Прашањето ми е дали детето треба да седи стабилно за да се користи седиште во кола? Дали седиштето се наслонува под агол?
Има различни седишта за во кола. Има 0+ кои се вртат во насока на движење и обратно. Има и такви за 9+ кои се фиксни напред свртени и имаат само мал агол или фиксни напред ама со повеќе агли. Инаку детето треба стабилно да оди за да има добра контрола на вратни мускули пред да го свртиш да гледа напред. Сега препораките е што е можно подолго да се вози свртено наназад заради заштира на мускули на врат. Јас го возев назад до кај 15 или 18 месеци не се сеќавам точно, а прооде на 11 и пол.
Другарки, Некоја да не ги има седиштава па да сподели искуство? https://www.lococroco.com/седиште-kikka-boo-stark-isofix https://www.lococroco.com/седиште-кikka-boo-felix-isofix https://bebehome.mk/product/bebe-confort-evolvefix-night-black-0-36kg/
Немам баш со ова седиште, ама имавме искуство со друго седиште на Макси Кози (а истите седишта се од двата бренда) и супер се покажа. Сега друго бебе се вози во тоа седиште зашто нашето беше до 18 кила. Ова конкретново не можам да го најдам на ADAC ама би требало да е ОК.
Некако транспортерот што го имаме како во дупка ми е бебето. 5+ е. Ги гледав седиштата што се од 0 кг за понатака . Прашањето ми е дали е практично да земам такво седиште за сега да го користам и понатака за седиште. А сега би се фиксирало како поднакосено за бебе?
Ние го префрливме бебето од седиште 0-9 кила кај нас познато како транспортер во седиште 0-18 кила на 2 месеци. Седиштето беше повисоко поставено во кола и бебе можеше да гледа низ проџор па помирен беше кога се вози. Онаку 0-18 кила или 0-25/36 кила се супер опција зашто детето може подолги да се вози свртенл наназад што е побезбедно отколку на 9 или 15 кила (кај некои тоа е на година дена) да се префрли во седиште што ќе гледа напред. Исто така 0+ седиштата имаат и поголем наклон кога се свртени напред штп е супер за безбедно спиење во кола при подолги патувања. За безбедни седишта проверувај ADAC. Многу честп седиштата на Chiccо не поминуваар добро на нивните тестови.
@JoyJoy кое го имаш ти? Има некоја друга седиште 0+ што е да ми сподели искуство какво да земам? А сега за бебе е комотно за лежење така т.е. поудобно е од транспортер претпоставувам. А после за кога ќе почне да седи свртено напред се наслонуваат ли како за лежење или зависи од моделот?
Јас имав Макси Кози Милофикс. Не знам дали тоа уште го има зашто е постар модел, сега има многу понапредни замени за него што се вртат 360 степени. Бебето кога лежи е пак под агол (тоа е и поентата на седиштето да го држи во безбеден агол). Инаку не е неудобно. Седиштата имаат перничиња кои се користат за помали бебиња и како расте дел по дел се вадат. Кога се врти напред седиштето има две или три позиици на наклон (од потполно исправено до полулегнато) зависи од моделот. На 4 години од детето го сменивме седиштето со Joie Traver Shield кое официјално е за деца над година дена (над 9 кила) и кое е многу поисправено од она 0+ седиште во позицијата што е како залегната. Двете кога се потполно исправени имаа ист агол на седење, разликата е во позицијата за навалување. Она што е 0+ е полежечка позицијата, она што е над 9 кила е поисправено.
Баш и јас го гледав во енци менци. Од каде е ова и шо пари е? Од тетово од чарли шоп имате ли земано седиште, какви имаат?
Баш од чарли ни е земено,6500 ден го зедовме. Само сакав да слушнам мислење како е некоја мајка задоволна, се мислев да биде до 36 килограми но сепак испадна ова.
Кои други брендови ги имаат? Дали имаат 0+ седишта. Немаат сајт за да погледнам. Штом сте се подновиле со здравје да се служите па ќе споделиш како е.
Имаат мислам дека и такви седишта 0+ може на Facebook или Instagram да погледнеш. Фала поубаво да си купите.