Насловот се кажува, кога последен пат сте го поминале целиот ден без грам шминка ? Кај мене тоа беше вчера, можеби затоа што не излегов од дома цел ден. Не се шминкам многу за преку ден, користам само маскара, па ми се случило и друг пат воопшто да не искористам шминка. Што е со вас?
Вторникот. Немав спиено цела ноќ претходно, и каснев, и бев уморна и не ми беше гајле како изгледам. После факултет го преспав остатокот од денот
Денес Дома сум цел ден, немав некои обврски освен тоа да го прошетам кутрето, така што немав потреба од шминка. И обично неделите ми поминуваат така бидејќи не излегувам, а и самата сакам да и дадам малку одмор на кожата.
И јас денес. Немав обврски и потреба да излегувам од дома, па го одморив малку лицево со обична маска од мед и маслиново масло.
Не еден ден , туку цели седум! Летоска бев со другарка ми (сами) на една недела во Грција.Одморов беше скроз непланиран и се спакував во рок од 15 минути.Кога стигнавме, констатирав дека несесерот со шминки го заборавив дома Инаку, се шминкам секојдневно.Не е тоа некоја нападна шминка,ама пудра,маскара и руменило имам секогаш.Тоа ми е секојдневен ритуал,исто како што секое сабајле мијам лице или заби. За мене е тоа почит кон самата себе и кон луѓето околу мене.
Последните 2 години. Зарем е трагично одреден минимален период да се помине без шминка? Се шминкам по потреба, некогаш ни тогаш не се шминкам. Зависи по кој повод и како сум расположена. Никаков приоритет.
Завчера (ако не го сметам денешниот ден). Се шминкам само во посебни прилики, кога излегувам и кога од досада ќе се шљакам
Од неделата и денеска се немам шминкано само петок- сабота ставам шминка многу ретко и преку неделата а и тогаш ставам само маскара и ништо повеке а да и лабело ако се рачуна тоа во шминка ставам по десетина пати во денот
Не се сеќавам кога последен пат сум била без шминка.Ако не ставам барем основното-коректор, пудра и маскара, не искачам од дома.А минативе три месеца, едвај се свртев дома, така да, цело време сум со шминка на мене
Искрено, само во недела сум без шминка буквално цел ден, бидејќи не излегувам од дома (станувам касно, се маткам низ дома). Не можам и не сакам да се замислам без шминка - не дека патам од комплекси, ама благодарна сум што пудрата, коректорот и дискретното руменило му ја даваат свежината на моето лице, која очигледно ја немам, како резултат на мојата (не)наспиеност.