Јас ставам седиште заради безбедност на дете. Законски веќе немам ни обврска тоа да го правам. Ако ти ставаш само за да не ти пишат казна, не знам што да кажам.
Очигледно, бидејќи исфорсира една националност. Од сите закони за кои треба да летаат казни, а во принцип се за твое добро, казна за седиште е на прво место.
Додека го собира и му е удобно. Штом ќе почне да штрчи главчето надвор од транспортер веќе не е безбедно. Син ми до 8 месеци отприлика се возеше во транспортер. За некое бебе може и на 6 месеци веќе да е тесен, а некое бебе и до годинка може да тера.
Додека ја собираше ќерка, а тоа беше после годината. Мислам дека на година и 2-3 месеци веќе и стана неудобно
Армадиљо Локо Кроко 10 000 е мислам и сега скоро го земав I move од тополино на акција 6500 ама веќе немаат имаш едно друго сега 7400 е.
15 месеци е уште е во транспортер. Се додека главчето не е надвор безбедно е, секако на најдолна позиција е правилно да седи
Zdravo zenicki majkicki, ke ve zamolam za preporaka za sediste za avtomobil od koe ste zadovolni da se spushta za spienje, od 0-36 kg ama da ne e Isofix bidejki avtomobilot mi nema isofix. Vi blagodaram
Здраво, ќе ве замолам предлог седиште за во кола, од искуство. На што треба да обрнам внимание кога купувам? Што е битно?
Мислење за ова седиште? Едит, само што забележав дека е без изофикс. Ако може препорачајте ми седиште 0-36 со изофикс, да се спушта, ротира итн, до 20.000ден.
Дали некоја мама има земено седиште на Lionelo да ми каже какви им се материјалите. Ради материјал се уште немам купено седиште. Само Maxi Cosi можам да ги издвојам ама немам толку буџет за да купам за жал.
Искрено maxi cosi, recaro имаат одлични материјали кои чисто сумњам дека потат така како другите. Ама цените ми се мислам малку повеќе надувани.
За потење ќе поти какво и да е. Сега за 10 мин во зима нема да се испоти ама на пат кога ќе тргнете сигурно. Макси кози имаат фини материјали во однос на одржување не на потење и јас тоа би го зела во предвид дефинитивно, ама не во топ приоритети. За да не се поти, седиштето треба да има не знам каква вентилација, што е скоро не возможно, детето е секако залепено за седиште кога ќе се стегнат каишите и не може да мрдне, нема физика која може да спречи потење тука.
За големиот имам рекаро бустер седиште за малото имам фрион 0-36, со 360 ротација. Тоа на фрион има поубав материјал. Ако ти е во буџет види го мислам редовна околу 16илјади, ние на попуст околу 12 го земавме. https://www.freeon.mk/product/автоседиште-opal-i-size-сиво/
Не велам дека не потат ич, тоа е јасно дека е невозможно, ама кога е и добар материјалот сигурно потењето е помало. Има седишта со катастрофа материјал и од скапите брендови кои ке го запалат детето. На пример Јоie ми имат катастрофа материјал а не се баш ефтини.