1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Посебно седиште во автомобилот за деца

Дискусија во 'Дете' започната од wolf4e, 5 септември 2010.

  1. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.294
    Допаѓања:
    5.202
    Пол:
    Женски
    https://www.encimenci.com.mk/sedishte-za-avtomobil-cosmos-jet-black-0-18kg-chicco-791635100
    ова седиште го имаме, ама некако ич не ми е по ќејф.
    Башка што не сака да седи, тоа е друга приказна.

    Кога ќе се постави седиштето во кола, иде наназад, како да објаснам. Дека седиштето на колата е навалено наназад во косина и автоматски и самото седиште иде наназад, и кога детето че го седнам, уствари не седи исправено туку лежи.
    Нормално е тоа?

    а и башка што нема штитници за главата лево-десно.

    Дали објаснив добро не знам.:D
     
  2. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.384
    Допаѓања:
    10.410
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам
    Јас веќе имам седиште, ама сакав ново затоа што ми треба за пат, ќе се вози повеќе од 2000 км, во правец, па сакав поудобно да му биде. Ова му е неколку години и веќе како да се изгуби мекоста.
     
  3. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    2.555
    Пол:
    Женски
    Армадило кика бо или Неро локо кроко дали ги има некој и како сте задоволни?
    :l:
    Пристапни цени се ептен па дали вредат
     
  4. Pipaa

    Pipaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Ние го имаме титан на макси кози супер е ќерка ми сака да се вози
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    100.841
    Пол:
    Женски
    Ами сите се така навалени, и нашето беше исто.
     
    На brm_brm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ане.

    Ане. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2021
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    1.271
    Ние го имаме армадило, супер е
     
    На Cloverrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Jana7

    Jana7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    177
    Дали некој ги има rhino или TTREK на Kikka Boo, и дали сте задоволни? :)
     
  8. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.604
    Допаѓања:
    35.488
    Пол:
    Женски
    Малиот има 3 години, 15 кг. Се вози во Макси Кози Титан Плус 9-36.
    Треба да купам уште едно седиште, па се мислам дали да купам ново за малата и син ми да продолжи да се вози во ова што си го користи. Или, пак, ова што го имаме да е за неа, а за син ми да купам некое 15-36.
    Што мислите?

    Инаку, имам транспортер кој син ми го користеше доста долго, таму до кај 17-18 месеци, па го зедовме седиштето 9-36.
     
  9. Snowflake92

    Snowflake92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.811
    Пол:
    Женски
    Јас би купила за поголемото дете, секако тие што се 9 до 36 ако е покрупно детето нема да го искористи до крај, пак ќе треба да купуваш
     
    На 0ли и Skyler им се допаѓа ова.
  10. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.785
    Допаѓања:
    12.240
    Пол:
    Женски
    И јас сум за ново седиште за баткото :) Рачунај до кај 10 години ќе треба да го собира или како и да беше законот.
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  11. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.604
    Допаѓања:
    35.488
    Пол:
    Женски
    Го гледав ова на Макси Кози, 15-36 и доста е вака удобно како што забележав, пошироко е некако од ова што го имаме.
    Материјалот ми се допаѓа.

    Некој предлог ако имате, пишете.
     
  12. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.785
    Допаѓања:
    12.240
    Пол:
    Женски
    Јас немам искуство со Макси кози, ти знам си задоволна. Гледам се крева и нагоре за поголем кога ќе биде, убаво е.
    Јас вакво му земав само navy blue боја.
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Snowflake92

    Snowflake92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.811
    Пол:
    Женски
    Ние го имаме од чико гро уп 1.2.3 и баш е удобно и широко до крај планирам да го користиме. Другите што ги видовме се беа некако тесни најдобро види ги во живо и пробајте да го седнете да видите како ќе му биде кога ќе седи.
    Прво се мислев зошто нема изофикс ама и со појасот предобро е прицврстено во кола не мрда исто како со изофиксот, и се навалува наназад за ако заспие
    https://www.encimenci.com.mk/sedishte-gro-up-123-jet-black-9-36kg-chicco-795835100
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  14. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.604
    Допаѓања:
    35.488
    Пол:
    Женски
    А ти седи со тоа напред? Или почна со каиш да го врзуваш?

    Би сакала да е со изофикс.
    А материјалот каков е?
    Некако не сум задоволна од материјалите во Чико. :?:
     
  15. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.785
    Допаѓања:
    12.240
    Пол:
    Женски
    Седи за чудо. Му го ставам за подолги релации зашто заспива, за низ град само каиш ама гледам во последно време и сам го бара шилдот.
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.924
    Допаѓања:
    40.172
    Пол:
    Женски
    Ние го купивме сега скоро рекаро монца. Тој е со изофикс, ама нема каиши на него детето само директ со каишот од колата се врзува. Мислам дека оваа група 15-36 сите се вака.

    https://www.encimenci.com.mk/sedish...ix-select-teal-green-15-36kg-recaro-880104100
     
  17. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.604
    Допаѓања:
    35.488
    Пол:
    Женски
    Се плашам дека нема да ми го сака со тоа, но можеби треба да го проба и да видам како ќе се однесува.
    А каишот од колата тамам му е? Не го сече на врат?
    Што е убава бојата :inlove:

    Гледам дека повеќето се со опција за каиш од кола, но ова конкретно од Макси е со каиши на него.
    Како мал да е некако за да го врзувам со тој од кола.
     
  18. Snowflake92

    Snowflake92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.811
    Пол:
    Женски
    Незнам ок ми е материјалот, сега засега не го поти нешто посебно ама не е ни многу жешко. Најдобро види го во живо.

    Во однос на тоа за со каишите од кола мислам дека кај држачот за глава имаш опција едно за закачување на тој каиш па таму да се прицврсти да не го сече на врат, погледни на нет.
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.924
    Допаѓања:
    40.172
    Пол:
    Женски
    Затоа и ти спомнав зошто знам помал е твојот. Ама реално физички ни мојов не е голем (15-6кг и 112-113цм), па убаво му легнува. Има посебно место во седиштето кај што се протнува каишот и убаво лежи. И бонус хит на син ми му е што има звучник вграден :rofl:
    Секако најубаво да пробате на лице место.
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  20. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.604
    Допаѓања:
    35.488
    Пол:
    Женски
    За што звучник? :D
    Се поврзува со радиото?