Joie i spin 360 или cybex sirona z i size. Ако ти е помал буџет види joie дали имаат други модели како што бараш. Ако навлегуваш многу околу избор, побарај да ти дадат информација и да ти покажат дата на производство на седиштето, подобро поново и поевтин модел отколку 5 години старо, а скап модел.
Син ми има 7, до летоска беше во седиште и никаде неврзан не одеше. До градинка, на 500м ако идевме со кола за да ме однесе и мене мм до работа, се врзуваше, цело време беше врзан, и сега е исто во бустер, врзан цело време.
Мислење за Bebe Confort EvolveFix 360? https://bebehome.mk/product/bebe-confort-evolvefix-night-grey-0-36kg/ Според буџет ми е таман до лимит колку што можам да си дозволам, воглавно има позитивни критики на нет, освен што зафаќа повеќе место кога е свртен наназад, а овде најдов само едно мислење, членката спомна дека на нејзиното бебе не му било удобно па го вратиле. Друг некој има вакво?
Дали некој има седиште за кола на FreeOn Saturn fix да ми слика прирачник? Целото го расклопив за да го исперам и сега не знам да го склопам, маж ми го фрлил прирачникот
360 е да ама ако не го употребуваш каишот, а ако го употребуваш каишот ќе треба да го стегаш и попушташ на секое вртење. @Viiiiip Имаш во бебе хоум има како една пластика со изофикс и плус стегач, но разликата е што кога го мрдаш седиштето не треба да го попушташ каишот автоматски се пушта и затега и каде каде се по океј за користење.
Јас го имам Armadillo сигурно се слични зошто кога сакав да земам го гледав ова седиште ама имаше љиљакова боја само.
Од каде имате купено седиште за дете постаро од 7 години? Ми треба веќе поголемо а од страните гледам само до 25 кг.
https://topolino.mk/product/sedishte-traver-shield-9-36kg-isosafe-joie/ - ние го имаме ова. Го користи од кај негови 4 години и уште го сака. Функционира со појас од кола и може да се претвори во бустер (да се извади комплет задниот дел). Инаку моево дете е навикнато на седиште и за подолги патувања бара да биде во седиште, не само во бустер (имаме бустер во едната кола) зашто поудобно му е за спиење во седиштето (не му шета главата) и среќа што е така зашто е побезбедно. Од она што сепак го гледам нема да може да го користиме уште долго како седиште зашто ќе го прерасне (главата ќе му излегува над седиште). Сега за сега имаме уште простор за продолжување на задниот дел ама нема уште долго да може да се продолжува. Потоа ќе остане само на бустер. Ако сега купуваш седиште за дете 7+ веројатно не се исплати да купиш баш седиште зашто е веќе големо детето. Ако има кој да го наследи седиштето потоа дефинитивно купи седиште.