Ги погледна макси кози? Со цена се тука некаде а се со добри оценки на адац. Провери оценка таму и ке донесеш одлука.
При избор на седиште барај оценка на adac, а не искуства. Едино искуство релевантно при избор на седиште е која категорија кога да ја земеш, ама и тоа е индивидуално. За колкаво дете ти треба?
Ова го имам и искрено пре задоволни сме. Ќерка одма го прифати и ужива во него кога се возиме. Од мене препорака.
Многу е 6 години за ново седиште кога купуваш. Гледај датумот на производство да не е повеќе од 3 години, иако според мене и тоа е многу. Зависно од производителот, рокот на траење на седиштата е помеѓу 6 и 10 години од датумот на производство. Кога веќе даваш пари за ново седиште, зошто да си кратиш од периодот на препорачано користење.
Да, обавезно ќе гледам тоа, не знаев дека е важно. Емисијата што ја гледав докторот кажа постаро од 6 г да не е и мислев тоа важи за доколку е позајмено. @Cherry blossom89 фала ти, сега ќе го разгледам.
Јас имам земено седиште од Free on и искрено сум презадоволна. Ги има во бебе центар можеш да разгледаш
Сигурно наопачки ќе те гледаат кога ќе ги прашаш за дата на производство. Затоа, кога ќе решиш кое седиште го сакаш, побарај на интернет каде ја пишува датата на производство, за да можеш сама во продавница да си провериш. Седиште старо 6 години да го купам како ново не би помислила. Докторот што го кажал тоа можеби мислел воопшто да не користиш седиште старо 6 години. Рачунај дека може ќе го користиш 4 години, некои и повеќе. Моето седиште пример беше околу 1 година старо кога го купив, а рокот му е околу 5-6 години да се користи, преку сила нека се 7. Прифатливо ми беше затоа што сепак е предвидено за возраст до кај 4 години, така што не би влегло во ризична категорија да се уништи пластиката.
даа, обавезно ќе проверам. Постаро од 6 да не е ако е позајмено и знам имаше кажано дека на старо ако е може сообраќајка да имало веќе направено со него и да не е безбедно. Да, да секако исто мислам, нема поента толку старо да купам. Само да одберам, се мислам за макси кози. Деновиве ќе одам да разгледам.
Го земавме од Baby Center, мислам дека цената беше 30-35к комплет со база. Се користи до 105цм или 18кл.
Најбезбедно е да се користи транспортерот дур не го прерасти. А знак дека го има прерастено е главчето да излегува надвор од наслонот и да има повеќе од 13 кг.
Мојава ќерка и на 9+ месеци ја собираше во транспортер и до тогаш си се возеше. После ја сменивме во седиштето.
Фала ви, значи да не брзам. Е сега ако може предлог за добро седиште до кај 20000 затоа што бев гледав и не знам веќе. Читав изофикс, да се навалува за спиење и 360 опција дека е пожелно.