Освен изофикс проверете во колата дали има топ тидер тоа е назад во гепек, обележано е со знак на сидро и дали има подне претнице тоа пред седиштата на подот долу дупка ( под патосниците ) Ако нема подне претнице можеш да земеш седиште со изофикс и нога и во тој случај може ротацијата да се користи без никаков проблем. Ако ти е седиштето фиксирано на изофикс и топ тидер тогаш ротацијата ја губиш или треба на секое да откачуваш/разлабавиш каиш од топ тидер. Зошто ниедно седиште не се фиксира само на изофикс. Јас имам земено со изофикс и нога и сум задоволна. Моделот е Chipolino Maximus, има ротација 360. Дали го има во мк не знам, проверете.
Дали сите седишта ги потат малите? Другарка ми има макси коси седиште и ми кажа дека бебето е жива вода по 2сати патување?
Сите потат,кое помалку, кое повеќе. Ние тоа што го земавме помалку поти од транспортерот. Во транспортерот жива вода се правеше.
Здраво девојки. Нова сум на темава и тотално сум неупатена што се однесува на колички, седишта итн... Мислам дека колку повеќе читам, толку повеќе се бунам. Од се она што видов, знам дека би сакала количка чија корпа ќе може да се пренамени и како седиште во кола (за првата година). Ставам слики во прилог од Joie модел, кој има таква намена, но немам видено кај нас ваков модел ни од друг бренд. Дали случајно знаете да ми посочите кај да барам, дали сте виделе, дали некоја порачала директно од Joie (според web страницата немаат достава сега кај нас)? Од три месечна возраст натака ќе имаме подолги патувања (сигурно 15 часа во правец) , и некако ми се чини дека попријатно ќе му биде на бебето да си е легнато во корпа, отколку во седиште налик транспортер (слика 3 во прилог). Можеби грешам, но си мислам дека не е пријатно да е свиткано толку време. Ве молам за мислења и предлози.
Ако патувате со кола, може грешам ама мислам не смее да е во корпа како на првата слика. Мора да е во транспортер или седиште 0+. Специјални за таа намена. Со чести паузи на секои 2 часа, да се извади детето од транспортерот. Немам предлог што е попаметно, меѓутоа проверете правилници за возење на детето таму каде што ќе патувате. Едит: да се корегирам. Како ова на Joie не сум видела дека постои кај нас. Во коментарот мислев на корпа од количките 3во1 со корпа пример како оваа https://topolino.mk/product/kolicka-trio-best-friend-pro-silverleaf-0m-chicco/ Без држачи и можност за прицврстување во кола.
Корпата како на првата слика се користи само за прошетки надвор, не смее да се вози детето во кола во корпата. Транспортерот / седиштето за во кола се користи само во кола, иако има опција да се става на количка не е препорачливо, зошто може да настанат микропукнатини на пластиката од него и со тоа повеќе не е безбедно. Во транспортетот до 6 месечна возраст треба да се прават паузи на секој два саата при возење и да се извади детето од таа положба која го има во него. Инаку во транспортерот е најбезбедно детето да се вози дур не го прерасти, а тоа е да му излегува главчето од наслонот или да има повеќе од 13 кг.
Наоѓам ваква корпа на Maxi Cosi, меѓудругото на Adac има највисока оцена за безбедност 1.5. Специфицирано дека е за во кола. Според прописиве што ги читам, нема нигде посочено дали да е транспортер или корпа, туку специјално седиште за кола. Цела наука било ова.
