@lady.N и јас никогаш не сум одврзала бебе/дете во возење. Застанувавме ако треба да се смири па продолжувавме. И имавме краток период на плачки ама издржавме. Имавме и период кога протнуваше раце низ каиши па се каравмр итн. Мене лично би ми било страв да му давам на мало бебе да цица во кола. Имаш дупки, кочење и слично. Може да се загрцне, да се слизне од рака. Знам дека многу луѓе не ни возат деца во седиште ама мене ми е многу опасно тоа. Јас ептен внимавав и какво седиште купував (со добри оценки на Adac) и пазам детево правилно да седи. Од болница излеговме во седиште. Моравме да имаме седиште. Се породив во Ремедика.
Значи во приватните е така, јас се породив во државна, и количката заедно со транспортер ја купив после тоа, така што првото го изнесов во плик кебе. Знам дека е правилно така, ама ете јас не успеав додека беше ептен бебе. Штом почна да разбира фативме ред. Ова второво е помирно и можеби можев да го научам, ама не се ни обидов искрено. Не дека цел пат ја земам во раце, ама се случува еднаш или двапати во зависност од времетраењето на патувањето и најчесто е за цицање. И никогаш не сум осетила дека ќе се задави или пак да ми се лизне. А откако ќе цица ја враќам и најчесто си заспива. Може до мене е, скоро секогаш кога одиме некаде сум во фрка, се спремам многу време и она огладнува по пат. Уште малку ќе почне и она да седи подолго, сега не ни цица толку често, веќе е 7 месеци. Ајде кога веќе кажа дека се разбираш во седишта да ме упатиш какво да земам, да не ја полниме темата со офф. За првото ми беше битно само да има изофикс, оти мм често оди на патувања со колеги и треба да се вади и става па да биде полесно. Првото ми е од 0 до 36 кг, така што сега тоа може да остане за бебето, а за големата да купам друго. Што е битно за едно седиште да биде добро?
@lady.N ако е за поголемо дете не мора да се спушта или слично. Битно да има добра оцрнка на Adac.de. Мојот од 4 години се вози во Joie TraverFix.
А зошто баш 9-18. Ние на пример зедовме 9-36 кога детето имаше 4 години. Побитно е како е за користење и безбедност.
Препорака од ортопед. Сѐ уште го возиме во транспотер, за некој ден прави 8 месеци, па полека се спремаме за седиште да купме да бидеме спремни и барам искуства
Додека е главата внатре не треба да брзате. Што подолго во транрпостер тоа подобро. Многу поголема опасност е мирно неврзано бебе од расплакано а во транспортер. Во седиште седи па макар и да се дере. Првото долго патување беше хорор до Охрид ама од седиште не го извадив. Не знам како не им е страв во раце да ги возат секогаш, какви сообраќајки има, ни крив ни должен ке погинеш на лице место. Како што опиша Антоније, ова е рафал.
Чисто се информирам, за да бидам спремна и да ги расчепкам страниве со седишта. Може некој попуст ќе начекам Не дека ќе го седнам во седиште и мене вака побезбеден ми изгледа, а и не е некое големо бебе.
Во Мк, во Санте. Ти си знаеш, јас не мрдам без да е врзано и тоа не е тест за мајка немајка, тоа е само како е добро и правилно за твоето дете, не за тебе.
Дете во кола само врзано. Ако треба да се земе/ застане застануваме. И кога беше бебе исто. Еден период кога почна да разбира не сакаше во седиште, ама ете види колата не трга ако не се врзеш. Се врзува мм спремен одма да тргне штом се врзе. И немаме проблем Сега ја научив дека во возење нема одврзување, па ако сака ќе треба да ни каже да застанеме. Па така ми вика, мамо ќе мора да застанеме да изезам за да си го почешам газот, не можам вака врзана
Како што реков, големата е секогаш врзана, а бебето додека е во транспортер е врзано, кога не е ми е всушност во раце. Цица или ја подржувам исправена и враќам назад. А опасност постои секаде, да ни ги чува Господ само.
Тоа не е изговор. Ако знаеш дека е опасно не треба да вадиш бебе од транспортер. Твоите раце и мои и било чии нема да го заштитат од судар. Транспортер да.
@Dee*Tee бебе/дете треба да се вози во кола свртено наназад што е можно подолго. Најбитно е при вртење напред да е добор проодено за да има добра контрола на вратните мускули. Ние имавме седиште 0-18 кила (новороденче до 4 години) и се возеше назад свртен до кај 17 месеци мислам (5 сигурно имаше, а дали имаше 16 или 17 кога го свртевме не знам). Прооде на 11 и пол месеци. Е сега јас лично ич не би гледала опција до 18 кила ако имате траспортер зашто така ќе го возиш во тоа до кај 3/4 години па потоа пак ќе ти треба седиште за до кај 25/36 кила. Јас би го возела во траснпортер и потоа би купила седиште 9-25 или 9-36.
Фала многу за деталниот одговор. Истото планирав да го правам со возењето наназад до подоцна, но сакав купам седиште 9-18, а потоа да го сменам со поголемо. А предлог за седиште 9-25?
Јас две седишта што имав до сега со Изофикс само со Изофикс може да се монтираат. Изофикс седиштата имаат шипки кои пречат за врзување со појас. Ако сакаш да можеш да го врзеш седиштето со појас и со изофикс треба да гледаш седишта кои имаат Ифозикс база. ВО тој случај седиштето се врзува со појас а ако сакаш Изофикс го монтираш на базата (која е всушност пластична подлога со изофикс шипки на неа). И така во колата со Изофикс се монтира на базата седиштето, а во другата само седиште без база.
Истата препорака ја добив од Антоније и едно време запнав да барам седишта 9-18 и 9-25, прашував во темава, ѕирни некоја страна наназад. Но не бев задоволна од изборот на седишта, не знам дали две-три најдов такви кај нас. На крај решив да го возам обратно во транспортер максимум додека не го надрасна потпирачот за глава, па на 18 месеци го префрлив во седиште 9-36. Едно 2-3 месеци пред да го употребиме, седиштето во кутија ми седеше, не можев да се одделам од транспортерот
Го прочитав и твојот пост И јас истиот совет го добив, а и свесна сум дека уште ми е рано и ич не се брзам да го ставам во седиште, транспортерот што го имам баш е одличен. Кај нас воопшто нема избор за такви седишта ко што викаш, па затоа мислев пошто има мајки од сегде на форумов, можеби некоја користи некаков што можам со време да си го набавам од соседството ако кај нас го нема