Аха, може да, но почнува од 0 нели? Немаат од чарли на нет да разгледам. Ги прашав па фала богу ми вратија . Дали седиштата со исофикс може да се монтираат со каиши во кола што нема исофикс. А гледам и локо кроко имаат доста избор. Препорака за 0+? Енци менци бев ама немаа нешто избор голем. Повеќето се над 12 илјади.
Како возите дете и бебе? Мала разлика се, 2 години само, и големата е во седиште, а бебето се уште во транспортер, ама секогаш седнувам јас назад со нив оти бебе знае да плаче по пат и да нејќе да лежи посебно на подолги релации. Е сега размислувам како да ги возам понатаму, дали да купам уште едно седиште или само бустер за поголемата (2 години и 7 месеца е) за да може некој да се пикне измеѓу ако треба, на пример јас ако му се прицица на малото на сред пат Какви ви се искуствата?
На таа возраст не е дозволено бустер. Моите се на блиска возраст, едно седиште/транспортер до еден прозор друго до другиот. Ретко седев позади, за доење секако на паркинг, на предно седиште, каде е покомотно.
Фала ви. Тогаш ќе земам за големата да и одговара на возраст и килажа, ова нејзиното ќе го наследи малата оти е 0-36. Некако ко да и се смалува транспортерот.
Каков ви е распоредот за седење, ти во средина или од страна седиш, бидејќи велиш дека и ти си позади. Некако сами позади не ми се оставаат двете, а со мене е тесничко
Исто и мене, а и бебето знае да плаче по пат, и здосадува па мора да ја кренам или да и дадам да цица, а не секогаш може да се застане и засега позади и јас иако ми е здосадено веќе. Таман се осамостои големата сама позади ајде пак бебе . Сега за сега бебето е на средина во транспортер па јас. Тесно ми е и мене, затоа не знам како е најдобро. Најверојатно ќе се помачиме вака уште некој месец и штом наполни годинка и двете назад во седиште, а јас комотно напред. Ама знам дека за подолги релации пак ќе е тешко нема шанси да седат долго сами. Големата кога беше 15 месеци бевме на одмор и пола пат (додека беше будна) морав назад да си го преседам да ја играм инаку плачеше, ама тогаш друго беше само 1 седиште беше. Затоа прашав како се функционира со 2
Aма кревање на бебе во возење нема, ќе плаче ќе преплаче и ќе се смири, така ќе се научи. И бебе се става пред патување и се врзува убаво се стега, без јакна, се стабилизира убаво и се трга.
Точно, теоретски е така, ама во пракса е невозможно да се спроведе со некои бебиња. Еве сега може можам со ова, помирно е, искрено не сум ни пробала. Ама со првото пробував што не, ама кога ќе викнеше не се смируваше ни во раце, а не пак да ја оставам во седиште, се зајдуваше од плачење. Еднаш памтам 3 месеци имаше, бевме со кола до друг град, саат време пат, цел пат беше вриштење од непознати причини, а плус во раце ја држев, застанувавме дури неколку пати ја изнесувавме надвор да се смири и ништо. Хорор ни беше патувањето со неа додека не почна да разбира и да се залажува.
A ти мислиш моето не плачело? За безбедност плачело не плачело не ме занима, тоа е. Кога се мора се мора. Има плачено од Велес до Скопје, јас цела навалена над него го смирувам и така тераме до некаде, па отварам воздух да влезе, па застанавме на првото стојалиште го изнесов на - температури надвор да се смири па го вратив назад. Има 5г и 8м, не тргаме ако не е закопчан на како што треба.
Сега и кај мене е закопчана големата, 2г 8м. Дури и сама си се закопчува и сака да си седи во седиште. После 10м чинам почна да си седи и да не се буни само чат пат и требаше мала забава па и ставивме играчки позади и си играше по пат. Ама кога ќе почне да разбира е друго.
Ама ти не сфаќаш дека нема друго, трето, нема тргање ако нејќе да се закопча. Кога е бебе оно појма нема дали е закопчано или не, да бидеме искрени, само малце си сака трпение. Нас во болница не ни дадоа да го изнесеме дур не го врзаа убаво во транспортер. Ни до градинка, на 500м не одиме неврзани, секогаш без исклучок е врзан.
Во која болница ова? Ова некаде во странство е сигурно. Мене од болница ме пуштија во катастрофа состојба, одвај одев, око не им трепна, а не да се замараат бебе дали е врзано или не. А се' те сфаќам, врзувам и јас, не реков дека не ја врзувам. Врзувам и по потреба одврзувам, држам, нишкам, цица и што и да треба за да се смири и пак враќам кога ќе се смири. Ете неодговорна сум, ама не би ја оставила да плаче до зајдување ако можам да ја смирам со земање. Тоа плачење го деконцентрира и мм кога вози па сметам дека добро правам. Зборам за бебето и за големата кога беше бебе. Сега големата е исто без исклучок врзана, со таа разлика што за кратки релации низ град не и соблекувам јакна за да ја врзам. Ми нема логика да и облекувам јакна до кола па да и соблекувам во кола па пак да и облекувам за 5 минути кога ќе стигнеме некаде. Дури ми е чудно како некој го прави тоа. Ама браво за трпението што го имаш ако стварно е така како што велиш. А ако повеќето тука правите вака, тогаш јас се самопрогласувам за немајка.