1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Посебно седиште во автомобилот за деца

Дискусија во 'Дете' започната од wolf4e, 5 септември 2010.

  1. jolooo_

    jolooo_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2019
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    579
    Ќе го видам секако, ама од ист ранг е како погоре што го имате спомнато, јас го бендисав тоа ама немаше повеке на залиха ни во енци менци ни во тополино
     
  2. Snowflake92

    Snowflake92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.811
    Пол:
    Женски
    Јас имам чико гро уп. Мислам дека за 3 г и више дечиња нема потреба 0 до 36 што се врти зошто на назад секако неможе да го возиш има лимит на тежина , а на страна вртењето може ради полесно ставање у кола мада голем е и сам може да се качува да седнува у седиште. Е од после размислив може требаше со изофикс ама и вака со каиш е мн убаво прицврстено.
     
  3. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.495
    Го земав веќе ама секако иста цена ми се обичноте за седење што моме само бустер да се користи со ова што го земав. Матерјалот на овие седишта е подебел и кога седи не седи на пластика, додека обичните седишта од 15кг што се никакви се зошто треба плус да додаваш сунѓер. А и вака помалце ми прља во кола дека се врти седиштето и каишите лесно му ги местам не треба да се кичмам. :) Иначе и со каиши се прицврстува убаво седиште ама некако шубе ми е и ич немам доверба во нив искрено, можеби дека имам работено во автомобилска индустрија па знам што гомнарии прават и колку е се "квалитетно".
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.842
    Допаѓања:
    30.697
    Пол:
    Женски
    Седишта за во кола се итекако битни. Ова што го стави конкретново е од некоја непозната локална фирма. Не знам како е тестирано за безбедност.
    Од друга страна има и многу поскапи седишта само за напред седење за поголеми деца со подобри тестирања за безбедност. За добри седишта (тестирање и за токсичност на седиштето и за безбедноат при удари) има и плус независни тестирања на ADAC на пример. Следно ако купувате и акк ти е баш битна безбедбоста провери го седиштето на ADAC.
    Ние на 3 и пол или 4 години купивме Joie за добра цена (со супер оценки на ADAC). На 8 уште се вози во седиште, а кое дете седнало не сака да стане од седиштето (не е со многу сунѓери на газот ама е преудобно, сунѓерите немаат врска со удобноста туку целата конструкција на седиштето).

    У до сите купете седиште со најдобари резултати од тестови што може да ги дозволите и проверете дали пасуваат во кола пред да купите.
     
    На IRBBB, Autumn Love, MilaSs12 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.062
    Допаѓања:
    1.674
    Пол:
    Женски
    Има и седишта во кои детето може да се вози свртено назад додека не достигне висина од 105цм, околу 4 години.
     
  6. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.495
    Јасно ми е што сакаш да кажеш, но и не така баш се сјајно. Некогаш и некоја обична кола од икс држава непробиена е 100 пати подобра од извиканите. Муабетот ми е џабе седиште кога самите коли не се толку безбедни. Сега веќе се се сведува кој има да плати ќе биде најдобар и сите оценки ќе ги помине.

    Прост пример ќе дадам иако е ван темава на мајка ми пријателка синот купи бмв, сепак нели е извикана марка на кола и што се случи се запали колата им се заклучиле вратите автоматски едвај жива глава извлекле.

    Друг случај Хонда марката во сам салон им се има активирано воздушно перниче на возач додека клиентите гледале за да купат тогашно Таката ги произведуваше перничињата сега веќе е затворена зошто имаа премногу тужби зошто имаше доста загинато од самите перничиња. Да не зборам и за други недостатоци, што значи некогаш и неизвикано име од локална фабрика е 100 пати подобро одколку извиканите како чико, макси кози итн.
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.641
    Допаѓања:
    18.245
    Пол:
    Женски
    @Brpbrp си помешала нешто. Џок збори за седишта тестирани за удари. Значи стават седиште во кола и прават краш тест, напред и странично. Даваат резултати потоа. На нетестирани седишта, прио удар, каишите може да попуштат, да пукне пластиката полесно итн.
    Овие со добри оценки ти тврдат дека тестирани се седишта и при одреден удар детето ке биде заштитено до одреден степен.

