Денес, го исчистив лицето со лосион и му ставив само кремче за лице... Ама, наместо вообичаената ставив од онаа крема што ја ставам пред спиење а е малце по мрсничка Цел ден излезена, се вратив пред два саати, за првпат да се видам на огледало и оп Божиќ дојде порано годинава.... уште светам како лампион
Доста често, се шминкам само по потреба, кога излегувам некаде.Инаку поубаво се чувствувам без шминка, по дома опуштено, кожата дише....
секој ден сум без шминка... само за викенд користим креон и маскара... а комплетна шминка:пудра,креон,маскара,туш,сенка,руж итн итн..само за на свадба и сл
Секој ден сум без шминка само со крем за лице,се шминкам само доколку излегувам и тоа за навечер и за некои прилики,за денско излегување не се шминкам освен некогаш ако ме прифатат па да земам да се нашминкам. Си го сакам тоа кај себе што не сум зависник од шминка,па да не можам да се видам без тоа или како било како некои девојки што ги познавам и се чудат како можам да се шетам ненашминкана.
Скоро секој ден сум без шминка. Порано бев зависна од шминка и неможев да излезам ако не се нашминкам али у последно време ме мрзи да се шминкам , а и приметив дека не ми ни треба мн мн само сум си стварала комплекс за џабе
Овој период(на зимски распуст)сум цел ден без шминка.Не дека кога одев во школо се шминкав кој знае колку ама сепак ставав нешто затоа што одам по автобуси натаму наваму ко што викаат женско си да се средиш малку Инаку само сабота и недела бев без шминка додека одев во школо.
Од Нова Година па натака. Деновиве ретко излегував од дома, дури и кога одев на кафе не се шминкав. Само кога излегувам. Ни кога одам на училиште немам навика да се шминкам, освен лабело да си ставам. Ептен ретко ќе ме фати некоја сафра да си ставам римел, а уште поретко и туш.
Деновиве не сум ставила шминка освен за Божиќ малку бидејќи бев на гости.А и зашто да ставам дома сум секој ден во пижами.