Фала на инфо женски. Не знам кај имам прочитано, веројатно стар закон е. Во секој случај, возење на бебе/дете во седиште и врзување е за негова заштита, а не заради законот.
Секако. Јас имам голем проблем со моево, значи страшно. Уплав имам од идење на подалечни дестинации (мислам на повеќе од 20км ). Секогаш морам да темпирам да е време за спиење зашто само така седи мирен. Инаку, пиштење, вриштење, телефон му давам и нема шанси да седи. Па правиме милион паузи, се убедуваме, му купуваме се што ќе посака и не, нема шанси. Колку пати за да стигнеме на време сум го држела во раце и само гледам напред, викам по маж ми полека да вози, па со него се карам. Ужас, многу ми е стресно патувањето. Ако имала некоја ваков проблем нека кажува како го решила.
Штознам, јас мислам дека е задолжително. Сигурно инфо ти е ова @IRBBB? 4год и неколку месеци ќе има синко додека да го предадеме седиштето на бебето, па се мислам дали да купам уштеедно седиште? И колку дете од 4 години умее да се вози без детско седиште, не сакам да му ја загрозам безбедноста.? Едит:сега ги прочитав и другите мислења. А овие седишта до 36 кг што се, можат во нив и поголеми деца да се возат, пример 6 или 7 год? Или тесни ќе се? Според килажатане би требало, ама во пракса како е?
Само со темпирана дремка, никако поинаку. Еднаш од бт за ск тргнавме после спиење, пекол беше патувањето. Тој плачи, вреска за да излези, пробува да отвора врата, играчки му држат внимание 30 секунди и после пак одново врескање. Тој и така не седи на едно место, а па уште врзан. Од тогаш поместуваме и одење некаде и патување во време кога треба да спие. За кратки релации нема проблем. Исто мислам дека ако седиштето го ставиме позади возачко седиште, ќе седи бидејќи разминување со други коли ќе му држи внимание. Ама не знам колку е безбедно тука, знам дека треба спротивно од возачот. Ако знаете да ме упатите за тоа, многу ќе ми е од помош.
Верувајте за заштита на детето е. Дете во раце на едни пријатели им летнало, па трчале по доктори, снимале глава, модрици, стрес, може и фатално да заврши. Ке чекаш да помине. Нема да треа уште долго. И синко правеше драми, сп телефон чат пат се залажуваше, ама помина. Сега е многу умен за седиште.
Трае од 6 месеци, сега 2 години ќе прави Имаше еден краток период после првиот роденден кога седеше без проблем, дома не се прибиравме и не ми требаше мм како личен шофер, а сега колата на паркинг јас такси плаќам за било каде. Проблем ми е голем. Ај се надевам ќе се смири за брзо, време му е, не е мал веќе. Јас па дури ново седиште му барам 9-36 изгледа и тоа џабе ќе биде. @IRBBB И нашето е позади совозачкото, не знам како е правилно.
Ние на 4 години му купивме ново седиште. Тие што се до 36 кила. Мојов не е многу крупен и е просечно висок. Сега има 6 години и неколку месеци и супер му е седиштето. Сега дури и не сака да се вози во кола во која нема седиште. Дури ни на бустерот не сака надвор од град да се вози. Си го бара седиштето. Така се чувствува мислам позаштитен и знае дека ако му се приспие ќе има како да спие (на бустер нема каде главата да ја навали, а во седиштето има, плус седиштето има некоја блага залегната положба во која може да се намести). @Jana06 навикнат е да добива внимание со плачење во кола. Плус голема грешка е ако викаш такси и таму е без седиште и може да мрда и да гледа повеќе. Те научил дека попушташ за плачење во седиште. Единствен спас е возење во седиште со рикање неколку пати (и никако такси и без седиште). Обично кај 6 до 9 месеци почнува период на бунење. Ако попуштиш отиде. И мојот така реагираше па возевме со мали залажувања. И тоа траеше добри 6 месеци. Па на 2 години научи една рака да ослободува од каиш па ја враќавме итн, итн. Ама затоа сега не сака без седиште да се вози.
Само зборење. Како расте ке разбира и за опасно што е и ке се смири. Син ми е палав премногу ама за седиште и улица вредело зборувањето. Кога ке види кола трча на тротоар да се качи, дури и со мене не сака да оди некогаш ако му кажам безбедно е. И во седиште седнува сам без драми. И кај нас е позади сувозачко, плус и на маж ми кога го вози сам му е позгодно така.
