Гледам на пауза се ставени до 5 ти мај. На одмор вероватно, па може и затоа не ти отвора. Еве слика да видиш која е групата Инаку нема на што. Безбедноста на малите пред се
На брзинка разгледував. Прво што ме зачуди е како поминало стандарди седиште кое не е во обратен правец на возење, па претпоставив затоа што е во легната положба нема ист сајд импакт. Е сега не можев да најдам ова во однос проток на воздух, конкретно читав за џои калми само, не други модели. Исто така видов и дека заради положбата во ова е можно и подолго да се патува, а не да се прават паузи на 2 саати. Исто од 30 јуни се воведуваат нови стандарди за седишта, па си реков да не го афектира, ама како што читав тие се повеќе во однос на страничен импакт и заштита на глава, килажа на новороденчиња и возење во обратен правец, а на ова корпа-седиште не мислам дека му влијаат новите промени. Искрено, немав ни јас претстава за вакви модели и сосем интересно изгледа, поготово ако треба 15 часа да патувам и да не морам на 2 часа да застанувам. Плус има зелен адац тест. Е сега кои се по мене “мани”. Цена, ова со се базата може да е и 500 евра, а се користи прекратко, најмногу верувам до 6 месеци, апсолутно нема да може година во ова. Габарит, вака од слика ми личи како 2 седишта да фаќа позади. Не може како транспортер по потреба да се стави напред барем во првите неколку месеци. И самава корпа има мн мала стреа за сенка, ова мене ми беше мн важно на количките, затоа што ќе се вози со корпава и на количка. Пак, ако треба да патувам 5-6 пати месечно по 15 саати и имам финансии би го земала па макар и 3 месеци да го користам. Групата од фб што ти ја пишаа е супер. Обавезно да им пишеш за овој модел пред да го купиш. Достава џои дали прави не знам. Ама јас им пишував на енци менци за еден модел ми прпверуваа дали може да го донесат, така да и таа опција провери си ја. Или да ти го донесат од странство. И исто многу важно провери го моделот на седиште со моделот на кола дали го собира.
Ти благодарам многу за одговорот. Не знаев дека ќе има нови стандарди од 30 јуни, ова ќе биде јулско бебе. Кај читаш за стандардите?
Safe in the seat ја следам, она имаше објавено нешто така површно, повеќе на гоогле. Поновите седишта и се придржуваат до новите стандарди, ако е јулско бебе јас би го земала тоа предвид, ама очекувано е да бидат и поскапи.
Zdravo. Go zemavme sedisteto na Chippolino I-Size with ISOFIX od 40-150cm(vo prilog slika) Moeto bebe e 4meseci i koga ke go stavam vo nego e kako sednato i nekako ne mu e zgodno... nekoj sovet kako da go namestam bebeto?
Бебе од 4 месеци треба да е во транспортер, без разлика што седиштата се од 0+, едноставно не може да му биде удобно а ни безбедно во седиште.
Нема дополнително перниче за во дупката? Јас имам на фри он и за таа најмала возраст имаше едно перниче што стоеше во дупката и со тоа позицијата му беше поисправена.
По грешка си ме тагирала мене. Друга членка го постави прашањето. Сум заборавила, ама да, има и перниче за 0+ месеци.
@le.soleil седишта 0+ се сертифицирани за од раѓање нагоре. Тоа што кај нас се вика транспортер е седиште 0 (за до 9 или 15 кила или по понови стандарди до 80/90 цм). Има 0+ седишта до 18 кила или 36 кила. Почести се тие од 0 до 18 кила (105 цм). Добрите седишта 0+ се прилагодуваат со додавање/вадење делови и вртење на седиштето за да се безбедни и удобни за сите возрасти за кои се предвидени. @Winnie pooh23 на седиштево по сликиве му фали делот за баш мали бебиња (како перниче е кај други производители) за да биде полегнато бебето. После 6 месеци ќе му биде добро зашто тогаш веќе ќе седи.