Посебно седиште во автомобилот за деца

Дискусија во 'Дете' започната од wolf4e, 5 септември 2010.

  1. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Кај нас не ни ги ставаат во седиште.
    Ние сме 6 год и на сите пријатели децата не им се во седиште, никогаш не се.
    Дури децава го зафркавааѕ мојов не си бебе во седиште уште седиш. А децава кое година поголемо кое година помало од нас.
    После јас му се објаснувам на син зошто мора во седиште, комплекс му набиваат.
     
    На Tiny Love му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.976
    Допаѓања:
    18.890
    Пол:
    Женски
    Какви се тие бустери со наслон?

    Ме интересира слика и конкретен модел.
     
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.976
    Допаѓања:
    18.890
    Пол:
    Женски
    У друштво само син ми седи во транспортер/ седиште откако е роден. Ме гледаат како штракната.
    Допрва ке треба да им објаснуваме дека ке има секакви луѓе кои грешат, па така и за седиштево ке си збориме.
     
    На ocicka2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.481
    Допаѓања:
    6.246
    Пиши booster car seat на гугл и ќе ти излезе.
     
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.976
    Допаѓања:
    18.890
    Пол:
    Женски
    Прв пат слушам/ читам дека ова е бустер седиште. Јас знам за бустер и седиште. Моја грешка тогаш.

    Значи збориме за бустер седиште каде што се користи појасот од колата за врзување.

    Не сум убедена дека дете од 100 цм безбедно ке може да седи вака врзано.
    Син ми сега се префрли на вакво врзување ама ќе полни 6.

    Сметам дека не е паметно на 4 години да се премине на ваков тип врзуваее, а со сигурност гарантирам дека високи деца на 4 може да седат во класично седиште.
     
  6. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.423
    Допаѓања:
    78.206
    Пол:
    Женски
    И ние имаме такво бустер седиште. На самите спецификации за седиштето е напишано од 96цм. Ќерка ми е 4 ипол и е 113 висока, во класично седиште веќе и беше неудобно, не ја собираше.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.976
    Допаѓања:
    18.890
    Пол:
    Женски
    Моето искуство кажува поинаку, а имам дете повисоко за возраста. На 4 беше 112 и без проблем седеше во седиште.

    По тоа што го гледам сега, каишот од колата на 112 цм нема да се намести каде што треба.
    Плус не е иста безбедноста со каиш од една страна и класично врзување со седиште.

    Но, ваша е одлуката.
     
  8. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.481
    Допаѓања:
    6.246
    И јас не сметам дека е безбедно да се вози на таа возраст врзан со појасот од возилото, бар до 5-6 годишна возраст. Проблемот е што повисоки деца порано ја достигнуваат препорачаната висина на седишта што се до 104цм и следен чекор е или купување седиште со сопствени појаси кои одат до 125цм или префрлање во ваков бустер. Еве синко веќе го “порасна” седиштето според препорачаната висина, но уште му е комотно и може да се подеси наслонот за глава за уште едно ниво дека има подолги нозе уствари, така да ќе се вози во него дури не ја достигне препорачаната килажа.
     
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.976
    Допаѓања:
    18.890
    Пол:
    Женски
    Знам дека е проблем, имам повисоко дете и изборот на седиште беше специфичен.
    Треба да се земат сите фактори во игра, од оценка за безбедност, до висина, па и цена.

    Знам дека се скапи, ама макси кози има повеќе такви опции. Конкретно maxi cosi titan pro е со нешто поприфатлива цена а еве што нуди

    IMG_0022.png
     
  10. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    4.945
    Не сме уште. Чекав да видам што ќе одбереш, добар рисрч ми правиш :D
    Го има кај нас?
     
    На Autumn Love му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.481
    Допаѓања:
    6.246
    Кога почнавте да го врзувате со појасот? Гледам и на ова каишите се до 105 цм.
    Не, ама Грција и Србија го има, мислам дека најблиску Врање ќе може да се нарача :D.
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.976
    Допаѓања:
    18.890
    Пол:
    Женски
    Околу 120 цм седиштето му стана кнап и каишите го стегаа.
    Сега го користи како на сликата десно, со појас од кола.

    Бев спремна за ова но среќа прочепкав и видов дека може и нашево да се подеси така https://www.encimenci.com.mk/sedishte-i-trillo-100-150sm-shale-joie-c2002basha000
     
    На Autumn Love му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Хелоу, малиот за месец прави 6 год.
    Висок 135cm
    Тежок над 36

    Сите седишта се до 36кг, ние сме над тоа.
    Бустерите како се до која килажа?

    И дали воопшто му треба бустер реално со таа висина и килажа?

    Бустерите имаат изофикс?
    Во некои дуќани што поминав најскапите се по 3000ден и многу ми се некако фуш, зар нема нешто подобро и поквалитетно?
    Ако воопшто ни треба

    Кај соседите како е законот ќе мора бустер со димензииве на детево? :D
     
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.976
    Допаѓања:
    18.890
    Пол:
    Женски
    До 150 цм се бустери и бустер седишта.

    Има со изофикс
    https://bebehome.mk/product-category/sedista-za-avtomobil/15-36-kg/
     
    На ocicka2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Зеленоокатаа

    Зеленоокатаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2019
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Го има ли некој седиштево, да сподели искуство.
     

    Прикачени фајлови:

  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.805
    Допаѓања:
    7.916
    Пол:
    Женски
    Не е баш итно, не патуваме за брзо ама сепак имам дилема.
    Имаме еден куп блиски што заминаа Германија и други земји и со тек на време би ги посетиле. Патување авионски (wizz air во главно).

    Дилемата ми е за седиште како би функционирале таму.
    - Да го пакуваме нашето од тука? Се доплаќа како плус багаж? Колку е сигурно дека здраво ќе стигне на дестинација
    - Да ги замолуваме блиските посебно оние кои се со веќе големи деца да бараат, позајмуваат седиште за некој ден?

    Опција е и ние да земаме рент а кар со вклучено седиште или да движиме со јавен превоз ама овие дилеми ми се вртат пред воопшто и карти да разгледувам.
     
  17. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    19.980
    Пол:
    Женски

    Ние 2 пати одиме кај што сме кумови, првиот пат бебо беше 9 месеци кумата трудна го користевме нивното за бебето, вториов пат бебо година и 9 месеци немаа седиште плус, комшиите нивни ни позајмија за една недела. Можеш да позајмиш, а најверојатно би ти позајмил било кој ако имаат големи деца и не им треба. Или да ренташ со кола мислам беше 7е од ден.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Meddy

    Meddy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2021
    Пораки:
    871
    Допаѓања:
    555
    Седиштето на бебето со изофикс каде треба да се постави? Зад шоферот или позади совозачот? Има ли некое правило или протокол?
     
  19. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    19.980
    Пол:
    Женски

    Нема. Да имаш две деца кај ке ги седнеш? На двете страни има жапки за изофикс во кола.
     
    На Mumoftwo30 и Meddy им се допаѓа ова.
  20. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.172
    Допаѓања:
    6.859
    Пол:
    Женски
    И јас се мислам за поставување на седиштето на која страна е побезбедно. Сега му е позади совозачко ама за 2 недели ќе имаме долг пат од 15-16 саати. Ај некој поупатен на темата нека советува да го преместувам позади возачкото или тука да стои?