Додека користевме седиште и транспортер, транспортерот најчесто беше во средина а јас седев на слободното место позади возачот. Сега со 2 седишта, на долги релации од неколку часа седам во средина, на пократки патувања напред. Тесничко е во средина, но се навикнав. Полесно ми е така да ги смирувам кога збеснуваат, отколку кога седам напред.
Реков ќе пробам сега на кратки релации, низ градов, па ќе видиме. Ако успееме ќе тераме така. Бате го занимава, па ќе издржиме некако бар мали дестинации.
Мајки на 3 деца, има некоја кола/џип каде можат да се сместат 3 седишта позади? Изгледа ептен е слаб изборот, како го менаџирате ова? Фала
Gledajki vo posledno vreme storinja na insta mi padna vo oko mnogu deca se vozat pozadi bez sedista samo taka sednati.Zarem vo Makedonija ne e zadolzitelno toa i kaznlivo so zakon ?
Не треба на сториња да приметиш, доволно е да излезеш 1 час да се развртиш во Скопје и ќе видите дека повеќето не што не се во седиште, туку се и на предно седиште, а уште пострашно, а ги има многу, се во скутот на возачот позади волан! Секако дека е регулирано со закон, за жал во пракса е како и се останато. Пример за овие деца се и не врзаните родители во автомобили, што сакаме повеќе...
Мајки ај малку хелп. Иаме седиште 9-36 ама е многу исправен во него нема шанси да заспие, па ми треба искуства за Locco croco Gator, Kikka Boo Oright или Kikka Boo Hood.
Мајки го зедов ова седиште https://www.encimenci.com.mk/sedishte-unico-plus-ombra-0-36kg-chicco-797155000, ама велам да не ја утнав работата. За до 6кг имаше еден дел како перниче за низ цел грб на бебето и тоа си лежеше сосема нормално. И изгледаше дека му е згодно. Сега, со надминати 6кг (околу 6500 сме последно), го тргнав перничето, ама некако бебето ми е во многу седечка положба, неправилно за 4 месечно бебе. Ортопед не советуваше рано е за седнување. Вчера патувавме околу 40тина мин, тој дури и заспа во седиштето ама мене ептен ми се чини дека е незгодно. Не знам каква положба во седиште треба да има 4 месечно бебе. Не чека малце подолг пат сега, па ми требаат искуства.
На линкот што го прати од енци менци на петата слика е седиштето навалено. Во таа позиција треба да биде, проверете како се навалува во упатство или на гугл
@macka91 @Anika55 фала мајки. Поднавалено е седиштето, ама не до толку како на сликата. Мислев тоа е максимумот што оди, се водев по туторијали. Сега жива ќе се изедам што го возев неправилно седнат, па и не е малце 40тина мин. Значи пак треба да е 'седечка' положба, ама тежината некако да паѓа на грбчето, а не на колкови, газе.
Бебињата што не сакаа да ви седат и спијат во седиште т.е што постојано плачат на која возраст веќе почнаа да си седат и заспиваат? 20м е ќерка ми уште нема абер да заспие ни до Албанија на одмор и не само тоа туку пишти цел пат таква е од раѓање, додека брат и 4г од бебе си спие по пат без проблем. Нон стоп бара нешто да јади да пие ама сепак тоа е пола саат послем урла да ја земам...
Мајки здраво, се мислам какво седиште да земеме, имаме од првото 0-36 и планираме тоа да биде за бебе, а за бато да земеме обично се мислам дали бустер само ама на пример ако треба да одиме некаде надвор од Мк ќе прават проблем. Според вас која е најдобра опција?
Нашево се навалува како што гледам,уште не сме го монтирале. Ќе патуваме во недела баш ке пишам како ке биде.
Не сме сами. Сктоз иста. 2 годинки е. Цела ноќе седеше будна на пат до грција. А ради неа тегнавме во ниедно време за да спие.
Хмм фала ти, сепак најдобра опција ќе е обично седиште што ќе може да се спушта барем во полулежечка позиција ако заспие
Во чарли имаше 4000 и нешто со позиција за спуштање, јас се мислев такво да земам за поголемиов ама уште сум во мисла