Која е безбедна позиција за спиење во седиште? Како и да го наместам кога ќе заспие брадата му ја допира градната коска. Време е да вадам делови и да го трансформирам седиштето во категорија за поголемо дете или нема да смени тоа?
Му паѓа главата на страна или на напред? Види на инста safeintheseat во highlights имаат Safe sleep совети.
Мислам дека не е проблем, бидејќи на таа возраст има веќе контрола на вратот и може сам да ја подига главата. Едит: пробај подигни го малку перничето под глава да видиш дали ќе биде подобра позицијата.
Јас изгледа се зезнав со седиштето..земав чико космос. Ама кога ќе го извадам перничето што е за бебе автоматски бебе нема потпора на главата никаква лево и десно.
На втората слика, тоа внатре од страна, е од седиштето или да не е додаток за новороденче? На моето сите перничиња му се извадени одоздола. Сега почна приметувам да и паѓа главата и со брадата да допира на гради. Го кренав за еден степен наслоњачот за глава погоре, мислам дека се среди. Ама на сликиве не ми ни личи многу дека му е падната, може во живо е друго.
Наслоњачот за главата е тоа. Се подига нагоре, ама ако го подигнам високо му е на синко. Додаток за новороденче имаше, тоа извадено ни е оддамна. Не знам, можи мене така ми се чини. Во секој случај ме потсмири @Tiny Love дека сепак заради возраста може да го контролира вратчето и да ја подигни главата ако му смета. Штом спие по 2ч така, ваљда не му смета.
Како што ти кажа Мила , спрема висина оде он. Јас гледав баш за ќерка ми скоро дали одговара , и на крај и земаме седиште она е 5г 3м. За бустер понатаму.
Па после класичното седиште , на 6-7 ваљда најчесто преминуваат во бустер и после тоа само на каиш , кога ќе достигнат висина. Последно што видов е дека до 11 или 12 години е бустер ама да , висински најмногу зависи и по тоа се гледа дали со или без бустер се веќе спремни , важно е убаво да му леже , т.е правилно каишот да ги опфаќа.
Здраво, препорака за седиште 0-36 за подолги патувања и со убав пад за спиење за 2 месечно бебе. Транспортерот не ми се погоди воопшто :/