Цел ден го минувам без шминка освен за излегување на вечер во град,на пр. петок и сабота и не да речиш шлакајнци,пудри ова она Само креонче,маскара,сјајче ништо фазла
Порано неможев до продавница да одам, без минимално течна пудра на лице, а сега само по потреба ставам. Летниот период и онака сам по себе прави да се измести шминката, и го користам да го оставам лицето само со крем да дише. За среќа немам проблематична кожа, па немам потреба денски од шминка, пу пу да не се урочам...
Летово многу ретко користев шминка ... а и да ставев за преку ден беше само лабело (обавезно ми е за лето) и маскара Пудрата ја оставав за навечер иако ретко ја користам Инаку денес без шминка ке го поминам и вчера
Летово поради горештините скоро и воопшто да не користев пудра. Се случуваше насабајле за на работа ако не сум била спиена убаво претходната вечер да ставам сосема малку пудра под очите и на очните капаци и толку. Маскара си користам редовно затоа што ми дава свежина очите. Инаку цел одмор од 10 дена го поминав без ниту еден грам било каква шминка. Поголема уживанција амин
Во текот на цело лето пудра ставив само еднаш, а очи (со маскара, креон, сенка) нашминкав само два пати. Лицето си го одморив максимално и ми се исчисти од секоја бубулица и црнка. Сега изгледам посвежо и сум презадоволна! А во текот на цела година претежно се шминкам секојдневно, единствено во деновите кога знам дека нема да одам некаде, го хидратизирам лицето целодневно.
Вчера,завчера, ден пред завчера.. Цело лето сум скоро без шминка. Може ако идам до негде(град, факултет и сл) да се нашминкам скроз малце, ама не се сеќавам кога сум се нашминкала со пудра,сенка и слично
Скоро цело лето.. лицето не ми е проблематично (да чукнам во дрво) па кога требаше летово скроз малку пудра покрива (колку да не бидам без ич), румeнило, маскара и сјај и доволно е. Сега со школскава година, иако сум средношколка тронка шминка не ставам за на училиште (и ме гледаат вака , и кога ќе заминам ) па ако не излезам викендот и цела недела без шминка ми поминува
Ова ми е прво лето,море од мај,да не ставам шминка воопшто..Си потемнив, задоволна сум од изгледот и не ставам шминка.Само два пати ставив моливче и римел-една вечер во Охрид и другата во Битола кога бев на излегување.Толку.
од нова година скоро, само ставам сјај и маскара , доста ми е...немам проблематично лице затоа неми е ни потребно
не се шминкам. кога треба да се оди на некаква забава МОЖЕ да ставам моливче и римелче но многу ретко, многу сакам природен изглед без пудри, кармини, римели, сенки..