    Има разлика од извикано до тестирано. Не сите чико и макси кози седишта имаат добри оценки. Затоа бараш конкретен модел.
    Пример, ако колата има изофикс, ке бараш седиште со изофикс кое нуди поголема заштита.
     
    На joy1, Autumn Love, Snowflake92 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.495
    И со изофикс не е стабилно ако го нема каишот прицврстено од самото седиште. И немам помешано зошто за краш тестот не мора некој да го тестира, слободно можеш да си платиш како да е тестирано и дека поминало на тест кога врака нема. Особено ништо не е најстабилно ако има повеќе фабрики од исти бренд т.е. давање лиценци за да се работи во други фабрики(за во други држави).
     
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.641
    Допаѓања:
    18.245
    Пол:
    Женски
    Пак мешаш. Едно е неправилно прикачено седиште. И седиште со најдобра оценка нема да ја заврши работата која пишува дека ке ја заврши ако не го прикачиш како што е наведено во упатството.
    Изофикс ако си видела како се прикачува ке ти е јасно дека нема споредба со седиште кое се прикачува само со каиш. Во колата на маж ми, со која одиме на пат има изофикс има соодветно седиште, што е неспоредливо со седиштето во моја кола за по град кое е само на каиш.

    Има независни фирми кои не можеш да ги платиш.
    Ама ако си ти убедена дека макси кози и joie платиле за топ оценки, јас не можам да те разубедам во спротивното.
    Купи седиште какво што мислиш дека треба и тоа е тоа.

    На крај, некакво седиште е подобро од никакво седиште. А гледам доста деца скокаат по коли.
     
    На JoyJoy и Tiny Love им се допаѓа ова.
  10. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.495
    Да не се лажеме се знае кои деца не се возат во седиште и скокаат да не ги именувам по општини сега. Али тоа си е штета на родителот ако сака нека го плаче детето кога не му мисли за безбедноста и што мислат дека со 3 деца напред во скут на сувозачко и 1 на возачко е подобро одколку во седиште.
     
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.641
    Допаѓања:
    18.245
    Пол:
    Женски
    Точно, секој си знае за своето дете.

    Муабетот е дека тоа што ти се сомневаш во вистинитоста на оценките е твоја одлука. Секој родител пред да вложи во седиште истражува и донесува одлука.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.876
    Допаѓања:
    6.077
    Пол:
    Женски
    Седиштето на фрееон веќе повеќе време го нема на залиха. Знае некој од каде на друго место може да го нарачам?
     
  13. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.277
    Допаѓања:
    33.446
    Пол:
    Женски
    Бебецентар, мини ми бејби стор на ФБ.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    7.524
    Пол:
    Женски
    Кое е тоа седиште ако може да споделиш?
    Еве јас се разочарав во изборот, сакав joie every stage ама нема изофикс, макси кози титан про го нема веќе и немам идеа какво седиште да купам…
     
  15. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    5.208
    Барај во грција или бугарија. Имаат многу поголем избор
     
  16. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.876
    Допаѓања:
    6.077
    Пол:
    Женски
    https://www.freeon.mk/product/freeon-автоседиште-atlas-0-i-ii-iii-360/
     
    На Doktor F му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mmacichka

    mmacichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2015
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    338
    Пол:
    Женски
  18. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.842
    Допаѓања:
    30.697
    Пол:
    Женски
    @Brpbrp ако е така се платено тогаш нема седиштата на една иста фирма да имаат различни оценки. Пример има седишта од MaxiCosi со супер оценки и некои со не така супер. Ама ти одбираш дали ќе веруваш на тестови или ќе даваш мислења така како што ти мислиш. На крајот од денот според тебе и твоето искуство со безбедност на возила веројатно не ни треба во кола да се возиш не па дете да возиш во седиште.

    А и тоа чии деца скокаат по седишта дека по општини можеш да ги одвоиш е навистина лош стереотип. За твое дете прави како сакаш ама ако даваш совети на други гледај да бидат издржани.
     
    На le.soleil, Tiny Love и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  19. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.495
    Со право си го земам тоа да го кажам и реалноста е таква. Сите го гледаат и го знаат тоа, жалното е што тебе ќе ти лупнат казна, а на него не.

    И да нема безбедност во колите кој работел со нив знае како се произведуваат, а тој што не верува гледа дека се е бебедно.
     
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.641
    Допаѓања:
    18.245
    Пол:
    Женски
    Ти за казна ли ставаш седиште?