Ова ти е корпа за количка, што може да се намести и во кола, како што сфатив. Вака изгледа ок, верувам дека е безбедна или барем исто безбедна како и транспортер, мора да имаш изофикс база за него во кола. Е сега и со оваа корпа треба да се прават паузи исто како со транспортер. Негативно исто се смета тоа што во таа корпа сатурацијата на кислород кај бебето може да биде нарушена, според германските сајтови. Исто така се раѓаат деца што многу повраќаат и треба и на спиење да се подигнати, тоа никогаш не се знае какво ќе е бебето, во тој случај дефинитивно не можеш да го користиш ова. Не е лошо како идеја, реално ние исто многу патуваме на долги релации и детево мое беше хорор за патување, што плачливо, што што се убиваше од повраќање. Ама ако можеш и како корпа за количка да ја користиш, тогаш можеби и можеш да пробаш да купиш вакво. Е сега, за после кога ќе земеш седиште, најверојатно ќе те обврзе да земеш седиште пак на конкретната марка, со тоа што веќе изофикс базата ќе ти биде од таа марка. Само гласно размислувам, доста “за” и “против” има. Исто транспортерот ти е помал и практичен за носење, не знам дали можеш насекаде во корпа да го носиш детето во раце, мислам од поглед на практичност, бидејќи е гломазна. Моево дете беше во транспортер што не пасуваше на количката, намерно земено со таа намера, за да не паѓам во искушение да го возам во транспортер во количка. На 9 месеци земавме едно ротирачко седиште за едната кола, во другата кола се возеше во транспортер до годинка и нешто, после тоа земавме за таму обично без изофикс, реално од двете сум доста задоволна, мислам дека и двете се од 0 месеци, ама мене ми беше попрактично да го носам во раце во транспортер кога беше толку мал.
Предлог за седиште за дете (скоро) 6 години и висина 128? Во мојата кола имам бустер, ама за на пат би сакала седиште. Моментално има макси кози титан про ама го надрасна.
Моментално ги гледам овие две за син ми, мислам дефинитивно сум одлучена дека ќе биде едно од овие две, а можеби и двете. Од 15 до 36кг се, двете имаат сосема солидна оцена 2,1 мислам беше на ADAC. По тоа што гуглав, мислам дека и двете се одличен избор, а и цените се скроз прифатливи. Е само не знам дали ги има во Мк. Спојлер Спојлер
Прво дете, и стварно ни на крај памет не ми падна ова до повраќањево. Јас си мислев дека со ваква корпа од аспект на комоција, нема да има потреба од пречести паузи, како со транспортерот. Инаку само на ADAC ја проверивме таа што не бендиса, и тсмо не го пишуваше ова со сатурацијата и воздухот. Дефинитивно ќе го разгледам и тоа.
Корпата како на првата слика нема шанси да е специфицирана за во кола. Како ќе ја обезбедиш и фиксираш во колата? Третата слика ти е за во кола тоа има вероватно adac тест. Транспортетот ( трета слика ) се врзува и фиксира на појас од кола или на изофикс база. Додека корпата не може и со тоа не е безбедно. Посебно на долги релации не ни помисливај на такво нешто. Ќе си го ставиш детето во транспортер и ќе си правите паузи на секој два часа и мирна глава. Безбедноста пред се
Фала, Првото го има https://bebehome.mk/product/maxi-cosi-седиште-rodifix-pro²-i-size-authentic-black/ Тоа ке го земам најверојатно.
Корпата од сликата е специфицирана за во кола и ја има на Adac до оценка 2.5 и е на Joie. A пак оваа на Maxi Cosi e исто специфицирана за кола, и има уште подобра оцена на Adac 1.5. Еве слики. Фала ти за мислење, ми значи секој коментар од поискусна мајка. Имаме уште три месеци да мислиме и одлучуваме, сакав навреме да се информирам за да има време за нарачка и да ми стигне.
Сообраќајка не бира дали ке се деси на долга или кратка релација. Скоро се од сообраќајки што сум видела се низ град, со превртени коли, со се. Затоа нема од-тука-до-тука, дете у седиште или транспортер и тоа е.
Ова нешто ново. Не сум видела. На првата слика што ја имаше постирано ми се виде обична. Еве ти група на фб, ја водат сертифицирани советнички за правилата и прописите околу седишта и тоа. Исчитај, прашај и таму се што те интересира. Јас многу научив тука искрено. https://www.facebook.com/groups/1333949660140378/?ref=share&mibextid=adzO7l