@JoyJoy @MilaSs12 Знам дека е моја грешка ама стварно такво пиштење веќе не можев да слушам. Ајде кога вози мм некако успевав да го излажам ама неколку пати кога бев сама притисокот ми го качи, па главиш во гужви, тој се дере уште толку, не знаеш напред или позади да гледаш. Многу стресно ми беше. А со такси неколку пати сум имала потреба сама со него да одам по доктори и не можам седиште да носам со нас. Сама пак да тргнам со него во кола не ми паѓа на памет. Веќе почна да пали муабет за други работи, ќе пробам да разговарам и за ова. Туку што е попаметно сега за над 2 години, 0-36 или 9-36? @JoyJoy Какво е вашето седиште зашто викаш си дремнува? Не му паѓа главата?
Joie Traver Прилично е длабоко ако се извлече во малку налегната положба и има место да ја потпре главата на страна на седиштето. Појасот од кола исто така прилично високо се протнува и добро го држи. Ова е од тие со Изофикс ама со перниче напред за помали напред со појас што се врзува. За поголеми само појас се врзува преку детето. За бирање на ова седиште го зедовме и него со нас и сам го одбра. Му понудивме неколку опции, седнуваше во продавници во седишта и рече ова да биде. Тогаш го бендиса зашто највисоко се креваше делто за глава (рече за многу големи деца како него било).
Ние мака за поаѓање имавме. Нема шанси да го седнеш, кочи нозе исправени и само може да го повредиш. Двајца со маж ми водевме борба со прцул од 2 години. Тогаш не разбираше до толку и живци скинавме тој период. И ние кога не вози друг, ретко ама се случува моите или свекор ми да не возат, такси и не може седиште да влечкам со мене, точно е. Кај торби и пазам да не фати прсти или да ми се извлече од рака, па врата да не отвори, уште седиште од 5-10 кг.
Мајки, а дали секое седиште со изофикс се фаќа на било кој модел на автомобил со изофикс? Сакам да нарачам седиште онлајн, нашиот автомобил има изофикс, веројатно било кое седиште со изофикс би одговарало, или не е така?
На макси кози страната имаш опција да провериш за твојот модел на кола. Ама би требало изофикс да е изофикс.
Ајде дури сте се распишале да прашам и јас нешто... @JoyJoy тебе ќе те тагнам ама слободно нека реплицира кој сака...имаме седиште 0-36 и транспортер...седиштето ни е во кола, а транспортерот уште ни е точен и го користиме кога се возиме во други коли, за да не правам земи преместувај го седиштето од кола во кола насекое...ама за брзо ќе морам транспортерот да го дадам на користење и ќе морам да земам уште едно седиште...се работи за дете од година и 2 месеци, сеуште непроодено...дали да барам 0-36 или можам и 9-36? или мора да е проодено детето за 9-36?
Ако е стабилно детето не мора 0-36. Можеш и 9-36 да земеш. Додека купите и се организирате може и ќе прооди детето. Секако гледајте тоа од 0-36 да ви биде главно седиште и да се вози детето подолго свртено назад.
Да да 0-36 ни е главно седиште, во кола ни е наместено ама некогаш се случува да не земе другарка или некој друг со друга кола и затоа ми треба нешто да земеме дополнително иако се работи само за неколку километри до шеталиштето каде најчесто патуваме, ама не се осудувам да го возам без седиште...досега го користевме транспортерот за тоа, ама ми го побараа и не сакав да ги одбијам, плус кога и да е ќе го надрасне секако...Фала ти на одговорот да се впуштам во потрага на седиште ( мачна работа е тоа одбирањето )
Не, јас имам изофикс и не ми се фаќаа сите со изофикс, ќе мораш да провериш. Обично на официјалните страни од брендовите стои, макси кози, џои, сајбекс, сите имаат форма за да провериш конкретен модел на кола со конкретно седиште.
Не секое се фаќа во секој автомобил со изофикс. Обично секој производител на својата страна има да провериш дали се компатибилни седиштето и автомобилот.
Не мора седиштето да биде позади совозачкото. Потребно е правилно да биде инсталирано за соодветната возраст и големина на детето. Добри совети за безбедност на децата во автомобил може да се најдат на инста профилот safeintheseat.
Последно на далечно патување Ск-Белград во декември. Година и месец беше. Од тогаш не сум помислила. Тргнавме за време на дремка и ај што не заспа, зјапаше во цртани на таблет (прв пат ѝ уклучив за да седи мирна) откако ги испробавме сите играчки и ги изеде сите смоки, никако не заспиваше. Од нервоза почна и премор хистерично да плаче и моравме да застанеме, да ја земам во раце, да ја нишкам да заспие па да ја вратам во седиште. На враќање ја заспавме во апартманот и заспана ја стаивме во кола… Мојава само со цртани седи мирна и јас да сум до неа. И јас барам некое решение..