На официјалниот сајт не можам тежина да најдам ама висина е до 105, е сега дали на 3 или 5 години ќе биде 105 цм е индивидуално ако го земеш по тој параметар ќе се водиш кога да го мењаш, а за тежинава стварно не знам, ако е до 25кг секако подобро. @sikica7 Едит: на ADAC е до 18 кг. Ама сигурно на упатството точно пишува, а можеш и на макси кози на фб да им пишеш ми враќале.
Препорака за седиште за дете од 2 години и 12-13кг? Ќе одам до Либерта сега, па конкретно од таму ако имате препорака. И прашање, знае да си дремне во кола, па дали да земам од 0+ со опција за спуштање или 9-36 е подобро? Фала
Женски, добив седиште на поклон. Од кога можам да го ставам во него? Сега има 7м, уште се вози во транспортерот, ама веќе како да му е мал, нозете му излегуваат и ми делува како да не му е удобно.
Zavisi od kolku kg ti e sediste dali od 0+ili 9+ , ako janima potrebnata tezina mozes uste odma da si go vozis samo svrten vo sprotiven pravec od vozenje isto kako vo transporterot sto sedi. I jas mu kupiv na sinko pred 2 dena sediste od 0-25Kg pa uste ne sme go probale.
Транспортер е таман додека главата е внатре. Нозете брзо почнуваат да штрчат. Препорачливо е да седи во транспортер што подолго, барем додека не прооди стабилно. Ама ако е група 0-36 и ако се врти наназад слободно може.
Ич не видов, ама вака на изглед не ќе да е од 0. Некако многу ми е гломазно, а транспортерот мал, треба нешто за измеѓу да барам.
Зошто мислиш дека му е мал транспортерот? Колку цм е бебе? Моето беше доста крупно и до кај 10 месеци седеше. Да ми е овој памет не би го вртела напред уште некој месец. Ама одеше по мебел од 9 па си реков ај.
Па не му е удобно, не сака да седи убаво во него, се спушта надоле цело време, пробува да стане и нозете ги мести во лоша позиција. Инаку моментално треба да има околу 70цм, повеќе од 72 нема сигурно.
Не знам, можеби зависи и од марка до марка, ама не му е мал. Ако е главата внатре, верувам е, синко толку бил на 6 месеци, добар е. Не знам како може да се спушти, каиши се точно меѓу нозе, не може да мрдне никако ни горе ни доле што е и поента на седиште односно транспортер.
Мрда многу, страв ми е дека ќе се обрне и ќе направи глупост. И во седиштето го ставав да го пробаме, исто ми бега. Како црвче некое е, си наоѓа начини од секаде да избега, не поднесува да е врзан.
Не го врзуваш убаво. Значи нема шанси да мрдне. Нема шанси да се обрне. Секако ако е правилно врзан. Значи тој транспортер при сообраќајка и судар треба да го држи бебето. Тоа е целта да се заштити бебето додека се вози. Заради развој на рбет и цврстина треба да гледа наназад при кочење да се спречи сецање на главата, која не е стабилна. Ставаш бебе во транспортер и закопчуваш каиш. Стегаш додека да имаш простор за четири прсти кај градите. Од каишот до градите да има 2 цм макс. Тогаш е добро затегнат и правилно наместен. Потоа транспортерот го врзуваш до каиш од кола. Имав транспортер чико и не мрдаше. Потоа едно глупо седиште кое пак не можеше да излезе сам, ама каишите попуштија. Сега имам трето и пак нема мрдачка. Нешто грешка правиш.
До колку годишна возраст е задолжително да се вози дете во седиште? Да знам дали да купувам уште едно или може поголемото да седи на обично седиште врзано со сигурносен појас?
Бустер можеш да земеш, не се скапи. Ама бустерот има ограничување во висина, да не смета каишот од колата.
Кај нас нема закон за бебе/дете да седи во транспортер/седиште. Законот вели до 13 години не смее да седи напред.
Има има, само казната е смешна доколку те фатат. До 5 години мора да биде во седиште, а напред смее да се вози дете до 2 години (нормално во седиште или транспортер) само ако воздушното перниче е исклучено.
@hello-kitty.90, @IRBBB дете до 5 години задолжително мора да е во седиште. До 2 години може напред ако е сиклучено воздушното перниче и ако се вози свртено наназад. Член 164 го регулира тоа. https://mvr.gov.mk/Upload/Documents/Збсп - пречистен текст.pdf Настраната казната мало дете не е воошто заштитено и безбедно ако не е во седиште или ако нема бустер. Појасот од кола наместо да го заштити ќе го задави или детето ќе се слизне под него. Да не е и па ич врзано не треба ни да се помисли. Бустер е околу 1000 денари. И може над 5 години да се користи ако е детето крупничко/височко.