Не знаев...јас бев само еден ден во болница вториот пат. Сакав да кажам ако се само за една жена може вреди ама ако се за две...
На ГАК има 2 апартмана. И двата се двокреветни. Апартманите се исти како обичните соби. Разликата е во тоа што се плаќаат и што се дозволени посети.
Значи воопшто не ми е јасно зошто апартманите се двокреветни! И каква глупост е да плаќаш само за да ти дозволат посета. Најлошото е што бебињата се постојано до мајките, и фактички кога ќе дојдат на посета на цимерката ќе му дишат и на моето бебе. Несакам! Од кај да знам кој све ќе и дојде, може се болни...ќе се напикаат во соба еден куп луѓе... подобро во обичните соби! Да се еднокреветни е сосема друга приказна...
Вториот пат доаѓаа да ме посетат маж ми, сестра ми, зет ми и старосватицата. Се гледавме во холот. Не доаѓаа само за посета, туку и за да ми носат јадење. Излегував да се видам со нив откако ќе го успиев син ми.
Kakov apartman be majkite sto se vo soba so vas i toa kakvi ne soveti kje vi dadat i iskustva kje spodelite... povekje kje vi treba drustvo od majki vo soba so vas, otkolku poseta... Kako i da e za brzo si odite od bolnica, pa posle doma i preku glava kje vi dojde od vasite luge Jas ne sum za poseta kaj stotuku rodeno bebence... Jas na klinika lezev so sinko so uste edna so mene vo soba (imase 7 dena sinko), ne dozvoluvaa poseta...
Јас кога лежев влегуваа на посета со врски. Толку одвратно се почуствував кога сопругот на една пациентка влезе во соба додека го доев бебето. Маж ми можеше да влезе кога сака, но не дозволив. Иако бев со царски, самата одев во холот пред собите и се гледавме. Мислам одвратно е друг маж да те види по таква спавача, знаете какви се на ГАК, па уште и со градите надвор, може да се случи да се тргне спавачата па и друго да се ѕирне одоздола додека мажот е на посета. Самите треба да имаат осет и култура!
Незнам како е во Мк сега, но мене искрено многу ми се свиѓа правилото да нема посети кај трудници. Јас кога се породив кј мене беше хаос од посети. Дозволени се преку цел ден до 19ч но кај мене доаѓаа без усул во 21. Среќа што постои хол со маси и столчиња па не ми влагаа во соба, ама знаеа во исто време и по 10-15 душо да ми се соберат. Ми беше срам и од другите родилки и од сестрите, ама луѓето си доаѓаа тука на муабет, не да ме видат мене и бебето. Имаа автомати за кафе и грицки и јас само ќе се поздравев и одма со бебето во соба. И уште ми носеа огромни букети, јадења, пиења, поклони за бебето. Мм секоја вечер со полни раце си одеше дома. Уште бебето е цело време со мајката во соба, ни на минутка не ти го земаат, сакаш да одмориш, да дремнеш, во вц да отидеш ама од неразбран народ неможеш. Едвај чекав дома да си дојдам. Така да освен мажот на породување и после тоа никој друг не би пуштала кај родилка.
Пред две години на гак пуштаа посета до ходникот горе. Еве сега е построго и посети нема, сѐ што носат роднините се праќа по луѓето од обезбедувањето. Горе дозволуваат пристап само на оние кои се за излегување, само со отпусна листа. И на родилките им е забрането да излегуваат надвор. Јас мм и син ми си ги ѕирнав од прозор.
Vo nasata klinika vo Tetovo posetite se vo hodnikot . Vrata ne se otvara na posetitelite , ima edno prozorce na vratata i se se odviva niz toa prozorce . Mislam deka ova e sosema dovolno i dobro e sto ne pustaat poseta bidejki zavisno od godisnoto vreme sekako si ima virusi , pa na novorodeno bebe ne mu trebaat bolesti , dovolno mu e sto dozivealo promeni i izleglo od utrobata na mama
Тука само ќе си пишам што би сакала јас. А веќе е коментирано како е во клиниките во МК. Јас сакам сопругот да е со мене. Знам дека ќе ми е голема поддршка и помош, како што и ми беше кога се породив. Да имаше спиење, ќе уплатев да е тука. Со извинување, ама многу ми беше пофино кога тој ми помагаше да си го измијам задникот отколку било која сестра. Ми беше максимално на располагање. За сѐ. Башка раѓањето на детето е фамилијарно збиднување, па и таткото заслужува да е дел од тоа. А за блиска фамилија, би сакала да е половина час до час во денот, без дремење, без кафиња. Ова е доколку се лежи подолго од три дена. Ако се три дена, додека се наредиле посетите треба дома да си одиш...
Ovoj pat na bolnica beshe haos.koj saka vleguva izleguva.i vo sekoe vreme.do mojot krevet zenata koga ja donesoa vo soba so nea imashe uste 5-6bliski lugje...vamu moeto placi za cicanje...go pokriv na glavceto i mu dadov...lipashee....go iznesov vo hodnikot da go shetam i sestrata mi veli zoshto sum se shetala vo hodnikot...i rekov nema vozduh vo sobata....mn sum protiv posetite osobeno n a cela tajfa...a ti se macis tamu dali da doish dali si so krv pa nezgodno ti e da stanish....
Потполно се согласувам. Ама некои луѓе немааат осет, па не им е битно што ти треба да доиш, да станиш да спиеш или што сакаш да правиш
2016 vs 2013 ГАК, многу поригорозно се оди преку обезбедувањето тие носат, посета никако, дури ни бебето не му гопокажуваат на таткото
И јас слушнав дека не дозволувале посета. Тоа значи дека и во ходникот не доволуваат? Јас вториот пат се породив во 2014г. и не правеа проблем за посети во ходникот и за носење храна.
Да да веќе неможе ни во ходникот, ја 2013 ми дозволуваа сега 2016 ништо. Доле кај амбулантата на обезбедувањето даваат и тој собира ќеси и ги качува. Дури и да проба некој да се качи по скали не даваат. За земање бебе кога излегува мајка максимум 2ца пуштаат.
Jas se porodiv vo italija i tamu bas mi se svika kako bese, mazot moze da dojde koga saka i da sedi kolku saka a za site ostanati poseta od 13-14 i od 18-19, mazot najkasno do 20:00 i tolku pa iskreno i dosta e. Nemozam da podnesam soba polna so luge sto ne gi znam ni poznavam a jas polugola ili bebe place saka da cica a uste nenaviknati i so bolki. imav vo soba edna od spanija i koga i dojdoa majki,tetki,sestri lele lele dzungla i nikako da izlezat, me fati edna panika i nervoza i i rekov deka pravat mnogu galama,da izlezat oti sakam da odmoram. A za vnesuvanje moze da se vnesuva se i sesto,mali deca ne pustaat,osven vo denskata poseta, jas prezadovolna bev od personalot,bolnicata.jadenjeto.
Овој пат бев во последната соба на ходникот така да немам поим за тие во апартманите зошто тие се нели до самиот влез