Мислам дека нема врска и погоре некој кажал дека нема врска. Според мене најдобро да го ставите позади тоа седиште кај што е потесно позади, за ако некој седи позади да има простор. За безбедносна причина нема врска ако добро е прицврстени седиштето. За долг пат ако ви е и никој не седи позади со детето, подобро позади возачко седиште за на сувозачот да му биде по лесно да комуницира со детето, ако треба нешто да му даде, да внимава на него...
Не сум возач ама од аспект на возач, мм, подобро е позади совозач. Еднаш го имаме ставено малиот позади татко му, цел пат беше мм нервозен зошто го клоцаше татко му, па викаше урлаше се придераваше нешто, го деконцентрираше мм.
На тоа не размислив имаш право и мојот многу клоца на седиштето и ќе биде проблем на тој што вози. Фала мајки ќе си остане позади совозачко секако и јас ќе седам со него позади. На кратко возење седам напред ама сега не ми се остава сам позади
Мислам дека нема врска од која страна е, тука би рекла за толку долг пат, дека е битно комоцијата на сите во колата да биде океј. Кај нас, маж сака поголема комоција кога вози и обично он вози на долги патишта и седиштето на детето е позади совозачко, бидејќи јас често седам и позади до малото или ако сум напред, по можам да се стуткам и не ми смета и на дете му е комотно. Кога би седел позади маж, би им било на двајцата некомотно. Ако возам јас, јас па сакам да сум што поблиску до волан, постегнато возам и дете има комоција скроз и позади мене. Така да, најмногу зависи од тоа, мислам дека е исто безбедно од двете страни.
Правило и протокол нема, освен ако не е назначено од производителот. За најбезбедно се смета во средина, доколку е можно да се постави. Кај нас е позади совозачкото од практични причини. Кога е со еден родител, подобар увид имаме така (преку ретровизор или ако се свртам да го ѕирнам кога имам можност). Spoiler
И кај нас е позади совозачко иако ќере е мирна, спие, одмара и ужива во седиште си се навикна и она таму. Мене ми е пологично таму, сепак дете како дете, да не пречи на возачот да мава со нозе итн.
Нашето е позади совозачкото, имаме и огледалце за тој што вози да може да го надгледува малото во ретровизор (зависно ако се вози уште свртено). Инаку најсигурно е (ако прашуваш за безбедност) да е поставено во средина. Но и како возач но и како совозач мене ми е подобро да е позади на совозачко. И кога сум позади со него имам доволен простор
А што е битно на која страна е? Утре со второ дете кое седиште кај ќе го ставите? Моиве двајца си имаат свое седиште, и свое место, воопшто не е важно на која страна ќе го поставите седиштето, зошто утре со две деца нема да имате избор.
Здраво, го гледав Chipolino Peak и се мислам дали да го земам, па ако го има некој да ми каже како сте задоволни него, и општо од Chipolino како бренд?
Ние имаме Chipolino Maximus седиште и искрено ми е супер за сега, понатаму ќе видиме. Материјалот не поти многу што ми беше една од клучните ставки. Јас сум задоволна
Јас имам на чиполино ама не знам која сорта е 2 години го имаме, од 7 несеци го користиме јас сум задоволна.
Пак јас Бев да го видам седиштето, но кога е поставено за детето да гледа наназад има само една опција на наслонот, т.е. детето доаѓа во полу-лежечка позиција, речиси како да е во транспортер и нема опција да биде поисправено односно да седи. Во продавницата ми рекоа дека е тоа стандард за сите седишта, но седиштето што моментално го користиме е постаро и има опција за детето да е и легнато и исправено, па да прашам дали знаете некој модел на седиште кај што е тоа возможно?
Кика Бу i drive го имаме, може и полулегнато и скроз седнат исправено..прв пат слушам да не може да седи исправено сепак е седиште, не транспортер
Моето е chipolino journey 360 сеа баш гледав, може исправен да седи може и полулегнат на било која страна.
Пишав дека го имам Chipolino Maximus. Може скроз исправено во сите правци. Но, не знам дали го има во мк тој модел. Ова чудно што не може во седечка положба, баш чудно.
Здраво Луѓенца, барам седиште (без isofix) само со каиши, и да има добар рејтинг на adac.de, но изгледа невозможна мисија. Дали знаете да предложите некое што го има во МК, ако не да се бара во Грција.. Безбедноста пред се, и да напоменам сеа бебето има 3 и пол месеци, така да седиштето да можи од свртено наназад бидејќи има 12кг+ некој седишта почнуваат.
Pomos mi se namokri celo sediste poradi zaboraven prozorec. Sto da pravam kako da go susam dajte nekoj sovet