Ајде вие со искуство дали ви пуштаа посета во болница?До колку часот?Имаше ли ограничување на бр. на колкумина можат да дојдат? Што смее а што не смее да се внесе. Имам слушнато дека во Систина не пуштале дечиња. И нормално,колку на вас во тој момент ви беше дојдено до посетата? п.с. потенцирајте за која болница пишувате
Посета во болница,по породувањето Искрено малку е фазла темава, зошто во секоја болница е различно, т.е. не е различно од болница во болница колку што се зависи од годишното време во кое е породена жената Пример во зима, есен и пролет кога е променливо времето никаде не пуштаат посети(освен во приватните, нормално), поради грипови и сл. Ако има епидемија исто не пуштаат. А за тоа што е дозволено за носење на родилката, напишано е на огромни листови во ходниците за прием. Сто пати ми е прочитано,ама кој да памти.
Јас не се породив во Мк и кај нас посетата не беше забранета Мм беше цело време со мене , и во породилната сала и во собата со мене .. Можеше да остане и да спие ама скапичко им беше , па и затоа мм си идеше дома на спиење Кога се породив првото утро на посета ми дојдоа свекрвата , мајкаи и сестрата на мм Исто и истиот ден имав посети ама кратки за да можеме да одмориме со бебето исто не ни беше забрането ако сакаме и да излеземе со бебето надвор , ама секако претходно да им кажеме на сестрите ... И ние со количка од болницата дадена излеговме на еден круг околку болница Е кога последниот ден во собата ми донесоа друга породена мајка , она имаше цел ден посета па во собата неможев да спијам од народ , од гужва и народ Сепак мислам дека колку е убаво толку и не е убаво да се пушта секој на посети зашто во тој период бебето и мајката си го бараат својот мир
Јас кај што се породив во болницата во Грција , посетата беше од 14 до 15 часот и од 19 до 20 часот навечер и толку за цел ден 2 часа само пуштаа, потоа не смееше никој да доаѓа освен мајка или свекрва.. ( жени можеа по цел ден да седат а мажите само 2 часа , така да јас испоцркав од досада без маж ми )
Имаше во собата една жена во исти ден се породи со мене па имав малку друштво но ипак машки не пуштаа маж ми сакаше да седи до мене и керка ми но само 2 часа можеше да седи , но пак срека што свекрва ми спиеше со нас до сабајлето и си заминуваше колку толку имав со кој да зборам ...незнам инаку дали во секој град е исто т.е. болница , но би требало да е..
во секоја болница е различно,еве во ПП знам дека има одредени саати за посета,и во соба никој не пуштаат,значи мајката излегува надвор,а бебето ќе го видат дури кога ќе ги пуштат дома.во БТ можиш да влезиш во соба ама и таму мислам е во одредено време.јас не се породив во МКД,во болницата мислам дека можеше да се има посета во секое време МИСЛАМ?? убаво беше што во собата си сам и имаше и кревет за таткото,значи ММ не идеше на посета туку и тој 5 дена седеше со нас
во Струга пак,кога сакаш имаш посета,дури никој не мора да знае дека имаш посета. ке ти титнат на мобилен и фино лепо ке си излезеш во ходник. дури ако имаш малку врски,на секој што сакаш и бебето ке му го покажат....поззззз
Незнам како мислиш со врски ама сестрами кога се породи неа само ја видовме малку во ходникот а внатре да влезиш нема шанси, а врски имавме моја брачеда работи таму и неколку познанички, ама внук ми не ни го покажаја А кај деверицата во Битола скоро можеше да си влезиш кога сакаш и да си седиш кај мајката и детето, она за второ се породи во фебруари значи зима па пуштаа и внатре не се вардеа од некакви вируси, а првото го роди во лето па исто си беше
и сестрами се породи струга па немаше шанси да ја видиме, 5 дена беше таму и ни еднаш не ни дозволија да ја видиме, а таа не можеше да станува беше со царкси... а за битола да знам дека е дозволена посета внатре во собите, е сега колку е тоа добро, незнам повеке жени во соба, сите едвај знаат тогаш што да прават, ххе а иако е зима повекето се настинати... подобро е да се има некоја просторија и таму да се гледаме со гостите, ехеххе
Јас на клиника се породив и немаше шанси за посета ,мислам да влезе некој во соба , мм доагаше да донесе памперс и нешто за пиење ама ми ги носеше болничар или сестра работите што ми ги пракаше ,во собата бевме 6 родилки и кај никоја никој не дојде МИСЛАМ дека беше забрането зошто се што ке нарачаа од дома ,носеа болничарите,инаку бебчињата беа до нас и не смеевме да ги изнесеме ни од соба ниту во ходник ,ова е мое искуство инаку немав врски , а бев само 2 дена така да и не осетив некоја потреба од посета си муабетевме ние тука мегу себе е сега ако си подолго таму погоре прочитав и мажот можел да остане па дури и да спие баш убаво
Во гак беше дозволена посета во одредено време од денот, не се сеќавам точно кога, ама не внатре, родилките излегуваа надвор во ходникот. А бебињата ги покажуваа сестрите на најблиските само еднаш.
