Mom's Бустер од која најмала возраст може да се користи? Мојава 2ипол последниве два месеци не сака да го погледне седиштето. Претходно немавме никаков проблем. Сака да седи на седиште до мене и крај
Минимум 4 години, ама ретко кое дете на 4 има доволна висина и тежина, а и дисциплина да не го одврзува каишот само Тоа со врзување со каишот е опција за користење на седиштето како бустер, не сите седишта ја имаат таа опција. Треба да има посебни жлебови на седиштето каде што ќе влезе каишот, инаку не е безбедно. А и секако малечка е за бустер. Најдобро земи си ново седиште што понатака ќе може да си го користите како бустер кога ќе порасне, само пази на висината на каишите да може да се местат повисоко, дека не е битна само тежината на детето туку и висината. По тоа што кажуваш ми звучи како да ја надраснала максималната висина, ама провери од страна на седиштето треба да пишува, можеби има и опција да се преместат прерамките повисоко.
Требаше да прашам тука за да изгледам видеа Има опција да се извадат каишите и да се прицврстат со каишите од колата. Досега бев надвор и одговара-испробано Иначе конкретно ова седиште го имаме
Мислам дека е исто како нашето. Баш од таа причина и го зедов, се вадат каишите и може да се користи до 12 години пишува. Провери дали ја имаш направено висината најгоре, има копче позади и се прави баш високо, не верувам така да и е мало
Тестира граници за да види каде попуштате а каде не. Друга опција е да и е мало седиштето (ако е висока) па да не е удобно.
Не и е мало, само каишите ја стегаа. Ги извадивме, ја поткренавме малку и супер и одговараат каишите од колата, не и сметаат воопшто.
Дали дете од 6 год мора да седи во бустер седиште, обично не седи веке во седиште, висок е 130 цм има 23 кг. Ке одиме на одмор во Грција па се мислам дали да купам бустер, дали мора да има бустер за детето или може и така да се вози позади?
Незнам што очекуваш од седиштето. За големиот имам рекаро монца и седиштето е ок. Во моментот кога го биравме беше меѓу подобрите во однос, цена -квалитет и со добри оцени на страните за безбедност. Само ова е од 15-36кг.
Се изгубив барајќи седиште. Бебето ќе го возам во транспортер барем до 6-9 месеци зависно од тоа како ќе расте. Е сега поисплатливо е да купам од 9-36кг или од 0-36, зото сакам да го користам што е можно подолго. Препорака за седиште со буџет до 15000? Опција е и Солун па препорака за продавница?
Ако ти е прво подобра опција 0 до 36 зошто сите се вртат 360 степени. Запази на каишот што се стега за да се прицврсти седиштето да биде делот за пуштање и стегање горе да не е скроз доле во гепек.
Мајки ај хелп. Има некоја седиште чико космос? Демек е од 0+ мм го намести ко што е пишано во инструкции ама бебево пак преисправено мора да седи зошто каишите се закопчуваат плитко доле и мора да е во седната положба или ние грешиме?!?! Бебе е 5++ месеци 7кг и 71цм. Бебево рика внатре не сака да седи фала богу мал е уште ниту му е згодно, тегне нанапред главче не може да спие плаче. Кажете дека грешиме и има полегната положба зошто пешки ќе тргнам за Скопје во среда, навака некако ок беше издржа не знам не кенкаше, овде го стаивме буквално 5мин за до лидл се откорна од плачење
Земавме Макси Кози. Засега одлично, задоволна сум. Тука негде беа со цена, а на Сајбексот ја нервираше делот напред што е. Уште ко ја седнав да го проба мислам ќе го откорнеше.
Дали некоја го има седиштево и дали сте нарачувале од оваа страна? Се мислам меѓу ова и едно на Coccolle исто од 0-36 месеци.
https://babyshop.mk/product/sedishte-every-stage-r129-40-145см-cobble-stone-joie/ Јас ова го гледав, ама нарачав исто вакво само со изофикс. Е сега не знам за колкаво дете се работи.
Не сме купиле. А lionelo кога го видов во енци менци не ми се допадна многу. Каишите чудно се извлекуваат, наслонот над главата мм не можеше да го повлече нагоре, а и вработената со сета мака го повлече. Дали тоа нешто не беше во ред не можам да кажам, друго исто немам видено за да споредам, и да речам тоа не беше исправно. Ама тоа ми беше пресудно да не го земиме. Инаку од поефтините ова ми имаше најубав материјал https://lococroco.mk/produkt/sedishte-40-150cm-i-moove-i-size-svetlo-sivo-kikabu/ Ама сакам уште едно седиште да видам, па да пресечам, а тоа е Chipolino Maximus Инаку имаме фаворит веќе ама е доста скапо на Recaro Колку повеќе гледаш толку по тешко да се одлучиш хаха, бар кај нас така излезе