А бустер смее да се користи од 4 години? Мислам дека ќе немам друга опција за големиот, двете седишта се доста широки и мислам дека само бустер ќе можам да сместам меѓу нив мада и за тоа ќе треба да измерам. Ја прочитав @joy1 погоре, мило ми е што сте добри. И јас се почесто гледам бебиња зад волан, на мотор. На наши пријатели им се случи малата да им ја крене рачната во возење, среќа не иделе брзо и кога удрила во шофершајбната помина со модрица. А тргнале по сладолед буквално на 100м и као ајде што може да се деси…а се дешава кога најмалку очекуваш.
За бустер мислам дека е битна висината и тежината на детенцето, како седи на него и најбитно како поминува каишот за закопчување, да не го сече/дави. Мислам дека некаде сретнав податок за најмала возраст 4-5 години, тежина најмалку 20кг и висина 110цм.
Ако е доволно високо. Опција ти е и бебе напред во транспортер со изгасено перниче, а ти позади, па да одложиш колку толку седење во бустер ако нема висина.
Смее само види ја висината на каишот. Кај бекои коли можеш да го наместиш пониско каишот кај некои е фиксен. Опција за повеќе простор само како што ти кажаа бебе напред со транспортер, а вие позади со големото.
Освен ако не е особено крупно детето на 4 години нема да му биде удобно на бустер. Појасот ќе го дави (ние имаме бустер што има како опција да го придржува каишот и пак му беше неудобно. За кратки патувања може, ама за подолги јас не би). Не знам дали ти е опција ама со две седишта ти седиш напред деца позади. Имаш огледалца за да го гледаш бебето.
Просечно расне во висина значи не би било опција. Јас сега седам напред ама за третото дете кога ќе се роди прашувам. Колку и да ми е шубе, опцијата со транспортерот напред наједноставна доаѓа. А таман стигнав напред да седам, пак позади ќе ме пратат
Честитки за новата бременост. Со лесно до крај. За три седишта позади треба колата да има опција за три седишта (не сите имаат). Нашитр две на пример назад имаат Изофикс само на све седишта, за средниот дел во самото упатство на колата е наведено дека не е за седиште. Е сега на едната кола на совозачко седиште има изофикс. Кога ќе се стави седиште автоматски се исклучува воздушното перниче. Така што и тоа е безбедно место за седиште (само бебешко свртено спротивно на правец на движење). Или поскапа опџија да смените кола (пример моноволуменци како Ц4 Пикасо - позади се 3 фотељи).
Мислам дека и кај нас позади има изофикс за две зашто тој средниот дел може и да се спушти како потпирач. Баш ќе видам на совозачкото како е. Фала ти, само убавини да се враќаат.
Мене пресудно ми беше да се врти 360 степени. Кога седам со нејзе позади ја вртам накај мене, кога возам напред а кога ја вадам од кола ја вртам накај вратата. Тоа за мене искрено беше пресудно. Со релаксаторот се измачив, ќе заспие у раце не можам да ја ставам, спие како ќе ја извадам од кола итн…
Како што спомнале погоре, да се врти 360°, плус јас сакав и да е со изофикс бидејќи многу поедноставно ми беше отколку со каиш, да се навалува малку за во случај ако заспие, да може да го користи барем докај 3-4год. Ова беше мислам се, јас и плус барав да има добра оцена на adac.
Да биде безбедно за бебето/детето. Тоа е најбитно. За секое седиште што ќе го видиш проверувај како е оценето на Adac.de. Не сите седишта имаат добри оценки. Некои од брендовите што се продаваат кај нас не се ни проверуваат од Adac. Ако колата има опција за Изофикс, гледај седиштето да е Изофикс зашто полесно се мести и побезбедно е. Исто така провери дали седиштето е соодветно за моделот на колата што ја имаш. Подобрите поизводители на седишта имаат на веб пребарувачи каде што можеш да провериш дали добро (безбедно) може да се намести во кола. Потоа види дали сакаш седиште што опрафаќа повеќе возрасти и се прилагодува како детето расте (0-18/36 кила) или ќе купуваш различни седишта (пример прво она 0-9/15 кила кај нас познато како транспортер па потоа некое од година дена до 36 кила). Поновите седишта не одат дури ни по килажа туку по висина на дете, зашто за безбедност висината е побитна според нови сознанија.
https://www.encimenci.com.mk/sedishte-serengeti-0-36m-grey-cangaroo-066lsa0516 Дали некој има искуство со ова седиште? Дали е добро?