Оваа Мине аман нека го фати Аслан оти очајна и патетична станува. Па татко е ем леб нема да јади ем горд. Ќерка му се труди да помогне.
Најпатетично суштество ми е. Ја упропасти серијата. Збори за гревови на други, а она се стегнала во миничи, оди навечер по мажи. Уште па да беше некоја фраерка, па да и личеше. Очај дечки. У дефицит е, не се трпи. Многу реален лик. Има вакви жалопојки од ништо незадоволни, само се жалат, а си прават што си сакаат и пак за греота се.
Да бе во маалото и беше најубаво а сега кога ја виде куќата од Аслан зајде, па нечинело тенеке маало, гужви,караници. Дури и му дозволи долгот да го плати, а од сестра е пари не и требаат туку од Тајлан и од Аслан можи.
Ме нервира искрено што им држи предавања на сите, а најтежок лицемер е, како и одговара така си прави, на моменти како од подвоена личност да пати. И што се прави светица. Мислам дека од Асије нејќе пари пошто и е криво за Тајлан и и љубомори. Добро, се ми е јасно, жив човек, слаб, се може да ти се деси буквално, ама да замразиш сестра/брат заради дечко/девојка, заради некојси таму што не те ни сака (доволно), не сфаќам. Ај, да не речам двапати, долг е животот.
Знам претерува Мине ама и ја разбирам зошто се она дома преживува и со татко и со первин и со сите сама се снаоѓа и уште мисли дека сопствената сестра е заљубена во човекот што го сака она а во Тајлан гледа утеха се осеќа дека не е сама и дека некој се грижи за неа,а Аслан се заљуби во Мине ..Иначе живо ли е вистинското дете на Асијр и ќе го најде ли ???
Ептен ја забрзаа работава имало простор да снимат уште некоја епизода, ама и вака е добро оти ќе се изфилмале уште 2-3 сезони. Сега е прашање кого ќе го гледаме од вторник Ефсун или Хусне?? Јас за Хусне навивам