^ Нормално дека ќе може, тамам работа да чека таткото да искочат мајката и бебето од болница за да ги види Ич не бери гајле, ќе му дозволат.
Форко негде мислам дека имам напишано дека најстручниот персонал од приватните болници се бивши вработени во чаир. зборам за најголем процент. јас стварно бев со дебела врска кога се пораѓав но независно сите исто ги третираа. бевме 6 жени во соба секкоја сосвојата мака. секој си знае каде сака мене државна ми е мн. поблиску од чаир но јас пак несакам да чујам за гак од лично искуство пред бременост но и од блиски искуства на мои блиски. Да не бевте со термин блиску можда и негде ќе напишев но вака ќе се воздржам од коментари да не ви набијам само шубе. а и поздрави го сопругот и кажи му дека ако треба да бира меѓу гак и чаир колку лошо да звучи чаир ќе добие многуи повеќе делух ***** од Гак
Форко, јас за ГАК слушам и одвратни работи, а слушам и многу добри приказни. Секој со своето искуство и своето очекување. Една другарка очекуваше жив хаос и одвратно однесување од вработените, а доби 2 сестри постојано во соба и вика ептен е чисто (лани). Друга ми кажуваше дека ја изнамачиле 24 часа со болки, а ја породиле со царски (пред 3 години). Трета се породи без анестезија со 3 напони и утре дента беше дома со бебето (пред 10тина дена). Да не знае човек што да мисли и што да очекува. Јас очекувам најлошо од ГАК, па се надевам дека секое малку подобро што ќе се деси од тоа што очекувам, ќе биде одлично Инаку ако очекуваш хотел со 5 ѕвезди ќе се разочараш, ама и ако очекуваш штала ќе се изненадиш позитивно. Така да, јас очекувам штала за да се изненадам убаво Да се насмееме малку..............
Штала си е штала нека дадат и поило и доста е Не сме ние научени на луксуз Секој со свое искуство арно викаш може и во Чаир некој му било хорор не е правило.Ај ќепомине се и така живееме само за нив.
Мајката да ама бебето тешко дека ќе може да го види, сем ако има врски да влези во породилна или евентуално во апартман.
Ама сега сите соби во ГАК се двокреветни нели, исто како старите апартмани, така да не гледам проблем таткото да влезе и да го види бебето. Јас се породив 2011, ама бев во апартман, и таму мм слободно влегуваше (и други влегуваа нели ), така да мислам дека и сега е исто. Некоја со искуство од новата ГАК?
Гледам темава подзаборавена... Дајте искуство од ГАК за посета, какви се собите и дали го пуштаат таткото да го види бебето дур е во соба? Има апартмани во ГАК уште?
Да си пишам искуство за во нашиот град. Пред 5 год жив хаос,посета од јутра до сутра.До 12 на полнок примаа албанките посета,абе да полудиш.Кој кога сака влегува и излегува.За тие два и пол дена таму мислам дека пропаднав од неспиење баш поради галамата.Se надевам досега се сменило нешто
за Гак не знам, ама за Чаир нема шанси никој да влезе... лежев 5 дена оти со царски се породив, за шок соба не коментирам- не даваа пиле да прелета, исто и на одделение кога ме префрлија за 4 дена што бев таму не видов никој на посета...е сега за оние што се во апартмани не знам... инаку сум презадоволна од третманот....чисто,уредно...сестра за мајката во секое време, сестра за бебето во секое време, педијатар два пати во денот поминува и сл. поздрав и секое добро
Јас се поројгав странство и посетата беше добра,на блиските до 10минутки им беше дозволено а на мм подолго и од дозволеното. Бидејки јас барав да биде подолго од дозволената посета и ми дозволија иако само доцна вечер не дозволува повеке од потребното бидејки во соба бевме две мајки па затоа.
Е во ГАК, може да дојдат ама во холот....даваат само во апартманите ако имаш изнајмено. Знам баш 2 жени незнам како бра влезени, ког аги виде сестрата збесна.Одма ги исфрлија.
Се породив на ГАК. Првиот пат ме посетија маж ми и сестра ми ноќта кога се породив, во собата кај што ме однесоа после породувањето. Ги пуштил еден од болничарите. А другите денови ме посетуваше маж ми во холот.
Мн ретко пуштаа посета бидејки имаше вируси мн низ болница.И подобро е така отколку кога како рој пуштаат по цела фамилија и ни ти ни бебето може да се одмори
Можеш ли некој да ми каже: дали сеуште има апартмани во ГАК? јас во 2011 кога се породив имаше и бев задоволна ; дали сеуште е 50 евра на ден за апартманот? дали се плаќа за епидурал – анестезија?
За епидурал секако се плаќа доколку најдеш дебели врски за да ти стават. И сто пати да побараш не ставаат, едно зборат друго прават. За апартман не ти треба, во собите за две е исто како апартман- ако се погодиш во нив.