Jas uste vo transporter ja vozam ke terame so nego dur ja sobira. I toj mi e cybex top se pogodi pa pak od nivniye gledav
Дали има некој искуство со Tobi седиштето на Maxi-Cosi? Или да ми дадете препорака за седиште од 9 до 18кг, без изофикс, солидно, буџет до кај 200 евра.
Ова многу зависи од буџет и преференци на родители. Некои бараат да е само седиште други гледаат адац оценки.
Знам али сакав да му земам јас тие само рекоја немат седиште до 6500 планирам, само ги гледам не знам шо да одберам, од кое сте задоволни по ова цена
Toa treba da ti kaze nekoj sto ima sediste vo taa cenovna kategorija posto sediste imas i od 700 evra...ja ne bi se nafatila da im biram. Koa bevme kumovi sakaa seidste kazavme budzet ni odbraa site srekni. Tuka citni nanazad na dugacko i siroko se mislime nie roditelite kakvo da zememe ne pa za drug da biras
Мами дали го купивте седиштето? Задоволна ли си? Јас истото го бендисав и супер би било ако ми дадеш препорака
Јас сум задоволна, цената му беше нормална. Вака малата си се вози во него знае и да заспие и комотно и е. Преку лето ставам тетра кај што треба да стои главчетп зашто инаку многу ја поти, мада искрено не верувам дека нема седиште во лето што нема да те поти..
Дечки, не очекувам некој конкретен одговор, ама многу се напнав. На маж ми се истурив и не ми е доволно, не знам што да правам. Колата ни беше на сервис, од кај фиоката на совозачко мењале филтри. Маж ми кога ја зел не приметил, сабајлево кога влегов гледам седиштето совозачко однесено до крај назад (а не може, затоа што седиштето од бебе не дозволува, свртено е кон назад) седиштето за бебе изместувано, напикано не знам како е ракувано, сигурно не знаеле точно да ракуваат, затоа што е во лежечка положба и не го ни кренале. Ротирачко е и има база со ногарка што оди кај патосницата. Го извртеле не знам како, накај внатрешна страна, ваљда ги нашле рачките пошто инаку не би требало да успеат, ама пошто има 6 степени на лежење беше во најлегнатата. Во најлегната положба, свртено према тој што седи до него навнатре, вратата позади НЕМА ШАНСИ да се затвори, ја затвориле на сила! А претпоставувам дека го вртеле со отворена врата пошто и тоа нема шанси да се изротира ако е легнато. Го вратив во првобитна положба ама толку се нанервирав, вријам, не знам како да знам дека не е нешто оштетено. Расклатено е малку, после ќе го извади ќе го намести пак од ново маж ми, ама пак не сум мирна. А специјално го нарачав, идев го земав од Грција и не е ни ефтино. Сакам шамар да му удрам на тој што го изместил еден убав сочен. Да знам дека нешто скршиле одма одам да си барам штета, ама вака не знам ни дали ќе приметиме
А ти кола на сервис оставаш со седиште внатре? Токму од вакви причини се вади се од кола, ем да не ти оштетат, ем да им олесниш работата.
Нема што да се нервираш и лутиш на мајсторите, сами сте си криви. Знам тешко е со дете да внимаваш на се, ама ако не внимаваш другите ич не се криви. Јас да сум на нивно место нема ни да ви ја примам колата со ствари внатре.
А кој треба да ми каже да го извадам седиштето? Они сигурно имале странки со седишта во кола, јас прв пат имам монтирано седиште. Не може да ми се сони мене дека ќе им смета. Што не кажале, еве и јас тоа викам, зошто ја примиле кога виделе има седиште, зошто не се јавиле, знаат дека сме во комшии за 5 мин ќе се симнев. Какво е тоа оправдување за намерно да направиш штета некому. Ејјј овие не го извадиле седиштево, е сега ќе видат! Бам вратата, па што сака нека му биде, се скрши-се скрши. Како бе така, па и уште ок ќе испадне дека е. Немам идеа како да се осигурам дека не е нешто оштетено, се работи за безбедност, едно свиткување на некој дел ја намалува безбедноста на било кое седиште.
Јас збеснав кога ми ја украдоа футролата за наочари, а за ова можам да замислам. Стално носам кола на перење со седиште, никогаш не сум имала никаков проблем, го поместуваат само и после си го местам. Извадете го со маж ти, проверете го убаво дали си функционира, веројатно ќе забележите ако има нешто.
Не треба некој да ти каже, тоа е од општо правило. Исто кога ти идат дома мајстори треба да им обезбедиш чист терен. И кога ја носам на чистење го вадам. Инаку џабе ми ја чистеле колата ако баш таму кај што стои седиштето под детето се собрало прашина и ѓубре. Што ќе било ако цело задно седниште и багаж биле полни со ствари, не се во работилницата утовар истовар. Не ти направиле намерно штета сигурно, а и да ја направиле, замисли имаш работа преку глава и пола саат губиш за седиште да најдеш како се вади, дека некој го мрзело да го извади. Ете јас нашите не знам како се вадат. И да го извадиле ко што треба работилница е тоа, ќе ти го измачкаат со уље. ќе го стават на нечисто, после треба бебето да го ставаш на него. А штом седиштето е вадено на сила, биди сигурна дека безбедноста нема да е иста. Најдобро смири се, што било било и нека ти е школо за друг пат. А и убав пример за другите тука.
И јас кога би ја оставила колата на сервис нема да ми текне да извадам седиште . Тие ако не знаеле како да го извадат требале да ве известат , да се јават . Незнам што е проблемот? Да се уништува нечив имот е нормално? И вие што и викате дека е сама крива , што ви е проблемот ?
Смири страсти. Не мора да ја напаѓаш жената. И мојата кола била на сервис и на перење, па седиштето не сум го вадела. Никој не го ни оштетил.
Тоа што и кажувам дека според мене не е во право не значи дека одма ја вреѓам. Многу полошо е да ја подигам дека треба да оди таму и да се кара во работилницата. Никој не ви е должен да ви вади седишта и доста со тоа "јас плаќам значи имам право на се". Ете што мислите и да го извадат седиштето, каде ќе го стават? На земја. Со какви раце ќе го фатат? Извалкани од уље и прашина. Ако не ви смета да ви стојат седиштата на земја и во прашина во механичка работилница оставајте ги во кола, ваше право. И да, сум работела како студент чистачка во странство и знам колку работа е да му раздигнеш на некој се од подот пред да почнеш да чистиш, иако не е твоја работа. Дури после ме научија дека во таква соба не ни треба да чистам и ако нешто се оштети да направам записник дека личниот предмет ми сметал во работата.
@kikikikirika не се навредив. Заради себе не е ок да мислиш дека е во ред да ти оштетат твој имот. И сама кажуваш дека во соба кај што си чистела ако може нешто да се оштети не смееш да влезеш. Сигурно таму не ви викале оди гази им по алиштата, сами се си криви. Јас фрустрации на работа не лечам на странки, па така очекувам и многу е нормално кога користам нечија услуга да се однесуваат професионално. Да не сме офф топик. Наааајверојатно имам среќа што седиштето намерно е направено "лабаво" па не се искршило кога го бутнале. Сум сонувала и дека го отштрафувам внатре да го проверам.