Да тие што се прицврстуваат со каишите би требало да може и обратно. Јас оти барав со изофикс сите што ги гледав 9-36 беа само за напред.
И тие со изофикс што се а не ротираат можеш со каиш да ги прицврстиш во обратен правец , немаат сите коли изофикс.
За 8 месеци барај 0+. Дури јас би гледала 0-18, по квалитетни и сигурни ми делуваат. 9-36 не сум сретнала да се врти кон назад без разлика дали е со каиши или изофикс, а овие 0+ се вртат и со каиш ако е. Секако мало е за тие од 9-36. Мојата е 21 месец и уште си е свртена кон назад.
Битно е 360 особено за при вадење и ставање од кола, еве мојов е 3 години и среќа што се врти и сам се качува си седнува во седиштето иначе јас кај ќе го кренев. Најубаво земи си од 0-36 многу пари се ама верувај ќе ти врши работа понатака.
0-36 за да можеш до големко да го користи. 0-18 ти е до кај 4год,ако е повисоко детето и порано ќе го надрасне.
0-36 и според мене. Колку што гледав дури новите препораки се наназад свртени и до 2 години да се возат, ама во најмала рака додека не заоди цврсто. Ние сега за бебе купивме freeon opal и не згрешивме. Ние го начекавме и на некој попуст за 13илјади го земавме. Гледавме и едно на бебекомфорт и се залетавме, ама добро што на врем прочитавме рецензии дека е претесно во делот на главата па отидовме да го видиме. Тоа за бебе од 2 месеци беше тесно, а не па за поголемо дете. https://www.freeon.mk/product/автоседиште-opal-i-size-сиво/
За 8 месеци мора да биде седиштето 0+. Тоа е сеуште мало бебе. Треба да се вози свртено наназад се додека не оди стабилно, а што е можно подолго. Ние имавме 0-18 од раѓање до кај 4 години. Потоа зедовме 9-36 седиште. Сега на 7 и пол години сеуште се вози во седиште на подолги релации. Побезбедно и поудобно. За во град од кај 6 години се вози со бустер. Инаку ако мене ме прашувам подобро е проверено седиште (MaxiCosi, Bebeconfort, Joie, Cybex и слични кои ги проверува ADAC и слични организации) отколку седиште што се втри 360 а е од локални производители што не се баш проверени.
Некој искуство со ова седиште дали е добро https://www.encimenci.com.mk/sedishte-serengeti-0-36m-black-cangaroo-066lsa0506
Сите што се од 0-36кг ти се од новороденче и се вртат 360. Не знам колку ќе ти биде практично зошто каде и да одиш полесно е транспортерот да го прикачиш на количка одколку да го вадиш од седиште па во транспортер. И во седиштето ќе може да седи 2 саати само исто како транспортерот.
Мајки ако има искуство некоја со maxi cosi titan и cybex silver 2 vo 1, како сте задоволни, се мислиме меѓу тие две? Инаку препорака да ви дадам сите што имате можност од странство порачајте си седиште за во кола, кај нас се со 10.000ден поскапи...
Мајки уште не сум се решила за седиште. Го меркам макси кози титан про, сакам до 36 кг да е поточно до 12 месеци, ова најмногу ми фаќа око. Ај тие што го имате кажете ми дали се врти 360, не пишува па претпоставувам нема таква опција. Или предложете ми седиште до 12 год, 360 да е и да има добра оценка.
Мислење за седиштето на Kinderkraft https://www.kolicazabebe.rs/kinderkraft-autosediste-xpedition-grey-0-36kg
Дали си задоволна од седиштето, колку време го користите и од која визраст почнавте да го користите. Се мислам меѓу оваа опал исајз и калипсо исајз.
Супер е. Материјалот е убав, лесно е движењето и местење бебе. Ги има сите додатоци за од најмала возраст. Мислам бебе беше 2 месеци кога го купивме значи го имаме 8-9месеци.
Здраво, барам насекаде ама не можам да најдам, дали случајно знаете некаде да се продаваат навлаки за седиште за автомобил. Оштетено ми е па сакам да го сменам.
Предложете седиште за автомобил од кое сте задоволни а е со пристапна цена. Без изофикс. За по град ми треба во мојата кола, ова сега што го имам се заглавија каишите. Дете 4 години.