Јас се породив во Гр.и во оваа болница беше дозволена посета во секој дел од денот, мајка ми беше со мене сите 3 дена во болницата за да ми помага и мене и околу бебето, си спиеше до мене пошто имаше слободен кревет, секоја родилка мораше да си има придружба, а мм секој ден ми донасаше посета по некој пријател/ка и тоа во било кој дел од денот, доаѓаше и сабајле, и претпладне и попладне и навечер, така да мислам дека тука не важеше посета од-до
Многу се радувам што во Чаир не пуштаат во посета (така чув). Само сопругот на неколку часа, и толку. Искрено, не можам и не сакам да ме гледа кој стаса, и најавен и не најавен, а јас полугола. Ќе издржат па кога ќе се сместиме дома нека идат. Не сакам во болница посети, планирам и да им кажам на сестрите никого освен мм да не пуштаат. па нек се лути кој сака.
Jas se porodiv vo drzavna pred dve ipol godini,poseta imase samo nadvor vo hodnik tamu moze da dojde koj saka na kratko Kaj majkata I bebinjata ne smeese nikoj,a deka bev so carski mm I svekrvami vlagaa na 5 min Veruvam deka uste e taka,ne se sekirajte nikoj I nema da dojde osven tie sto treba I po potreba,da ni donesat sto ni treba I da ne dzirnat na kratko.... I onaka nema so denovi da bideme tamu,samo den ili dva
во 2010 кога јас се пораѓав во чаир не беше дозволена посета ама баш на никој каде што се родилките во соба повеќе освен тие што беа во апартман. е сега ако смениле нови правила. ама кога ќе ми текне со тоа бавчанџиските кафени папучи и спаваќите без копчиња баш и не ми беше до некоја посета да ме гледаат уфффф само кога ќе се сетам и ми се смее и ми се плаче. ама како и да е супер поминав персонал екстра, хигиена екстра, нега, внимание се беше одлично иако старо и трошно. е сега здравје со второво пак таму и несакм ни да чујам за на друго место.
Абе нели на ГАК било посаглам? Леле мм не сака да чуе за во Чаир не знам што да правам срав ми е од персоналот
Немам проблем со кратки посети (под кратко подразбирам 10 минути и чао). Ама како што ми раскажуваше другарка, пред 2 месеци се породи во Ремедика, дека во соба ја сместиле со некоја друга трудница и нон-стоп имала посета од разни луѓе, дури и мали деца што и досаѓале паралелно на полу-голата ми другарка. Се изнервирала и си зела посебен апартман. Па тоа да ме снајде, ќе биде опасно за госпожата цимерка не сум од тие што молчат и трпат. Воопшто мислам дека не е во ред тие 2-3 (па еве и 5 дена) да се пуштаат луѓе од надвор кај родилките и бебињата. Отворени рани, крварење и триста чуда и сополнителни маки се во прашање. Крај краева има мобилни кој сака да знае како сум ке ми пише ке се јави, што има да ме гледа у најлошо издание?
I jas ne bi sakala poseta dodeka ke sum vo bolnica,se razbira osven mm i najbliskite.Dodusa i otposle ko ke si dojdeme doma do 40 ke kazam deka nema da primam na povojnica.Sakam tie denovi da si se posvetime samo jas i cucka,da se navikneme edna na druga.
^ Исто и братучедка ми се жалеше од тие посети во Ремедика. Со рана од царскиот и крената спаваќа, да ти се шетаат низ соба непознати луѓе, роднини, тетки, стрини на другата родилка е стварно невкусно и глупаво. А во Гак знам дека е до одредено време дозволена посета и не цели фамилии, туку по двајца и тоа е сосем во ред.