И јас се секирав за тоа затоа бевме прво јас и маж ми го гледавме, па бевме и со него да бидам сигурна дека ќе му се свиѓа. Он обожава таква боја и мислам само заради тоа го прифати инаку е саклетџија, не трпи ништо. Каишот ептен малку го фаќа на врат, уште не е толку висок ама ти викам за низ град само и он си го трга ако му смета.
Mojata ne go sakase bas,stom go trgnav nema maka da sedi. Ne cekav 105cm po upatstvo gledam ne i smeta na vrat si tera bez problem
Пластиката, гумата со тек на време ја губи еластичноста и не е со иста безбедност како на почеток. Некои брендови покрај дата на производство си ставаат и рок на траење на седиштата.
За дете од 4 год дали законски е бустер или сеуште седиште? Не седи веќе во седиштето, па подобро да ставам бустер да не зафаќа простор детското седиште.
Седиште. Бустер само ако има висина од 120 см и над тоа, заради појасот, оти со него се врзува. Појасот треба да поминува на градите, кај пониски деца на бустер е повисоко поставен, затоа ќе морате со седиште. 120 см отприлика накај 6+ години достигаат, може и порано ако е повисоко детето, ама генерално тука некаде е.
Тотално се пореметив со изборот на седиште за во кола и колку ни е уствари оскуден. Joie Stage или everystages дали има некој и дали знае каде може да се најде кај нас? Го видов joie i spin 360, сакав и сајбекс сироната да го видам ама не сум била до бебе центар а во крш немаа.. Ме замислија и овие како најпродавани и препорачувани се во Србија и имаат некој дабл тест за безбедност… Не истражував точно каков, ама во групите кај што гледав им се ептен користени..
Сите седишта имаат тест за безбедност, јас им верувам, посебно на овие од еу. Adac прави тестови дополнителни на кој дава оценка која е ирелевантна ако седиштето не го користиш правилно. Safeintheseat е профил на инстаграм и жената има сертификат за безбедност, до сега не сум приметила да спомнала нешто околу оценка или тестови за безбедност, тоа што цело време посочува е правилна инсталација, дата на производство и свртено кон назад, овие 3 јас би ги издвоила како најважни за најголема безбедност, иако го бирав јас моето по адац, џабе е висока оцена ако не го користиш исправно. Не се преоптоварувај гледај ги тие 3 работи и одбери кое има функционалности што ти требаат, како ротација, навалување, материјал, одржување, перење и сл. Joie е убав бренд, кај нас версо знам дека го има ова што го бараш мислам нема.
Мајки, го има некоја седиштето Chicco Unica Plus? https://www.encimenci.com.mk/sedishte-unico-plus-ombra-0-36kg-chicco-797155000
Со изофикс тие што се имаат највеќе безбедност разликата е што треба да гледаш да има повеќе за навалување и да ти се врти седиштето 360 да е практично за вадење и ставање на дете. Искрено јас од Локо кроко го имам армадиљо супер е и матерјалот ми се свиѓа што и да ти искапе не мора да го переш одма со влажна излегува, е сега маана како и на премногу седишта е што имаат каиш што се закачува позади и истиот тој кога ќе го затегнеш да биде цврсто не може да го вртиш треба да го попушташ, додека оние што се како со адаптер па да го ставиш седиштето така се поврзани што ем е прицврстено ем можеш 360 без проблем да го вртиш
Ај совет, вие со 2 деца од кои едно бебе го транспортер и едно на бустер, како се организирате. Имаме голема кола, пространа ама јас за жива глава не можам да седам на средина, не ни е згодно ич, а и за влагање ми е терсене. Го врзувате ли успешно транспортерот во средина ако е поставено. Исто и за рачката од транспортерот, дали ја спуштате нанапред кога го ставате или останува, гледав видеа каде што баш беше напоменато ова, дека при удар дополнително превенира удар рачката ако е спуштена кон седиште.
Искрено мене во средина да е транспортерот,не ми е баш најбезбедно. Јас секогаш си седам напред, досега сум немала проблем. Имам деца спијачи, да не чујат клучеви од кола ,одма кома се
На средина ни под разно да е бебе. Ќе го ставиш позади каде што треба и рачката се спушта за не дај боже при удар да не се залепи целосно транспортерот позади за седиште. Каде и да одите на кратко сте па подобро е напред да седиш ти, а децата позади.
Ние сме со две седишта и шанса нема да ме собере назад, па од прв ден се сами позади. За бебе ставивме ретровизорче. Ако плаче секако мора да застанеме. За сега успешно се возиме. За одмор малку беше критично, ама сепак успешно се извозевме со неколку застанувања
Оти имам бебе атеншн сикер, тоа да не му тргнеш поглед на 1 секунда. Пишав погоре, 1 минута да не го погледнам ќе се увреди и плачки имаме. Не за да седи, си седи, нема гајле, ама да го гледаш и да го занимаваш. Искрено и јас сакам да го гледам, посигурно ми е така, па ќе си се теснам во средина, јбг. Љуби га мајка цел е на мене, муабетчија и смешно, а го погледнеш осмехот и одма спремен за муабет.
Ако седат со брат му назад заедно, поголемиот не можи да го анимира? Ако баш немаш избор, тоа е, ќе седиш на средина.