1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Посебно седиште во автомобилот за деца

Дискусија во 'Дете' започната од wolf4e, 5 септември 2010.

  1. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Ќе го извадиш утре/задутре надвор кога нема да врне и ќе се исуши...а ако ти треба во меѓувреме пробај под клима со фен и слично
     
  2. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.968
    Допаѓања:
    4.954
    @Sunrise!!! Извади го да не се замириса, на тераса или во двор стави го. Мене ми се случи да заборавам прозор и совозачкото седиште беше утоп, се исуши за еден ден со отворен прозор.
     
  3. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    947
    Допаѓања:
    885
    Пол:
    Женски
    И јас се мислам за седиште...Какво купи? Не знаам дали од chipollino, cangaroo, kika boo... ако погледам уште ќе имам и повеќе за набројување.. ми нудат и chipollino factor
     
  4. Jogle

    Jogle Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2015
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Еден куп седишта видовме и на крај земавме chicco unico evo, супер е, малово си го прифати веднаш и за прв пат без плачки се возиме во кола така да презадоволна сум :D
     
    На Lady Maria му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kicki1234

    Kicki1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
  6. Kicki1234

    Kicki1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
  7. LEA24

    LEA24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2019
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
  8. Peperutka17

    Peperutka17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2024
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    240
    Пол:
    Женски
  9. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.106
    Допаѓања:
    4.995
    Дали има некој што вози 4/5/6 години уште наназад, повисоки од 105цм, какво седиште имате? Или нанапред ама со 5 точки на врзување, не со каиш од кола.
     
  10. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    2.249
    Пол:
    Женски
    Axkid Minikid 4 Max го гледав, ама немам купено сеуште. Мојот 3 наполни, ама 102-3цм е висок. Сакам барем уште некој период да се вози обратно свртен, ама сепак во дилема сум дали да инвестирам пак во седиште или да го свртам напред. Немам во план второ дете за да идат моменталните седишта во наследство :D
    Ај, имам уште 1-2 цм за да се одлучам.
     
  11. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.106
    Допаѓања:
    4.995
    Што е со цениве. Ко за беља се изнатрошив периодов, не мислев дека се волку скапи седиштава.(facepalm) Axkid се ок мислам, само кај нас нормално ги нема :)
    Зависи какво седиште имаш моментално, ако приоритет ти е безбедност нека седи наназад и подолго, ако го надраснува земи си го акскидот :)
     
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    18.967
    Пол:
    Женски
    Со каиш од кола нема седиште за таа висина. Барем јас не сум видела.
    Син ми има 6 години и е 128 цм. Се вози во макси кози со каиш од кола.
    Оваа позиција ке е до 135 цм.

    Има одлични, безбедни седишта кои гледаат напред.
    Според цм, ова ке можеш до кај 6 па и 7 години да го користиш, зависи како оди во висина.
     
  13. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.106
    Допаѓања:
    4.995
    128 е веќе големо дете. Мене ми треба за над 105 цм. И за жал повеќето бустери со наслон се со спецификација 100-150цм и така ги возат повеќето, а тие користат каиши од кола, јас такво не сакам.

    Одлични безбедни седишта кон напред можеби до 105 цм, над 105 тешко. Сепак свртени кон назад е препорака за најбезбедно возење до 125цм.
     
    На MilaSs12 и Autumn Love им се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    18.967
    Пол:
    Женски
    @Mucika јасно ми е се, ама ограничен е изборот, за жал.

    Со бустерите и мене не ми е јасно, од 4 ги возат така, а каишот им доаѓа директ на врат. :|
    Инаку да, имам поголемо дете, 6 години е.

    Зборев дека има поголем избор за седишта кога детето гледа напред, има и со високи оценки, а веќе на 3 години е сосема ок да се заврти детето напред.

    Инаку, си една членка имаше дискусија, таа го вози детето наназад, побарај некоја страна наназад.
     
  15. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.106
    Допаѓања:
    4.995
    Не е само каишот на врат проблем. :|
    Не сметам дека е ок на 3 год да е кон напред, а очигледно преопраки се смениле (или јас сега дознав), и сега е уште подолго, ама да не ја отвараме таа тема непотребно:).
    Барав поназад, ќе ѕирнам пак дали ќе ги најдам мислењата, фала.
     
    На kozuf и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  16. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    2.249
    Пол:
    Женски
    До 104цм ми се и двете седишта за да се вози свртен наназад, а 125цм за напред со каишите на седиштето.
    Тогаш такви беа препораките. Сеа до 125 цм пораснаа новите препораки за наназад да се возат.
    Ми мрчи мм, вика само седишта ли ќе купуваме:D

    Добри ми се и сегашните седишта, само јас првично имав идеја до 4 год да се вози свртен наназад. Само се погоди висок да ми е дечкото мал, па на 3 години ги надраснува за наназад да се вози.
     
    Последна измена: 19 ноември 2025
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.106
    Допаѓања:
    4.995
    Јас како тргнав кола ќе барам да купиме пошто тесно е за седиштава :D ама за тоа побрзо ќе се сложи мислам мм.
    Има седишта до 125цм со сопствени каиши и 5 точки на врзување, кои по спецификација може да се кон напред, ама пак при сила од фронтален удар страда врат баш заради 5те точки, а со други каиши не бива и никако не си, валда и за тоа советуваат сепак да останат кон назад подолго.
     
  18. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    2.249
    Пол:
    Женски
    Ти со нова кола полесно ќе поминеш. ММ се сложува да купиме ново седиште само ако има кој да ги користи старите. Во превод второ дете сака:drunk:
    A jас мислам дека треба да почнат ваучери да делат и за седишта :D
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.508
    Допаѓања:
    37.009
    Пол:
    Женски
    Јас секаде читам rearward facing up to 3 years old. После 3 години не е проблем и да гледа напред (https://www.rch.org.au/kidsinfo/fac...erent types of,outgrow the maximum size limit или тука https://www.gov.uk/child-car-seats-the-rules).

    Побитно е дали седиштето е тестирано од независни групи како ADAC за безбедност на детето при удари. Земи седиште што има добри оценки за удари и ќе биде во ред. Мојот до 4 го собираше во седиште со каиши, а потоа во седиште кое е со каиш од кола се вози. Сега има скоро 10 и уште го сака тоа седиште наместо бустер. Во бустерот сеуште појасот му е на чудно место, а кај седиштето има заштита за глава и плус појасот се става во посебен дел па добро е поставен. Сегашното седиште е со преден дел перниче (како кај Cybex) за деца над 1 година па до 3 за дополнителна безбедност при возење.
     
  20. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.106
    Допаѓања:
    4.995
    Вика идеално до 3. А најбезбедно е кон назад до тогаш до кога може, односно до кога што дозволува спецификација на седиштето. Настрана законите, ова се препораки. Адац прави ок тестови ама шведскиот плус тест прави најригорозни тестови и кај нив сите седишта кон напред се 100% фаил. И да не сум толку ригорозна, на 4 год не можам во такво седиште со каиш од кола да ја врзам, кога ќе ја фатат црвите ќе ми се измкне, не ми се ризикува. Тој делот што го има како перниче сајбексот е до 105цм после се вади и тоа отпаѓа од игра. А не ми се зема седиште што не е тестирано на адац, на видеата нивни има седишта што скроз излетуваат од база :| а мн малку има што ги поминале и двата теста и ај што ги нема во мк туку се и ѓавол ипол скапи. Уште правам рисрч со надеж дека за блек фрајдеј ќе има попусти. Да знаев кога го земав првото ќе земев поинакво.